Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

После долги години како гитарист на блуз бендот "Crossroad blues band" Давид Нешкоски сега веќе предводи свое трио со кое интензивно ја освојува балканската блуз сцена. Со музиката е од својата 12 година, а сега ја започна и својата соло кариера со авторската песна "Wild Night Out".

david1

 Кој е Давид Нешкоски и која е твојата музичка лична карта?

Давид отсекогаш бил ист како сите и секогаш се стремел да остане така. Само начинот на изразување е малку поразличен. Музиката како јазик, начин на изразување на карактерот, личноста на еден човек е еден од најубавите и најискрените начини за претставување на човек пред сите.

Мојата музичка лична карта е многу едноставна. Таа се состои од искрено, од срце отсвирени тонови на гитарата и вистинити приказни во кои сите ќе се препознаат.

Која е твојата амбиција како соло артист, и со кои музички авторитети до сега имаш остварено соработка ?

Се трудам секогаш пред очи да ја имам замислената “слика” за тоа што треба да направам и како да го направа тоа. Амбициите секогаш биле да се биде подобар во тоа што го правам, да се соработува со што е можно подобри музичари.

Имам настапувано,соработувано со прилично многу прпфесионални музичари, како од Македонија, така и со музичари кои не се од тука. Еден дел од македонските музичари се Венко Серафимов, Влатко Стефановски, а на заеднички фестивали имам настапувано со Леб и Сол, Нокаут, Калиопи, Дани Димитриовска и многу други.

Од странските музичари имам свирено со Henrik Fraischlader кој е  еден од најдобрите блуз музичари во Европа, како и со Virgil and the Accelerators, што се англиската надеж за модерната рок/блуз музика.

David Neskoski 2  

 Во твоите нумери се чувствуваат „лекциите” од Џон Ли Хукер па се до Џими Хендрикс. Кога е еден    музичар зрел да понуди свој препознатлив звук?

Јас пораснав со блуз музиката. Учев од музичките великани како Џими Хендрикс, Џон Ли Хукер, Стиви Реј Вон и многу други, и тие се неизбежен дел од мојот начин на музичко изразување.

За еден музичар да може да понуди нешто ново и свое на почетокот мора да ги копира неговите музички херои и да биде репродуктивец. Со текот на времето тој станува се подобар во тоа, за во еден момент да почне да го “надградува” тоа што го знае со свои идеи и карактеристики.

Тогаш може да се рече дека музичарот е зрел и способен да биде свој на своето.

Колку според тебе Прилеп е средина која може да поддржи еден млад уметник?

Секоја средина независно дали е Прилеп или било кое на друго место е тешко за почеток. Се додека луѓето не те слушнат и те отценат како добар или лош музичар си почетник.

Можам од свое лично искуство да кажам дека Прилеп е една многу добра средина да се почне со музицирање затоа што има луѓе, познавачи што можат реално да те отценат во способностите, и да те поучат што и како треба да направиш за да станеш подобар.

Јас сум среќен што сум од Прилеп, и што имав шанса да пораснам музички во една здрава “описменета” музичка средина.

Во 10без10 со Давид Нешкоски - David Neskoski 3

Што би издвоил од твоето младо но динамично искуство како совет  за новите прилепски генерации кои сакаат да се реализираат во музиката?

Клучната работа што мораат сите млади музичари да ја направат е да Не се откажат. Има многу падови и порази, но тоа треба да биде уште поголем поттик на младиот музичар да работи.

Но затоа, кога ќе дојде победата, таа е толку убава. Мора да се згреши безброј пати за само еднаш да направиш нешто правилно. Тоа ми се случи, случува мене и ќе им се случи на сите млади музичари, но тоа е начинот да се знае како да научи да се почитува успехот и со “ладна глава” да се пристапи кон него.

Музиката е прекрасен дар, и препорачувам на сите малди кои што имаат желба, интерес да почнат да се занимаваат со тоа, нема што да загубат, само ќе добиваат. 

Коментари

Коментари

Реклама