Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

 Марсел Пруст е еден од најголемите мајстори на зборот, кој со својата романескна епопеја Во потрага по изгубеното време (кое претставува едно од најкомплексните дела во литературата) го одбележал дваесеттиот век.

ВО ПОТРАГА ПО ИЗГУБЕНОТО ВРЕМЕ - МАРСЕЛ ПРУСТ
 
Иако ова обемно дело е голем предизвик за читање, вреди да му се посвети време. Тоа ги окупирало последните 13 години од животот на Пруст, од кои последните 3 биле ужасно тешки за него поради влошеното здравје. За жал, тој починал пред да успее да ги направи финалните корекции на последните делови.

Во потрага по изгубеното време е циклус кој ги опфаќа следните 7 книги:

1. Накај Сван (Комбре и Една љубов на Сван);
2. В сенка на расцутените девојки (Околу госпоѓа Сван и Имиња на места);
3. Светот на Германтови (прв и втор дел);
4. Содом и Гомор;
5. Затвореничка;
6. Бегалка (Исчезнатата Албертина);
7. Повторно најдено време (засега не сум наишла на македонски превод од последниот том)

Ова маестрално дело составено од седум романи е зачудувачки производ на човековата свесност: Пруст со неверојатна успешност го пренесува на хартија секој човечки гест, секој поглед, движење на раката, тонот на разговорот, шнолата или шапката на некоја жена... На многубројните вечери и излети во високото друштво тој успевал да ги забележи и запомни тие најситни подробности, за подоцна да ги испише не пропуштајќи ниту една финеса, ниту еден здив. Во романот нема класичен заплет за да ве заведе и да ве однесе лесно до крајот, тој е едноставен израз на секојдневната празнина, но никако немојте да мислите дека тоа е здодевно за читање! Пруст бил способен да земе еден зрак светлина кој паѓа во собата и да напише роман за него – толку била неверојатна неговата умешност на зборот.

Во потрага по изгубеното време е кулминација на еден живот поминат во критичко набљудување на светот, абсорбирање на информации и нивно рекреирање во најпрецизни детали. Спомените и времето имаат централна улога во романот, а дури и во последните свои денови Марсел Пруст се борел со нив. Буден до последниот час тој ја анализирал сопствената состојба, неговото последно дејство било набљудувањето. Врз ноќната масичка, Пруст ги оставил последните зборови изпишани со речиси мртвата рака – белешки за нов том, за кој би му биле потребни уште неколку години...

После читањето на овие книги ќе треба да бидете многу внимателни околу изборот за читање, бидејќи повеќето други книги ќе изгледаат како да се напишани од деца. Пруст е едноставно врвот на писателската зрелост.

Веројатно големите книги привлекуваат и бараат големи преведувачи. Преводот на македонски на Ѓорѓи Маријанович е уметност сам по себе – тој успешно се соочил со сложениот стил на пишување, пренесувајќи ни го Марсел Пруст со восхитувачки богат македонски јазик.

sakamknigi.mk

Коментари

Коментари

Реклама