Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Од 2007 година нема зголемување на цената на водата. Прилеп е град со најниска цена за вода. До сега немаме одлука од Управен одбор за зголемување на цената, а нема да има покачување на цената во блиска иднина

Во 10без10 со Сашо Николоски, директор на ЈКП Водовод и Канализација - Прилеп - saso nikoloski

Која е разликата на ЈКП Водовод и канализација кое го наследивте, и она со кое денес раководите?

Наследив стабилно претпријатие без никакви долгови, но, од технички и технолошки план на пониско ниво бидејќи некои од основните средства за работа беа застарени како Специјално возило Цистерна, комплетно опремена Баждарница, возниот парк на претпријатието не постоеја и првите години од моето работење се инвестираше во набака опремување на истите.

Денес, како Директор на едно од најуспешните јавни претпријатија во Македонија гледам дека раководењето на еден ваков гигант претставува посебна чест но и обврска која им ја должам на моите вработени како и на граѓаните на општина Прилеп.

Прилеп доживува можеби најголем досега зафат на водоводно- канализационата мрежа. Што значи тоа за градот и со кои средства е овозможена оваа операција?

Прилеп е лидер во изнаоѓање и реализација на средства и проекти од капитален карактер. Кога пред четири години станав Директор на претпријатието, Проектот за Водоснабдување Прилеп, финасиран од Владата на Сојузна Република Германија преку KfW и Владата на Република Македонија, веќе беше во последната фаза од својата реализација.

Искуствата кои ние, вработените во претпријатието ги научивме преку соработката со консулатнтите, ни помогнаа да продолжиме со реконструкцијата на водоводната мрежа, затоа што приоритетите кои беа поставени како дел од проектот претставуваат приоритети на претпријатието.

Во текот на изминатиов период, ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп успеа да реконструира околу 40 km од водоводната мрежа во градот. Искуството од овој проект, и одличните резултати постигнати од истиот, го квалификуваа Прилеп за реализација на друг, исто така важен и голем проект а тоа е „Проектот за рехабилитација на канализациониот систем и изградба на Прочистителна станица во Прилеп“. Проектот опфаќа реконструкција и проширување на 23 km канализациона мрежа.

За реконструкција се планирани дополнителни 42 km канализациона мрежа во Општина Прилеп. Вредноста на проектот е 9.1 милиони евра со средства 85% ИПА фондови и 15% од Буџетот на република Македонија. Изградбата на Прочистителна станица и модернизација на системот за отпадни води во Прилеп беше идентификуван како голем проект во областа на животната средина и предложено е да истиот биде ко-финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Република Македонија.

Инвестициониот проект во Прилеп вклучува изградба на модерна Прочистителна станица за еквивалент на популација од 95,000 жители.

Со реализацијата на овој проект, не само што ќе се подобри квалитетот на живот во поглед на почиста и подобра средина на живеење, но се овозможува подобар и побрз економски раст и развој не само на Прилеп но и на регионот пошироко За надминување на проблемите со водоснабдувањето беше изработен и реализиран проект за 10 нови бунари во месноста Бегова Ливада, со што се обезбедуваат дополнителни количини на вода.

Вашите екипи се постојано на терен за санирање на сите видови на дефекти. Иматели фитбек од граѓаните колку се тие задоволни од нивната ефикасност и ефективност?

Наплатата е преку 95 % што претставува доволно добар индикатор за задоволството на граѓаните. Во тековната реализација на работните задачи се соочуваме со мали проблеми кои сите вработени во претпријатието работа во насока на надминување на истите.

Колку повеќе се развива претпријтието со тоа се зголемува и нивото во поглед на квалитетот што им го даваме на нашите корисници. Напорно работиме на ефикасноста и ефективноста во интервенциите и враќање на локацијата во првобитната положба.

Овие два тековни проблеми би ги одвоил како приоритетни за нас како претпријатие, во поглед на опременост и подготвеност за интервенции. Во наредниот период се надеваме на многу побрзи интервенции во поглед на дефектите, а се работи и на набавка на потребната опрема со која што ќе ги враќаме локациите во првобитната положба.

Цената на сметките за вода низ годините порасна неколкукратно. На што се должи тоа и дали испитувате потешкотии во наплатата?

Не е точно. Од 2007 година нема зголемување на цената на водата. Прилеп е град со најниска цена за вода. До сега немаме одлука од Управен одбор за зголемување на цената, а нема да има покачување на цената во блиска иднина.

Во поглед на наплатата, сеуште постојат недисциплинирани плаќачи, при што претпријатието превзема мерки во рамките на законската регулатива на Република Македонија.

Кои се вашите визии како директор на ЈКП Водовод и канализација за иднината на ова јавно претпријатие?

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, сé повеќе расти и се развива. Во минатиот период го превзедовме и одржувањето на системите во повеќе села во Општина Прилеп, а проширувањето и надградбата на претпријатието планирам да ја продолжам и во наредниот период.

Колку е поуспешно претпријатието, толку повеќе се зголемува квалитетот на услугите кои им ги пружаме на нашите граѓани. За мене, ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, претставува пример за успешна приказна, за тоа како од пропаднато јавно претпријатие, со труд умешност и упорност прераснавме во пример за успех.

Непосредната соработка со Локалната самоуправа, Владата и Министерствата на Република Македонија, меѓународните институции, членовите на Стопанската комора на Македонија, невладиниот сектор и се разбира граѓаните на општина Прилеп, претставува можност за постојано учење и надградба на знаењето и умешноста да се справиме со сите предизвици кои сé, и ни претстојат во иднина.

Сметам дека тој континуитет треба да продолжи со истата енергија како и до сега. Моја визија е да го направам претпријатието успешно по теркот на Европските претпријатија, место на среќни и успешни вработени и задоволни корисници.

Коментари

Коментари

Реклама