Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во 10без10 со Сара Стеваноска. Прилепска ракометна интернационалка, која после настапувањето во неколку македонски ракометни клубови, своето место го најде во шампионскиот ЖОРК „Јагодина“ во Р. Срија. Беше дел од шампионскиот состав на „Кометал Жорче Петров“, а сега повторно е дел од шампионски тим во соседната Србија, каде по втор пат, но овојпат во странски клуб имаше чест да го подигне националниот пехар.

Во 10без10 со Сара Стеваноска - 10492399 810004845690462 452286122618736632 n

Многу млади луѓе се желни да ја реализираат својата амбиција во овој спорт. Која е твојата ракометна приказна? По што најмногу ги паметиш своите ракометни почетоци? 

Јас имав голема среќа моите први чекори на паркетот да ги направам во ракометната школа на Вера и Бети кои што се најзаслужни за успехот што го постигнувам денес.

Тие две жени – тренери во мене ја внесоја желбата за ракомет и љубовта кон овој спорт, за што на двете бескрајно им сум благодарна.

Реков имав срека затоа што е навистина голема среќа да имаш тренери кои што се луѓе кои што го сакаат спортот и максимално се вложуваат за просперитетот и напредокот на талентирани млади спортисти.

На 14 годишна возраст бев повикана од РК „Кометал“ и почнав да тренирам во Скопје. Истата таа година бев избрана за кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

После расформирањето на РК „Кометал“ преминав во ЖРК „Металург“, но после 1 год добив понуда од ЖРК „Вардар“ каде што настапував 2 години.

Кога ја добив понудата од ЖОРК „Јагодина“ без размислување прифатив, од причини што сум сеуште млада ракометарка, а оваа понуда ја сметав како отскочна даска за понатамошната моја кариера.

Пред да стапнеш на српскиот ракометен паркет, си го доживеала и македонскиот ракомет низ неколку клубови. Која е разликата помеѓу овдешниот и тамошниот пристап кон ракометот од играчите и стручниот кадар?

Искрено има голема разлика во пристапот на ракометарките во Србија, како во меѓусебните односи, така и кон самиот тим.

Најголема разлика, а воедно и врз мене најголем впечаток остави тоа што и покрај тоа што јас бев единствен странец во тимот,  девојките ме прифатија максимално корекно , а разлика има и во поглед на атмосферата во клубот, која е на ниво на другарство без самостојни истакнувања, без меѓусебни ривалства, и без форсирање на никого, туку цел тим насочен само кон едно – победа!

Во 10без10 со Сара Стеваноска - 10402851 810004599023820 8642391033671376678 n

Како прилепска ракометна интернационалка, како го цениш нивото на прилепскиот ракомет, и третманот кој го има како најпрепознатлив за Прилеп?

Ракометот и „Тутунски Комбинат“ - Прилеп претставува синоним за успешен ракометен клуб во Македонија, како во женскиот така и во машкиот ракомет, а за неговите успеси се слушаше и подалеку.  

Прилеп е расадник на талентирани млади спортисти во сите спортови, а поготово во ракометот, но за жал и покрај плејада од талентирани спортисти во Прилеп како да се нема слух за ракометот да се врати на голема врата. Прилеп тоа  го заслужува.

Која е твојата спортска амбиција за во иднина? Ги преминува ли границите на српскиот како што ги премина и границите на македонскиот ракомет?

Како секој млад спортист кој што веќе се определил во животот професионално да се занимава со спорт, така и јас имам цел која што сакам да ја постигнам а тоа секако ги поминува границите на српискиот ракомет.

Меѓутоа, свесна сум дека за да ја постигнам мојата цел треба предано и напорно да работам, и сметам дека вложениот труд, одрекувањето од многу нешта кои што младите (нормално и мене) ги прават задоволни, ќе доведат до успех .

Во 10без10 со Сара Стеваноска - 10314510 810004532357160 5551455226434528647 n

Сликата од тебе со победничкиот пехар на ЖОРК Јагодина, верувам дека мотивираше многу млади луѓе кои се занимаваат со спорт, да останат на својот спортски курс. Какво е чувството да се земе в раце и да се подигне еден национален трофеј? 

За прв пат национален трофеј подигнав со „Кометал Ѓорче Петров“, кога го освоивме и првенството и купот, па бевме и национални и куп победници. Во тој момент чувствувас само гордост радост и среќа.

Подгнувањето на националниот пехар со ЖОРК „Јагодина“ беше величенствено чувство, не поголемо од успехот кој го постигнав со „Кометал“. Меѓутоа, самата помисла дека тоа е првиот национален трофеј кој сум го добила надвор од границите на мојата татковина, предизвика да се чувствувам успешна, да се чувствувам исполнета, задоволна и многу среќна.

Коментари

Коментари

Реклама