Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Сосем случајно разбрав за Федерико Гарсија Лорка. Мајка ми ми кажа да прочитам некое негово дело. Искрено кажано јас порано не сакав поезија. Барем пред Лорка. Но, уште со првата поема која ја прочитав се вљубив во поезијата и во неговите дела. Всушност, не се вљубив. Сè што било напишано од раката на Лорка, за мене беше чиста опсесија.

МАРИЈАНА ПИНЕДА - ФЕДЕРИКО ГАРСИЈА ЛОРКА - МАРИЈАНА ПИНЕДА - ФЕДЕРИКО ГАРСИЈА ЛОРКА

Најдоброто од сè беше што во библиотеката имаше негови собрани дела во повеќе тома. Така јас случајно земав еден том, бидејќи ми беше сеедно кое негово дело ќе го читам. Се покажа дека сум земала неколку драми, кои сè уште ги немав читано. Првата драма во книгата беше „Маријана Пинеда“, негово најпознато дело изведено на сцена за првпат во јуни 1927 година. Но, доста за мене и за мојата опсесија. Да ви кажам нешто за книгата.

Маријана навистина постоела. Таа е важна жена за шпанската историја. Жена која не се плашела да се побуни против политичкиот режим, која сакала да направи разлика.

Лорка во драмата ја заглавува помеѓу двајца моќни мажи - Педрос и дон Педро. Едниот диктатор, другиот револуционер. Едниот таа го презира со сета душа, а за другиот би го дала животот. И двајцата се вљубени во неа. Таа кова план против Педрос заедно со дон Педро. Но, Педрос е моќен човек и знае како да се одмазди. Ја става во многу лоша ситуација - или да ги предаде нејзините пријатели, или да умре. Маријана цело време знае што треба да направи. Но, кога ќе почнаат да ја напуштаат најблиските, дали таа ќе продолжи да ги штити?

Маријана Пинеда е пример за достоинство, храброст и непоколебливост. Некој кој гордо стои до последниот момент.

Се разбира, би било најубаво да се види ова дело на сцена, но мислам дека сега за сега не е било на репертоарот на ниеден од театрите во Македонија. Ама, тоа не претставува тешкотија. Зборовите на Лорка како да ја насликуваат целата сцена, па вие самите ќе си направите своја претстава во главата.

сакамкниги

Коментари

Коментари

Реклама