Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 19.03 / Вто
11° 20.03 / Сре
21.03 / Чет
12° 22.03 / Пет
13° 23.03 / Саб
15° 24.03 / Нед
12° -2°25.03 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ако само за една вечер во годината можете да го извршите секое злодело што сте го замислиле без да одговарате за тоа, што би направиле? "Чистка" ( The Purge) , е спекулативен трилер кој ја следи една фамилија во текот на една ноќ, кога луѓето ќе бидат ставени на тест до каде можат да одат за да се заштитат себе си, кога злиот надворешен свет ќе им провали во домот.

Во општество нокаутирано од криминал, преполни затвори, владата решава да воведе 12 часовна апсолутна толеранција на секаква криминална активност. Во тие 12 часа полицијата не е достапна за интервенција, болниците не смеат да пружат помош. Тоа е една ноќ во годината кога на граѓанството му е дозволено да прави се што ќе посака без притоа да ризикува да се соочи со казна. 

Идејата на филмот се пренесува преку едно семејство кое со цел да се заштити се затвора во својот одлично заштитен дом, но едне од членовите на семејството поведен од жалостливоста за еден човек кој ќе моли за помош, ќе ја симне за момент заштитата, и ќе го прими во својот дом.

Драмата за тоа семејство почнува во моментот кога на нивната врата ќе се појават убијците кои го бараат човекот кого тие го сокрија во својот дом. До која мера е човек спремен да оди за да си го одбрани семејството? Погледнете!

 

 

Коментари

Коментари

Реклама