Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Билјана Крнческа - прилепска урбана дама, чии чекори низ градот ги прати немарен шепот, и втренчен поглед од будното око на чаршијата. Утринското лице на многу телевизиски куќи, препознатливиот глас на многуте радија кои зрачеле од Прилеп, и жена која со изгубената храброст на една цела генерација гази низ годините како низ влажен бетон оставајќи забележливи стапки низ годините.

Урбан херој: Билјана Крнческа - Чекам Прилеп да се ослободи од чаурата на суетните медиокритети и културно и духовно да се препороди - krnceska

Урбана дама која неуморно прета и пркоси на времето кое упорно се обидува да не направи покорни. Кои се законите на твојата природа?

Во време на продуциран страв кој е опструиран од приземни побуди на медиокритети кои имаат само амбиција да владеат со светот и да му кажуваат како треба да изгледа, мојата, а и природата на бунтовно различните индивидуи кои ги карактеризира елемнтарна оргиналност пркоси преку дрската различитост со која го соопштува гласно и јасно тоа што го мисли наместо да го каже тоа што е „паметно“, зошто денес и паметот е релативна категорија а „паметната нарација“ се квалификува со различни аршини...

Во принцип законите на мојата природа почиваат на основниот Господов благослов а тоа е ЉУБОВТА и тоа не онаа фразолошка туку вистинската алтруистичка која се докажува со емоција, гест, песна, слика насмевка...

Како личност која беше деликатес на малите екрани како преживува во фаст-фуд општество?

Фасцинирана сум од прашањево кое со една урбана метафора многу пластично ја пренесува некогашната моќ на медиумите и нивната раскошна димензија во креирањето на шарените светови во кои луѓето можеа да се втурнат и да играат среќни и необременети од бедата на реалноста. За жал денеска сведоци сме дека реалноста ја пороби медиумската магија и ја претвори во инстант „баба-рога“ која е тука за да плаши за да предупредува и да злокоби.

Мора да бидам искрена до крај и да кажам дека се чуствувам немоќно наспроти junk food консумацијата која сакале или не консументите мора да восприемаат. Професионалците од некогашната медиумска орбита поразително се пребројуваат свесни дека одумираат без можност на помладите да им кажат дека емоцијата како есенција ја губат, а без неа нема ништо...Во светот на медиумот после сите технолосшки авантури останува човекот и неговата луцидност, нарација, појава..

Без неговата насмевка солза бес и радост сите технички совршености ќе останат несовршени. Медиумот без жива човечка емоција неможе да преживее и тоа ми влева надеж дека кога тогаш „деликатесот“ ќе се врати на мени-картата на насловната страна.

Од естрада на таленти до терминал на кој се чека следниот лет за во „белиот свет“. Кој е твојот Прилеп за паметење?

Ме погоди со маршутава и сватив дека мојата сила е во авантуристичката природа зошто ретко кој од мојата генерација на овие мои убави години може да се пофали со едно такво „скокање на транболина“ и при тоа да покаже завидна кондиција и ентузијазам.

Најважно е што не се откажувам од себе си дури и кога другите се откажуваат од мене, а светот е секогаш расположен да дружи лик како мене зошто пред се и после се сум многу забавна личност. А Прилеп мојот Прилеп кој така силно го чуствувам секогаш кога неправдата ќе ме допре останува вечно да биде посебната грутка каде се раѓа многу специфичен сој на луѓе. Луѓе што јас ги сакам но тоа не значи дека немам право да ги критикувам. Луѓе праведни, чесни, одважни, вредни и храбри.

Сепак јас допрва го чекам мојот Прилеп за паметење. Прилеп е за мене микс на митологија историја и футуризам во кој наизменично се менуваат личностите но духот мајтапот и храброста вечно преживуваат.Чекам Прилеп да се ослободи од чаурата на суетните медиокритети и најсилно од досега културно и духовно да се препороди...Тогаш ќе бидам спокојна каде и да сум гордо да кажам дека јас сум прилепчанка!

Има ли каење раскажување?

вредно за Кога ке се завртам зад себе гледам пат изоден само од себе...Чекорите секогаш ми се длабоки и можат да ги следат добронамерниците...Тогаш зошто би се каела воопшто кога успевам да оставам траги во животот на луѓето.

Тривијано каење како помисла можеби и постои но никогаш не би се откажала од своите одлуки, од својот став, од своите потези, од своите борби од своите љубови...Тие сите ме прават да сум тоа што сум денеска посебна, одважна жена која е силно автентична како единка, а не како нечија половина и која во потрага по замислената среќа продолжува да трага со детска радозналост.

Коментари

Коментари

Реклама