Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Единствено, ќе жалам, што поради причините кои ги спомнав на претходното прашање за младите во Прилеп, имам се’ поголема желба да си заминам од државава, зашто никаде во Македонија не е поразлично, а најмалку во Скопје, колку и некои да го доживуваат како Мека и Медина, во македонски рамки. И јас како млад човек, страдам од истата општествена депресија.

Во 10без10 со Огнен Јанески - 1888850 282246751929052 730850534 o

Има ли драматична разлика од оној Прилепчанецот Огнен од Јаневци до Огнен Јанески препознатливото лице од Тв екраните?

Кога ќе се навратам низ годините, гледајќи низ сите поминати нешта (приватно и професионално), со мала доза од жал, ќе воочам дека постои драматична разлика од Прилепчанецот Огнен Јанески, до тоа што сум сега – ТВ личноста Огнен Јанески и колумнистот Огнен од Јаневци.

Велам – со одредена доза од жал, зашто не сакав да постои таква разлика, тогаш – кога почнав да градам кариера на национално ниво. Драматичната разлика е во начинот на живеење, што секако е резултат на растежот низ годините, местото на живеење и начинот на општествената (не)функционалност.

Жал ми е можеби, што уметничката нишка, што си ја имав во најголема мера, додека созревав во Прилеп, ја изгубив некаде низ „Градот на асфалтите и загаденоста“. Ми се загади, колку и да ставав заштитни маски.

Па така, низ годините се борам да не се изгубам себеси во конвеционалноста и стереотипот на македонското битие, што на телевизиските екрани – што низ колумнистичките зборови.

Веројатно тоа ми прилепската и семејна - бунтовна жичка, што си ја имам во главата, па си ја изразувам на секое поле при животарењето на ова тло. Човек не смее да се изгуби себеси во целост. Да се приспособи – да, до одредена мерка. Приспособувањето не значи и конформизам, туку созревање, се’ додека е свое, уникатно и практично.

Во 10без10 со Огнен Јанески - ognen na janevci

Фамилијарно наследуваш револуционерен и уметнички бекграунд. Кој е моментот на магија што те одвлече во новинарството?

Новинарството не го сфаќам во сервилна/сервисна смисла, како што денес се подразбира општењето на нашиот еснаф. Новинарството е уметност. И како такво – не ми е многу далечно.

Прадедо ми Крсте Гермов – Шаќир Војвода, своевремено (1935/1936 г.) соработувал со списанието „Македонски вести“, користејќи го како простор за револуционерен израз.

Своите последни години, ги минувал со човекот кој напишал книга за него – Стале Попов, а јас неколку пати сум ја читал. Дедо ми Бошко Бабиќ, секојдневно го ѕиркав од зад врата, како куца на машината „Олимпија“, пишувајќи статии, трудови, книги, истражувања и писма, кои придонесоа за тоа што Македонија го знае денес за себе, гледано од археолошко-историски аспект.

Нивните мисли, ги надополнив со умешноста за играње со зборовите преку ликовните критики на мајка ми Гордана Бабиќ Јанеска, колумните и прозаичните писанија на вујко ми Марин Бабиќ, како и преку креативната имагинација на сестра ми Јана Јанеска Ристески, чии текстови од младинските денови, што ги пишуваше за какви било потреби, еве јавно низ интервјуво и’ кажувам дека ги читав без да знае, и дека ми беа инспирација во оформувањето на стилот за пишување.

Јас секогаш сум бил индиректно близок со новинарството. Растев со новинарките како Лилјана Мургоска Секулиќ, што постојано соработуваа со Прилепската ликовна колонија, за која татко ми Диме Јанески редовно мораше да зборува пред камерите. Уште тогаш ги засакав тие камери. Подоцна, веројатно камерите на сега веќе ликвидираниот Центар за печат, радио и телевизија – Прилеп (ЦПРТВ) беа одлучувачки, да не можам да се оттргнам од пред објективот.

Иако, сакам да потенцирам, дека себеси не се сметам за целосен новинар, зашто тоа е макотрпна теренска работа во својата суштина, сепак, како водител на општествени и политичко-економско контакти емисии кој истражувањата ги прави директно и без никакви исправки и монтажи и како колумнист би требало да почнам да се поимам како новинар до одреден степен.

Во 10без10 со Огнен Јанески - 1801122 289804637839930 622672122 o

Колку прилепскиот намус ти помага или ти е на штета во професионалната амбиција?

