Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Гордост ми е што можам да кажам дека јас заедно со уште неколку млади колеги бевме и сме дел од случувањата кои се дел од успешната приказна за растот на Дониа.

Во 10без10 со Дражен Котески - директор за маркетинг и продажба во Дониа - drazen 2

Вие сте едно од имињата кое стои позади успешната приказна за растот на Донија, која од една мала работилница прерасна во сериозен бренд на пазарот. Кој е предизвикот на еден мклад менаџер да почне да се реализира во фирма која тукушто се појавила на пазарот со свои производи?

Во секој случај приказната за Дониа е интересна и несекојдневна заради тоа што во релативно краток рок, во период од единаесет години, од работилница за правање на традиционални производи прераснува во компанија која ги пласира своите производи во дваесетина земји и работно ангажира околу 150 луѓе.

Гордост ми е што можам да кажам дека јас заедно со уште неколку млади колеги бевме и сме дел од случувањата кои се дел од успешната приказна за растот на Дониа. Млада компанија, тим кој сеуште се креира и ненапишана приказна е предизвик за сите оние кои мислат дека нешто можат да сменат и направат. Сепак, компанија во развој значи и големо жртвување на време, енергија, идеи. Резултатите и успехот прават да се заборави на тоа, но секој не е спремен да вложи дел од себе доколку не е сигурен во исходот од тоа.

Меѓу мала компанија во која секогаш можете да подобрите нешто и за релативно мал период да ги видите резултатите и голема компанија каде најчесто работите и комуникацијата се премногу крути и строго дефинирани, секогаш изборот кај мене би бил работа во мала компанија. Сеуште гледам на Дониа како на мала компанија која нудеше и сеуште нуди простор за докажување и имплементирање на креативни решенија во работењето и професионален развој на млади, динамични и амбициозни личности.

Освен со растот на продажбата во последните 5 години успеавме да се етеблираме и како компанија која е добитник на неколку национални награди што дополнително зборува за нашата определеност за раст, развој и диференцирање од останатите мали и средни компании.

Што според Вас значи Донија за Прилеп?

Според моето гледање на работите, Прилеп како град е релативно мал, со слабо развиена економија, слаб пазар на труд и слаб пазар на работна сила. Сепак правејќи паралела помеѓу Прилеп и останатите помали градови, Прилеп во последнта деценија бележи некој раст по однос на развојот на компании кои веќе постоеле од претходниот систем и новоформирани компании.

Сето тоа е во прилог на економијата во градот и животните услови на граѓаните. Работите не се идеални но сепак се забележува благ раст и позитивна промена во некои сегменти на живеењето и работењето. Секоја компанија зависно од условите и секторот во кој работи придонесува помалку или повеќе за зголемување на бројот на вработени во местото каде што делува. Дониа и улогата на Дониа во Прилеп ја гледам од неколку аспекти.

Првично како креатор на работни места и брзорастечка компанија која доколку продолжи да се развива со истото темпо ќе биде потенцијал за вработување на уште 50 лица во наредните 2-3 години. Во моментот работно ангажира околу 150 лица, и мислам дека како компанија игра позитивна улога во локалната економија. Другиот аспект е корпоративниот аспект и влијанието на Дониа на средината каде што опстојува.

Сето тоа се реализира преку зголемување на соработката со образовните институции, граѓанските организации, поддржување на културни и спортски настани, зголемена соработка со стопанската комора и ЕЛС и со ангажман на дел од своите ресурси во делувањето на општиот развој на средината.

Ангажирајќи се себе и своите ресурси во овие насоки, мислам дека Дониа е позитивен пример за тоа како треба да функционира комуникацијата помеѓу една компанија и локалната заедница.

Во 10без10 со Дражен Котески - директор за маркетинг и продажба во Дониа - drazen 3

Дали сте менаџер кој е спремен на “авантури” или скеогаш правите стратегија според првилата и на сигурно?

За жал, концептот на сигурно работење, сигурен живот, сигурна иднина, сугурна економија и сигурен пазар ниту постои ниту пак може да се верува во таков. Како последица на динамиката на пазарот, промените кои се случуваат и условите кои се менуваат, луѓето имаат два избори.

Или ќе се менуваат себеси и ќе работат малку повеќе на себе со цел да постигнат нешто повеќе, или ќе ги окривуваат сите околу себе за ситуацијата во која се наоѓаат. Моето мото е да бараме малку повеќе од себе, а помалку  од другите. Најдобрата стратегија која можете да ја направите е да го смените погледот на работите. Начинот на кој ќе го дефинирате вашиот поглед на светот понатаму ќе ја дефинира и вашата улога како личност и како професионалец. 

Сметате ли дека Донија веќе е место каде нови генерации менаџери од Прилеп можат да се обучуваат и да стекнуваат основни искуства по образот на вашето искуство?

Доколку продожиме со развојот, не можеме да бидеме имуни и на нови идеи и нова енергија. Сето тоа може да дојде само од страна на млади професионалци, луѓе кои сакаат да напредуваат и не се плашат да ризикуваат.

Фактот што во моментот кога започнав со работа во Дониа бев еден од најмладите во тимот а осум години покасно сум еден од постарите менаџери во Дониа, укажува на тоа колку се битни младите и нивнатат енергија не само за Дониа туку и за сите компании кои сакаат да успеат и опстанат на пазарот.

Се надевам дека младите кои доаѓаат ќе бидат проактивни, креативни лица кои се спремни да се вложат себе, своите знаења и енергија во личен и професионален развој. Мојата желба е Прилеп да стане место каде квалитетните кадри ќе можат да се реализираат себеси и својата иднина ќе ја гледаат во Македонија. 

Во 10без10 со Дражен Котески - директор за маркетинг и продажба во Дониа - drazen 4

Како менаџер со искуство што е поголем ризик за еден менаџер, да биде тимски или соло играч? Се обидувате ли да држите темпо во работата за да можат вашите колеги да ве следат, или амбицијата е таа која ви го диктира темпото на работа?

Не постои едноставен одговор на прашањето. Дали дневните активности и обврски ќе бидат дел од тимската работа или не, зависи и од природата на работите кои треба да се реализираат.

Сепак, тогаш кога е можно и ситуацијата дозволува така, подобро е тимски да се донесуваат одлуки и истите тимски да се реализираат. Вклучувањето на тимот во креирањето на решенијата значи и поголема сигурност дека истите понатаму соодветно ќе се реализираат. Тимската работа значи и поголема флуентност на идеи, поголем број на решенија, распределба на одговорноста и зголемување на комуникацијата.

Без тимска работа работите би се случувале далеку поспоро и резултатите би биле далеку поинакви... Кога зборуваме за темпото на работа, делумно тоа е диктирано од пазарот и како ние ќе одговориме на она што се случува во тој момент, делумно и од амбицијата и тоа каков сакаме да биде исходот на случувањата.

Без проактивност и малку повисоки амбиции работите никогаш нема да се случат. Нема полош избор од рамнодушност и Status Quo ситуација. Морате да се предизвикате себеси и работите кои сакате да се случуваат. Нормално, мора и да верувате во себе и можноста работите да се менуваат на подобро.

Коментари

Коментари

Реклама