Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 16°02.07 / Нед
16° 15°03.07 / Пон
20° 16°04.07 / Вто
28° 15°05.07 / Сре
29° 16°06.07 / Чет
31° 17°07.07 / Пет
32° 19°08.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Мојата слика за Прилеп е град во кој што на растојание од 5 метри можеш да забележиш модерни објекти и најнова технологија, но и голема сиромаштија и руинираност. Слично беше и пред 12 години, додека бев ученик во гимназијата Мирче Ацев, но е многу поизразено денес. За жал, тоа е слика за цела Македонија, каде што класната нееднаквост е се повеќе изразена.

Прилепчани по светот - Христијан Ѓорески - Gjoreski 1

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Доколку би направил некоја ретроспектива и хронологија, приказната би ја поделил на 3 делови: претшколски, школски (основно образование) и гимназиски дел. Во претшколскиот период доминира безгрижното и среќно детство поминато во моето маало “во зградите кај болницата ”. Основното образование го стекнав во училиштето Гоце Делчев, каде што покрај учењето, кое што ми беше на прво место, секогаш наоѓав време и за релаксирање и дружење со другарите од маалото и секако школските другари. Потоа следуваше гимназијата, нов предизвик, како на образовен така и на социјален план. Гимназиските денови беа одлични! Тоа е период во кој што запознаваш нови луѓе, од кои што голем дел ти стануваат пријатели засекогаш. Тоа е период во кој што подобро го запознаваш градот, неговиот ритам и дух.

Прилепчани по светот - Христијан Ѓорески - IMG 20160911 164156 1024x768

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Отсекогаш размислував за продолжување со постдипломски студии во странство. Како што наближуваше крајот на моите дипломски студии на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ), така бев се поактивен во следење на конкурси за магистерски студии надвор од Македонија. Една од интересните можности беше Словенија, на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана. Одлучив да аплицирам, и со помош на мојата биографија и пред се на високиот просек од додипломските студии ме примија на магистерски, а потоа и на докторски студии на истиот институт. За време на постдипломските студии бев целосно финансиран со стипендии од институтот и од државата Словенија. За релативно кратко време (малку повеќе од 3 години) и со одличен успех ги завршив докторските студии во 2015 година. Тоа ми овозможи да добијам работна позиција како научник истражувач на истиот институт, кој што е воедно и најголемиот истражувачки институт во Словенија. После скоро 2 години работа на меѓународни истражувачки проекти се одлучив да продолжам со научно-истражувачката дејност во Англија на Универзитетот во Сасекс, каде што веќе 6 месеци работам како пост-докторски истражувач.

Која е твојата последна слика за Прилеп?

Буквално, мојата последна слика од Прилеп е од пред 2 недели, каде што прославуваме со моите другари по повод добивањето на наградата за Најдобар Млад Научник за 2016. Инаку мојата слика за Прилеп е град во кој што на растојание од 5 метри можеш да забележиш модерни објекти и најнова технологија, но и голема сиромаштија и руинираност. Слично беше и пред 12 години, додека бев ученик во гимназијата Мирче Ацев, но е многу поизразено денес. За жал, тоа е слика за цела Македонија, каде што класната нееднаквост е се повеќе изразена.

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Уште откако заминав за прв пат од Македонија, во 2010 година, моите размислувања беа дека по одреден период ќе се вратам во Македонија. На почеток тој период не беше воопшто дефиниран, целта ми беше прво да магистрирам, потоа да докторирам, и на крај да се вработам како научник-истражувач. Сега откако го исполнив сето тоа, и откако го добив признанието за Најдобар Млад Научник за 2016 година, се повеќе размислувам да продолжам со научно-истражувачката дејност во Македонија. Да бидам искрен, Прилеп сеуште не ми е на радарот, пред се бидејќи и нема некој избор за работа како научник-истражувач во Прилеп. Но секако дека би можел повеќе да придонесам за Прилеп доколку сум во Македонија.

Прилепчани по светот - Христијан Ѓорески - IMG 20170509 115433 1024x768

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Интересна идеја, за која што не гледам реализација во блиска иднина, пред се поради специфичноста на мојата професија како научник-истражувач во областа на Вештачката Интелигенција. Но секако, ја користам и ќе ја користам секоја прилика да се вратам во Прилеп за да се видам со моите родители и пријатели.

Коментари

Коментари

Реклама