Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во 10без10 со Рубинчо Седлоски, долгогодишен прилепски ракометар, ракометен судија, председател на судски збор, основач на РК “Жито Прилеп„ и еден од основачите на актуелниот ракометен клуб “Прилеп„

Во 10без10 со Рубинчо Седлоски - sedloski

Кој е вашиот ракометен бекграунд, и што беше мотивот за да го иницирате основањето на РК Прилеп? 

Со ракомет почнав да се занимавам од 1988 г. како член на втората екипа на РК “ТУТ-КОМ„ – Прилеп, се до 1992. Од 1992 г. играв во првата екипа на РК “ТУТ-КОМ„ - Прилеп се до 2000 г. кога ја започнав судиската кариера.

Од тогаш па се до денес сум активен судија заедно со мојот колега Горан Ангелески, со кој имаме одсудено преку 250 официјални натпревари.

Претседател сум на судиски збор –Прилеп од 2009 г. се до денес. Член на Управниот одбор на здружението на ракометни судии на Македонија од 2009 па се до денес. Оснивач на сегашниот РК “Жито Прилеп„, во 2006 и спортски директор на клубот до 2009г. Oд 2009 г. работев како менаџер на спортсиот објект сала “Македонија„.

Во 2011 исто така бев менаџер на спортскиот објект “АРЕНА СОНЦЕ„ .Од 2009 – 2011 задолжен за школите на РК “Жито Прилеп„.

Мотивот за моето повторно враќање во оснивачите на РК-ПРИЛЕП пред се љубовта кон ракометот. Иницијативата за враќањето на машкиот ракомет беше дадена од градоначалникот на Прилеп г-дин Маријан Ристески , претседателот Александар Мариноски, тренерите Орде Илиески, Страшо Илиески и Ице Солоски и јас како секретар на РК “Прилеп„.

Кои се амбициите на РК Прилеп? Што се досегашните постигнувања на клубот?

Во изминатиот период целта ни беше да се вратат сите категории на школи и формирање на прва екипа. Првата екипа веќе две сезони се натпреварува во првата лига на РФМ, а оваа сезона го имаме лидерското место.

Исто така, покрај првата екипа се натпреварува и кадетската екипа, која оваа година се натпреварува во лига систем, под водство на тренерите Илиески Страшо и Соколоски Ице.

Во 10без10 со Рубинчо Седлоски - 603921 10201522656606785 1938163284 n

Имате ли соработка со ракометни клубови надвор од  Македонија?  На кој начин го надградувате квалитетот на играчите и играта?

Соработката на РК “Прилеп„ е на високо ниво со сите клубови од Република Македонија, исто така имаме добра соработка со РФМ. 

После долги години Прилеп доживеа сериозна спортска иницијатива со активирањето на РК Прилеп.  Ќе го разгори ли повторно овој клуб легендарниот спортски жар за ракометот во Прилеп?

Како што предходно спомнавме во моментов го имаме лидерското место во првата лига, па се надеваме до крајот на сезоната цврсто да се закотвиме тука и да влеземе во елитната супер лига.

Прилеп заслужува како и некогаш да биде на пијадесталот на ракометот во Македонија.

Скоро Општина Прилеп и на дело го покажа живиот интерес да ја помогне работата и напредокот на клубот. Заинтересиран ли е приватниот сектор да придонесе во заживувањето на ракометот во Прилеп?

Голема благодарност до Градоначалникот, и Локалната самоуправа на град Прилеп кои несебично од самиот почеток ја поддржуваат оваа иницијатива.

Исто така, голема благодарност, до претседателот на клубот Александар Мариноски, кој воедно е и сопственик на приватната компанија “КУЛИ„.

Исто така приватни фирми кои го помагаат ракометниот клуб се: Матадор, Комфи Ангел и МК. Се надеваме дека во иднина со влегувањето во Супер лига ќе привлечеме повеќе спонзори.

Во 10без10 со Рубинчо Седлоски - Screenshot 3

Има ли РК Прилеп подмладок? Колку според вас се новите генерации во градот расположени да се развиваат во овој спорт?

Оваа година РК “Прилеп„ работи со повеќе категории: пионери, кадети и младинци. Во сите овие категории тренираат повеќе од 100 деца кои бесплатно спортуваат.

Тренинзите и натпреварите се реализираат во новиот спортски објект на СОУ “Ристе Ристески - Ричко„. Со ова се гледа дека Прилеп бил и ќе остане ракометен град.

Колку според вас е реална сликата за РК Прилеп во иднина, како извозник на големи ракометни имиња во Европа и светот.

Доколку овој континуитет на работа продолжи и понатаму во нагорна линија, РК “Прилеп„ ќе стане расадник на млади ракометни таленти.

Коментари

Коментари

Реклама