Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Најсилниот човек на светот е оној кој стои сам.“ Оваа сентенца е носител и поткрепа на искажаното на норвешкиот филозоф и писател – Хенрик Ибзен. Иако симболичната мудра изрека на писателот ја отсликува тематиката на социо-психолошката драма „Непријател на народот“, со сигурност можам да кажам дека таа го отсликува целиот негов опус.

Непријател на народот - Хенрик Ибзен - Непријател на народот -Хенрих Ибзен

Кој е тој народен непријател? Секако, во секое општество е присутен, без разлика на поредокот. Но, зарем тој народен непријател да биде човекот кој сака да придонесе добро на своите сограѓани? Добро во вистинска смисла на зборот. Почиста и поздрава околина, отстранувајќи ги причините за секое загадување. Но тоа не може да го оствари сам. Така го убедуваат луѓето кои камуфлирано се борат за околината, а всушност ја злоупотребуваат.

Томас Стокман е признаен доктор во мало гратче во Норвешка. Работејќи на проектот за градење воден насип, сака да помогне колку што е можно повеќе за подобрување на животот на граѓаните. Работи и живее мирно, без поголеми стремежи за нечесно заработување и збогатување. Знае какви игри се водат во целото околиско функционерство на чие чело стои неговиот алчен брат. Сакајќи да ја извади на површина вистинската состојба и да придонесе за подобар живот, тој пропаѓа во сопствената искреност. Колкава е цената за покажување на нашето вистинско јас, без скриени намери и заткулисни играрии? Веројатно непроценливо висока која ја плаќаме со сопствената чест.

Обелоденувајќи ги лицемерните и мимикричните цели на својот брат, па и на целото раководство, изведен пред очите на сограѓаните, д-р Стокман доживува катарзично празнење на целата негова акумулирана енергија – енергија на вистината. Но, познато е дека луѓето не сакаат да бидат соочувани со вистината, зашто така им се намалува надежта и самосвеста за нивното „некакво“ постоење на овој свет.

Прогонуван од своите довчерашни пријатели, силно скандираат дека тој е непријател на народот. Загрижен за иднината на своето семејство, Стокман е принуден да се исели од својот роден крај.

Зарем станавме толку сурови не прифаќајќи ја нашата положба во едно релативно општество? Зарем нашите битија постојано мора да се соочуваат со крутоста која извира единствено од нас и за нашето пропаѓање? Секое излагање на Ибзеновиот лик – Стокман, ја пара нашата душа и постојано нѐ судира со реалноста, каква-таква. Зошто не се соочиме со нашите недостатоци и гордо да ги прикажуваме?

Како што запишал Ибзен во аналите на историјата на литературата – оние најсилните стојат сами. Да бидеме силни, па макар и сами да се соочуваме со виртуелната реалност.

Sakamknigi.mk

Коментари

Коментари

Реклама