Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

За секој уметник е тешко да го одвои приватниот живот од професионалниот. Животот е Rock’n’Roll, a тој живот не трпи цензура од било каков вид.

Која е приказната за почетоците на Хаундс? 

Многу едноставно кажано, пред 5 години сите членувавме во 3 различни бендови кои функционираа на локално ниво. Музиката ни е професионална определба на сите.

Почувствувавме дека е време за бенд со поинаква идеологија од тогашниот мејнстрим. Се погоди муабетот, се собра екипата и ја нарековме ‘TheHounds’.

Во 10без10 со The Hounds - Hounds1

Прилепската публика веќе го препознава вашиот звук, но што е со публиката надвор од Прилеп? Правите ли свирки надвор и како ве прифаќа публиката ширум Македонија? 

Иако сме од Прилеп, тоа не е местото каде што свириме најчесто. Свириме секогаш и секаде.

Презадоволни сме од фидбекот. За ова лето имаме понуди и надвор од границите на Македонија. Сигурно ќе има мини турнеја во две или три места на Балканот. Ќе бидете информирани. Благовремено :D

Засега само неколку синглови. Кога ќе го преслушаме албумот на Хаундс?

Да, имаме издадено 6 песни, набрзо ќе бидат готови уште 3 со кои ќе го комплетираме првиот албум. Можеби оставаме впечаток како да се влечкаме, но тоа не е точно.

Ние работиме и тоа работиме многу. Ако би снимале песни така ради-реда, по ‘default’ имаме материјал за да наполниме три албуми. Но, тоа не е наш стил, внимателно избираме, категоризираме и сакаме да сме апсолутно сигурни во делото.

На пример, првиот албум ќе го карактеризираат социолошки теми, љубовни и мирољубиви текстови во хуманистичка смисла, многу енергија, младост, дури на моменти агресивни мелодии и анархистички текстови.

А во втор албум не може да биде така, нема ‘играње на карта’ младост и незрелост, песните се со поголема сериозност, мала доза на меланхолија, начнуваме почувствителни теми и апсолутно ја еволуираме нашата мисла. Интересно е во секој случај.

Во 10без10 со The Hounds - Hounds2

Со кои уметници од македонската музичка сцена имате соработка? 

Имаме соработка со сите изведувачи со кои взаемно си се допаѓаме. Досега, знаете, имаме песни со Дадони (Trumpet) и Зоки (Congas) од ConTruDj и Дарко Илиески a.k.a DJ Mamlyoo, Тони Зен, Леана Таќи – Леа а во најблсика иднина ќе ни гостува нашата Прилепчанка и одличен женски вокал Марија Јованоска – Бунда.

Единствено можеме да гарантираме дека нема да имаме соработка со изведувачи од ТурбоФолк сцената. Не затоа што ги етикетираме или стигматизираме, туку убедени сме дека не може да се случи ништо добро со синтеза на Хаундси Турбо Фолк.

Кои се Хаундс кога им се спакувани инструментите? 

Исти сме, можеби малку потивки :D. Но муабетите ни имаат иста тежина, искреност... За секој уметник е тешко да го одвои приватниот живот од професионалниот.

Животот е Rock’n’Roll, a тој живот не трпи цензура од било каков вид. Се надевам дека и луѓето околу нас не доживуваат така.

10без10 – Ви благодариме на вниманието!

Коментари

Коментари

Реклама