Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Одлично е чувството кога знаеш дека имаш личен придонес во делата што ќе останат за сите прилепчани. Во мојата политичка кариера, немам доживеано пораз!

Во 10без10 со Димитар Стевананџија - народен пратеник - Во 10без10 со Димитар Стевананџија

Како пратеник од Прилеп, каков мотив за работа ви е иднината на Прилеп во пратеничкиот мандат?

Морална обврска на секој прилепски пратеник е целосно да се посвети во текот на својот мандат на една и единствена цел: Прилеп да се развива со забрзано темпо, да го добие заслуженото место во РМ, кое до 2005та го немаше. Тоа се постигнува со искористување на што повеќе средства од Буџетот на РМ и од европските фондови.

Одлично е чувството кога знаеш дека имаш личен придонес во делата што ќе останат за сите прилепчани. Тоа го заслужуваат и моите предци, бидејќи мојата фамилија е населена во Прилеп уште пред многу, многу години.

И на крајот на краиштата, тоа го очекуваат и моите сограѓани, кои ми ја дале довербата да ги штитам нивните интереси и да ги исполнувам нивните барања.

Како го оценувате медиумскиот имиџ што во земјава го ужива Прилеп?

Прилеп, како ретко кој град, има веќе медиумски имиџ. Тој тешко се стекнува и макотрпно се одржува. Но, за да стасате до таков статус и внимание од медиумите, треба да имате што да презентирате и да имате новинари и портали кои ќе знаат да извлечат максимум квалитет од секој настан.

Последениве години имаме манифестации кои ги надминаа и балканските информативни рамни и не ретко сме дел и од европските медиуми.

Прилеп има традиционално добро новинарство, одлични електронски и пишани медиуми и да не заборавиме првата независна ТВ куќа беше отворена кај нас.

Во 10без10 со Димитар Стевананџија - народен пратеник - Во 10без10 со Димитар Стевананџија

Прилеп е сѐ почесто посетуван од странски делегации и бизнис групи. Како ќе ја коментирате остварливоста на нивните бизнис планови и дали тоа ќе влијае на економско-социјалната слика на градот?

Последниве години, благодарение на зголемената активност на Градоначалникот и на Советот, остваривме контакт со повеќе општини од многу земји од Еврипа и пошироко, со цел нашата стопанска комора да има поинтензивна трговска, интелектуална и проектна активност со нивните стопански комори.

Покрај културната, голем акцент ставивме и на економската промоција на нови економски капацитети, извоз на природните ресурси и ангажирање на наша квалификувана работна рака. Прилагодивме и неколку индустриски зони и една ТИРЗ.

Како тогашен Претседател на Совет, иницирав одлука единствена во РМ во тоа време, со која би ги ослободувале инвеститорите од плаќање комуналии, сукцесивно според бројот на нововработени лица.

При возвратните посети од странските стопански комори, секогаш нескриен беше интересот за нашата тутунска, мермерна и прехрамбена индустрија.

Кои побитни проекти би ги истакнале во вашата политичка кариера?

Интересно, но во мојата политичка кариера немам доживеано пораз. Тоа секогаш се должи на добриот тим и неуморноста во работата.

Успеавме да направиме одлични јавни претпријатија, реализиравме многу милионски странски грантови, изградивме нова водоводна мрежа, нова патна инфраструктура во градот и населените места, паргжкинг служба, преработка на отпадот, реновирани училишта, вратен е сјајот на Могилата, нова општинска зграда, а од републичките проекти - трета лента на Плетвар, патот до Трескавец, влезот во градот, нова противпожарна служба, реновирани здравствени установи и што е посебно важно за мене, го подобривме статусот на тутунопроизводителите.

Во 10без10 со Димитар Стевананџија - народен пратеник - Во 10без10 со Димитар Стевананџија

Како успевате да ги усогласите политичките со фамилијарните обврски? Има ли време за двете?

Секојдневните ангажмани и патувања, безбројните обврски во Прилеп и низ целата 4та изборна единица, го сведуваат на минимум времето што секој фамилијарен човек треба да го помине со своите најблиски.

Низ сите години наназад, заклучив дека без нивна поддршка, не можете да бидете успешен во тоа што го работите.

Практикувам, обично во недела, сите заедно да заминеме на фамилијарна прошетка во околните места и на тој начин да ги наполниме батериите за следните предизвици. Но секоја функција си има свои жртви, краткото слободно време е една од тие жртви, за време на пратеничкиот мандат.

Колку министерската функција Ви претставува предизвик и/или цел во политичката кариера?

Искрено, никогаш не сум размислувал на оваа тема. Пратеничката функција е повисока од министерската, бидејќи сте директно избран на пропорционална листа, а со тоа тежината и одговорноста е многу голема.

Во ваквото политичко уредување, пратениците ги бираат министрите и одлучуваат дали нивните предлог законски решенија ќе бидат усвоени.

Коментари

Коментари

Реклама