Ми помага, и тоа многу. Не дозволувам да ми биде наштета, иако многупати се обидувале да ми го наметнат како таков.

Спознанието на Прилепчаните – да знаат како да се носат со двосмисленоста (некогаш и тросмисленост) на македонскиот јазик, еротизацијата на интеркомуникациската култура и „мајмунлаштвото“ се нешта, кои ми имаат развиено силно чувство за комуникација со гледачите од сите категории (ако мора некако да се категоризираат), како и со гостите во студио.

Сатиричноста, истрајноста и бунтовноста што ја носам во себе, е дело на Прилепчаните, кои додека живеев таму, иако не сите, но повеќето, не ми го правеа животот ич полесен, туку на против, многу, многу потежок.

Зашто Прилепчаните се тежок народ. Јас сум им благодарен што низ обидите нивни за оневозможување да ги остварам своите амбиции, денес имам цврстина којашто ме донела до успехот којшто го имам постигнато.

Но, се разбира, најголема благодарност за тоа имаат моите родители, сестра ми и дел од блиските другари/ки и соученици/чки, кои постојано ми го покажувале вистинскиот начин, како во своја полза да ги прифатам нивните не прифаќања и обиди за дискредитација во периодот додека бев ученик во основно училиште, завлезен сериозно во тежок бизнис и занает - медиумот. Кога се запишав во Гимназијата, веќе се’ беше поинаку.

Во Прилеп си сеуште домашен или веќе повеќе гостин? Кoја е твојата (медиумска) слика за денешен Прилеп?

Оф, не благодарно ми е некако да зборувам за сликата што ја имам за Прилеп, од оваа дистанца на години и просторна далечина (како кој знае колкава да е Македонија звучи ова). Но, со ред.

Јас во Прилеп не се чувствувам како гостин кога ќе дојдам, зашто сепак тоа ми е домот. Таму ми се најблиските пријатели, кои ме знаат лично, уште од најмал и зашто таму имам парче од душава, што не поаѓа со мене, кога одам каде било на друго место. Си седи дома, во детската соба, во домот на моите родители.

Но, во последно време – често ми се случува, да влезам во некоја продавница (не во маалските) и да ме прашаат: „Како Ви се допаѓа Прилеп? Сте биле претходно тука?“. На тие прашања, само се насмевнувам. Иако, таа насмевка ми е и тажна малкуцка, зашто ми дава знак на духовна одвоеност од родното ми место. И тоа не ми е убаво.

А за сликата, па макар и медиумска за Прилеп? Ах, неа денес ја гледам низ призмата на другарите и другарките, кои останале таму. И низ таа призма, ми доаѓа да плачам за градот, што веќе ни инфраструктурно не го познавам така добро, како некогаш.

Иако, морам да признаам дека сум среќен што „барокната преродба“ не го зафати Прилеп, зашто тоа немаше да можам да го преживеам, си велам. Но, младите – на кои треба да остане опстанокот на градот, немаат можност за своја надградба и кариерен напредок.

Жални се гласовите што ги слушам се’ почесто, а кои ми се јавуваат од странски држави, барајќи си ја среќата таму. Сегашната и сите идни власти во градот и во Р. Македонија, мора сериозно да се зафатат со решавање на проблем, што ќе биде многу посериозен од спорот за името со Грција, а тоа е одливот на мозоци, или стручно наречен како „brain-drain“.

Се’ на се’, градот се’ уште ми го нема изгубено духот свој, но, жалам што гледам се’ поголем наплив на истерувачи на духови во него.

Во 10без10 со Огнен Јанески - 1948218 293727484114312 436998383 n

Останува ли новинарството твоја „пуста желба“ и во годините што следат или ќе си бараш нов „немир“?

Јас секогаш барам нов немир, зашто срцево ретко ми најдува спокој на едно место. Веројатно никогаш нема да „избегам“ од камерите, па макар живеел и во Тимбукту.

Пишувањето е нешто – што нема да дозволам кој и да е, да ми го забрани или ограничи, зашто ми ја смирува душата и ми го заспива мозокот, кога му е потребен сон, а од креативни напливи не може тоа да го стори.

Единствено, ќе жалам, што поради причините кои ги спомнав на претходното прашање за младите во Прилеп, имам се’ поголема желба да си заминам од државава, зашто никаде во Македонија не е поразлично, а најмалку во Скопје, колку и некои да го доживуваат како Мека и Медина, во македонски рамки. И јас како млад човек, страдам од истата општествена депресија.

Коментари

Коментари

Реклама