Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Меланхоличен, помалку горчлив коментар на модерниот американски живот, завиен во плаштот на суреален вестерн.Главната улога во DEAD MAN на Џим Џармуш ја има Џони Деп во ликот на Вилиајм Блејк, сметководител штотуку повикан на служба за која мора да го анпушти својот роден град Кливленд и да замине во градчето Машин некаде на крајот на земјата.

Веднаш по неговото пристигање, сопстеникот на фабриката Дикинсон ( Роберт Мичам) му кажува дека неговото работно место веќе е пополнето. Дезориентиран, влегува во една блиска таверна, каде ја минува ночта со поранешна проститутка.

Една насилна расправија со поранешниот љубовник на проститутката (исто така син на сопственикот на фабриката Дикинсон) ќе го направи Блејк убиец, но исто така и смртно ранет, со куршум опасно близу до неговото срце.

Истрчува во блиската дивина каде еден индијанец со име Никој ( Гери Фармер) го помешува сметководителот Блејк со Англискиот поет Вилијам Блејк и се убедува дека тој ќе му биде водичот на неговото долготрајно патување низ духовниот свет.

Коментари

Коментари

Реклама