Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

После сите напори за повторно вработување, и како бранител без решен статус за егзистенција, стапив во контакт со мојот поранешен пријател и работодавач Dieter Meißner во Германија, ми понуди сигурна работа и сѐ се случи, и понудата за работа, и заминувањето во рок од еден месец. После 3 месеци ја повлеков и мојата фамилија.

Прилепчани по светот: Менде Божиновски - Mende B

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Роден сум во 70-те години од минатиот век. Основно училиште завршив во ОУ. Рампо Левкката, за разлика од денешниве деца детството го поминав играќи фудбал и шетаќи по Шаторов Камен и Селечка Планина со своите врсници.

Средно образование завршив во ЕМУЦ. Р. Р. Ричко. На 19сет годишна возраст по покана на мојата тетка заминав за Германија во градот Wilhelmshaven, и не планирано останав да живеам цели шест години. После тие шест години се враќам во Прилеп, се женам и оформувам фамилија ( два сина ).

Се вработив, изградив куќа со надеж дека остатокот од животот ќе го поминам во Прилеп. Во 2001 година активно учествував во одбраната на суверенитетот на република Македонија.

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

После сите надежи за подобар живот кај нас фирмата „Дрво Монт" во која работев престанува со производство, и после сите напори за повторно вработување, и како бранител без решен статус за егзистенција, стапив во контакт со мојот поранешен пријател и работодавач Dieter Meißner во Германија, ми понуди сигурна работа и сѐ се случи, и понудата за работа, и заминувањето во рок од еден месец. После 3 месеци ја повлеков и мојата фамилија.

Прилепчани по светот: Менде Божиновски - mende B 2

Која е твојата последна слика за Прилеп?

Прилеп е убав град, последната слика ми е од овогодинешниот Пиво Фест, прекрасно нешто кое би го посакал секој град, не само во Македонија туку и пошироко. Но сликите од деведесеттите кога стадионот Г. Делчев беше преполн и се бодреше Победа во првата лига и салите преполни на натпреварите на Р.К. Тут. Ком. Тие слики остануваат во сеќавањето.

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Јас би почнал со ова второво за поволен амбиент. Поволен амбиен мислам нема во моментов, гледаќи како е ваму на запад, кога има избори и смема на власт останува се по старо, не приметува човек дека се сменила партијата на власт, додека кај нас е нешто друго. Кога една партија доаѓа на власт ги менува дури и чистачките кои биле вработени од предходната партија. Така што, сега на првиов дел од прашањето дали би се вратил со позитивни искуства, сега за сега не поради погоре наведените работи. Доколку би се променило нешто- ДА.

Прилепчани по светот: Менде Божиновски - mende B 3

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Сега за сега остануваме таму каде што сме јас и мојата фамилија. А во иднина се гледам како пензионер кој седи и пие кафе и пиво со врсниците во старата прилепска чаршија, и така го минувам остатокот од животот во родниот град Прилеп.

Коментари

Коментари

Реклама