Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Гледајќи ја реалната слика од професионалнен план, идеја немам, или сме доста далеку од истата. Семејството и најблиските пријатели се единствена причина слободното време да го минам во Прилеп.

Прилепчани по светот - Синиша Дукоски  - 98f6825d 5152 4f78 b5f9 60e5b0e49c47

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Моменти кои никогаш не се забораваат, моменти кои длабоко допираат во мене, од една и единствена причина - ПРВО искуство во секој еден сегмент од животот.

Грандиозен е патот наречен детство. Како по една невидлива нишка, од година на година, од месец на месец, дури од ден на ден се нижат нови и нови бенефиции и постигнувања. Се сеќавам, една цела генерација  која растеше во безгрижно детство, одеше на спиење после неговата „сто и една приказна“ и се будеше наутро после мирен сон.

Израснат во семејство каде начелата за животот беа неколку: почитувај се себеси, почитувај ги останатите околу себе, превземи одговорност за сите свои постапки, живеј едноставено, живеј искрено и со чиста душа.

Резултатот го гледам точно сега, старееш размислуваш за минатото и повторно уживаш во него.

Веќе стигам до периодот пубертет и адолесценција и се смеам на глас. Период на емоционална и социјална „НЕзрелост“. Единствено кое ми се врти во глава е, премногу кривини од автопатот кој ти го проектирале твоите 15 години назад.

Во тој период ми останале врежани неколку имиња од мојот град: СОУ Ѓорче Петров, гимназијата Мирче Ацев, чаршијата во Прилеп (Kandi , Lido , Stone garden , TABU , Virus , The End , Cavalli...) забави, емоции, среќни и насмеани лица. DJ-ството ми беше хоби, го правев од срце и душа, едноставно уживав.

И така секоја  приказна има и свој крај, крај за нов почеток од мојот живот.

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Патот беше многу едноставен, но не и толку лесен: знаев што сакам, верував во себе, но исто така поддршка од моите дома и 1 милион совети.

Студиите ги започнав на „Медицински факултет“ во Софија, каде што и дипломирав и започнав работа. Мое прво работно изкуство беше државната болница „Софија - 5 МБАЛ“, клиника по дигестивна хирургија. Веќе од  2016 година на нова работна позиција во приватна болница МБАЛ „УНИ-хоспитал“ која го носи епитетот за нај современа болница во Р. Бугарија со близу инвестирани од над 70 000 000 евра.

Да бидам искрен, во текот на студентските денови живеев со сонот дека еден ден ќе бидам лекар на моите најблиски, на моите пријатели, на сите што живеат таму, на градот кој е единствен дом за мене. Но реалноста беше нешто друго.

Ќе  завршам со реченица од еден култен филм: „Нема друго место како дома“.

Прилепчани по светот - Синиша Дукоски  - 8ecb8097 21ea 4861 8e60 90a8c2945e11

Која е твојата последна слика за Прилеп?

За мене секогаш Прилеп ќе биде еден и единствен. Гледано од друга перспектива, дефицит на млади, насмеани и полни со љубов луѓе. Култура... хмм? Тоа нема да го коментирам, сосема друга димензија од животот.

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Ќе одговорам со прашање. Зарем се бега од минатото, ако заминеш? Се разбира дека би се вратил, со сето мое изкуство како човек пред сѐ, а после и како лекар.

За жал ако ги отворам очите и погледнам во реалноста, ќе кажам: Треба време!

Прилепчани по светот - Синиша Дукоски  - 719ba765 f58b 4678 893c c21e08567aac

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Гледајќи ја реалната слика од професионалнен план, идеја немам, или сме доста далеку од истата.

Семејството и најблиските пријатели се единствена причина слободното време да го поминам во Прилеп.

Коментари

Коментари

Реклама