Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

За студентското организирање, за Студентскиот парламент, за законот за екстерно тестирање во високото образование, за студентските протести. Во 10без10 со Андреј Габроски, претседател на Студентскиот парламент на Економскиот факултет во Прилеп. 

Gabro SPEF Prilep

Андреј Габроски - претседател на Студентскиот парламент на Економскиот факултет во Прилеп. Најпрво може ли да нѐ запознаеш со активностите на СПЕФ во рамките на прилепскиот Економски факултет?

Изготвувањето на годишната програма од страна на членовите на собранието на Студентскиот парламент, е сѐуште во тек. Дел од активностите кои веќе се планирани, се насочени кон зголемено информирање на студентите, односно кампања „Поблиску до информациите“, за што задолжени ќе бидат самите членови во канцеларијата на Студентскиот парламент, новиот веб-сајт, кој веќе е при крај и новата огласна табла каде што ќе бидат достапни сите информации.

Потоа поттикнување на студентите за зголемено младинско учество во демократските процеси и соочувања со нивните права, организирано преку неколку последователни фокус групи, трибини и работилници, изведени од искусни и успешни предавачи во својата област.

Исто така, планирани се и настани за развивање на културно-забавните потреби на студентите, каде предвидена е предновогодишна забава, организирање на традиционалниот турнир во фудбал, како и слободните термини што ги обезбедува факултетот за развивање спортско-рекреативните дејности, научно-истражувачките дејности спроведени со помош на професорите од нашиот факултет, крводарителски и хуманитарни акции како и многу други.

Кои се твоите обврски и задолженија кои треба да ги претстават студентските ставови и барања пред Универзитетот па дури и пред Mинистерстовото за образование?

Пристапувајќи кон правото за управување со лидерската позиција на Сојузот на студенти при Економски факултет - Прилеп, со себе понесов голем број на задолженија и одговорности, пред сѐ поради големиот број на мислења и ставови од страна на студентите со кои што треба да се донесе една заедничка одлука, или да се искаже некое незадоволство или барање.

Самите задолженија повлекуваат најразлични предности но и негативни страни. Кога зборувам за предностите, тука се вклучуваат можноста за артикулирање на потребите на студентите, позицијата на медијатор помеѓу студентите и деканатот, која претставува голем предизвик борејќи се за правата на студентите, стекнување голем број вештини и слично, со што овие се само дел од одговорностите кои се главни „виновници“ за големата мотивација кај студентите.

Веќе подолго време врие незадоволството кај студентите по медиумите и социјалните мрежи, од законот за екстерното тестирање во високото образование. Кои се реакциите и ставот на студентите на Економскиот факултет во Прилеп, а исто така и твоите ставови како претставник на студентската маса во Прилеп?

Од денот на објавување на предлог-законот на Министерството за образование и наука, започнаа и бурните реакции на студентите против воведувањето на екстерното тестирање. Постојат многу различни мислења и ставови помеѓу студентите, како што се: нарушувањето на автономијата на Универзитетите, загрозување на уставно загарантиранте права на студентите, евалуација на способностите на професорите кои се стекнале со титула доктор на науки и сл.

Јас сметам дека измените и унапредувањата на образовниот процес се секогаш добродојдени, но дека постојат многу други начини како може да се регулира и евалуира знаењето на студентите.

Подобрувањето на критериумите и начините за оценување без корупција, во споредба со 2-часовно тестирање на материјал што ни било потребно да го разработиме и совладаме во 2 години, мислам дека е престрого, а кога ќе ги додадеме и последиците, навистина е тешко и стресно да се дојде до успех.

Колку си запознат со одредбите од овој контроверзен закон и колку тој е на штета или корист на македонскиот студент?

Сѐуште не можеме да зборуваме колкав придонес ќе има овој закон од причина што сеуште не е претставена конечната форма.

На средбата со министерот која беше организирана од страна на МОН, каде што беа присутни сите претседатели од здруженијата Студентски парламент при Универзитетите од цела Македонија, било изјавено дека за секоја новина поврзана со екстерното тестирање, најпрво ќе бидат консултирани сојузите како претставници на студентите.

Освен тоа, најавено е и организирање на јавни трибини, дебати и јавни расправи, на кои што студентите ќе ги искажат своите ставови за конкретен предлог на МОН, со што би се донело заедничко решение.

Незадоволството кулминираше со масовен студентски марш во Скопје, а студентите на Економскиот факултет во Прилеп практично го преспаа маршот. Значи ли тоа дека не се согласувате со колегите од скопскиот Универзитет, или имате поинаков план и стратегја на делување?

Во правилникот стои дека Студентскиот парламент во целост треба да ги почитува одлуките и барањата на студентите, но не и да организира марш, бунт, бојкот, туку да влијае на законодавното регулирање и квалитативните промени во воспитно-образовниот процес преку друг полегитимен начин.

Почетната идеја да се организира студентски марш во Скопје како централно место со најголем број на студенти, беше успешно реализирана и се докажа масовноста и незадоволството кај студентите. Но од практични причини истата не можеше да се изведе и во Прилеп.

Тоа што организирано не присуствувавме на маршот, не значи дека не се согласуваме со останатите, и дека не присуствуваа студенти од нашиот факултет на маршот во Скопје.

Кои се твоите очекувања од ваквите бурни реакции и студентски протестни маршови против овој закон?

На маршот кој што се одржа студентите прикажаа едно обединување каде што ги истакнаа своите барања.

Сметам дека студентите успеаа да докажат дека треба да се почитува и нивното мислење и дека тоа ќе им овозможи активно да се партиципираат во јавните расправи, дебати и трибини, кои ќе се организираат по повод законот, како и тоа дека универзитетските управи ќе застанат на страната на студентите, и ќе ги почитуваат мислењата и барањата на истите. 

Коментари

Коментари

Реклама