Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Сакам да нагласам дека сите овие средства, до еден денар, претставуваат директни инвестиции во огромниот број на проекти за подобрување на постојната или изградба на нова инфраструктура во нашиот град“

BoskoTaleski

Како прв човек на одделението за даноци во Прилеп, како ќе ја коментирате агилноста на прилепчани во подмирувањето на даноците?

Најпрвин би сакал да истакнам дека за да се коментира агилноста на нашите сограѓани односно даночни обврзници потребно беше и се уште е предизвик да се создаде добар даночен амбиент чија што главна карактеристика ќе бидат неколку основни начела и тоа:

- Професионалност и стручност

- Независност

- Едноставност и услужност

- Транспарентност

- Политичка неутралност и праведност

- Ефикасност и ефективност

Во тој контекст, нашата мисија беше во прв ред да обезбедиме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, да ги поедноставиме даночните постапки за навремено и точно исполнување на обврските.

Само на таков начин ќе можевме да се надеваме на  праведно и ефикасно собирање на локалните даноци и такси.  Од сето ова можам да заклучам дека кај Прилепчани даночната свест и совест е на се повисоко ниво, кое можи да се увиди од навременото и редовно подмирување на обврските од нивна страна.

Како ја цените флексибилноста на наплатата на даноците со оглед на финансиската состојба на населението?

Менаџментот на Општина Прилеп уште од самиот старт на процесот на фискалната децентрализација во 2005 год. се одлучи за политика на оптимални даночни стапки кај сите видови локални даноци, такси и придонеси.

Бидејќи се работеше за позитивен економски момент, ценевме дека оваа политика на оптимални даночни стапки ќе биде еден вид на избалансирана буџетска стратегија, во која што од една страна ќе се задржи социјалниот момент кај поголем број на семејства од нашиот град, но во исто време нема да дојде до драстични нарушувања на приходната страна од Буџетот во Локалната Самоуправа Прилеп.

Сепак во 2009 год., со оглед на ново настанатата светска економска и должничка криза, се решивме за редeфинирање на даночната политика односно за политика на минимални стапки на локалните даноци, такси и придонеси.

На таков начин всушност предвидувавме дека ќе постигнеме неколку кратен ефект. Најпрвин задржување на трендот на економски раст и развој на малите и средни претпријатија, зајакнување на фискалната дисциплина, поттик за создавање на креативен бизнис амбиент, силен удар врз сивата економија и даночната евазија. Тоа беше примарен ефект, а секундарно беше дека ваквата политика во иднина ќе значи силен аргумент на Локалната Самоуправа за привлекување на домашни и странски инвестиции.

Дали владините реклами ја зголемија информираноста и ефикасноста на граѓаните во поднесувањето на даночните пријави

Да. Владините реклами во голема мера ја зголемија информираноста кај даночните обврзници.

Со тоа се зголеми и нивото на поднесени годишни даночни пријави од страна на даночните обврзници. Но исто така и мерките на Владата за подобрување на економската и бизнис клима како и реформите на севкупната администрација вклучително и даночната, силно допринесоа да се создаде конструктивен и ефикасен даночен систем.

Исто така континуираното инвестирање во знаењата и вештините на вработените во даночната администрација придонесуваат да расте и јакне довербата на даночните обврзници во самиот даночен систем.

Во 10без10 со Бошко Талески - раководител на даночното одделение во Прилеп - bosko

 Колкав прилив очекувате од даноците за 2013, и колку од тие пари се вложуваат во развојот на Прилеп?

Средствата од локалните даноци, такси и придонеси учествуваат во креирањето на Буџетот на ЕЛС во висина од 35% до 40%. Сакам да нагласам дека сите овие средства, до еден денар, претставуваат директни инвестиции во огромниот број на проекти за подобрување на постојната или изградба на нова инфраструктура во нашиот град и населениите места, со што пак,од друга страна се подобруваат условите за живеење на нашите сограѓани.

Дека е така говорат и големиот број на реализирани проекти од страна на ЛС во изминатите 9 години, со што Прилеп прераснува во модерен европски град, пристојно место за живеење и добра бизнис дестинација.

Колку даночното одделение  е транспарентно во својата работа, и дали имате контакт со даночните обврзници за да ги чуете нивните евентуални предлози и забелешки за вашата работа?

Од година во година ги олеснуваме начините и средствата за комуникација со даночните обврзници.

Во рамките на проектот е-даноци, воведовме електронска даночна пријава. Во соработка со институциите воведовме е сметководство и е-архива. Минатата година, меѓу првите Општини во РМ воведовме е-данок, односно електронски увид во даночната картица на секој даночен обрзник пооделно.

Во иднина се планирани уште неколку проекти со кои што дополнително би се олеснила комуникацијата со даночните обврзници, какви што се воведување на пост терминали во даночно одделение, во соработка со банкарскиот систем, како и плаќање на административните такси преку СМС пораки, во соработка со мобилните оператори.

Но исто така и понатаму ќе продолжиме со комуникацијата со даночните обврзници преку стопанските и бизнис комори како и преку урбаните заедници, каде што низ непосредниот контакт ќе можеме да ги слушнеме идеите и сугестиите на нашите сограѓани. Морам да напоменам дека во план е  воведување на е-даночен дневник за истата цел.

Дали функцијата раководител на одделението за даноци ве оддалечи или ве приближи до обичниот прилепчанец?

Самата функција е специфична и значи секојдневно голем број на контакти со нашите сограѓани, кои контакти се остварени со длабока почит и должно внимание кон секого пооделно.

Јас како личност од секогаш сум имал близок контакт со секој наш сограѓанин, но од оваа позиција се отвораат можности за решавање на поголем број од проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани.

Се надевам дека и во иднина, целото мое време и енергија,безпоштедно, со огромен ентузијазам, максимална посветеност и бескрајна искреност и  понатаму ќе бидат насочени на решавање на поголем број на проблеми на моите сограѓани, со што, верувам дека сите заедно би придонесле за подобра и посветла иднина на нашиот град, затоа што нашиот Милениумски Прилеп го заслужува тоа .

 

Коментари

Коментари

Реклама