Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„Ловец во жито“,првпат објавена 1951, станува еден от највлијателните американски романи на модерниот свет.Уште од првото свое објавување постанува омилено четиво на младите ширум светот и пререраснува во културолошки феномен со обѕир на тоа што обработува теми како што се тинејџерска збунетост, бес, оттуѓеност, бунтовност и сексуалност.

„Ловец во жито“- Џером Дејвид Селинџер - catcher

Книгата е воедно и една од најзабрануваните поради недоличниот вокабулар  проследен со епизоди на секс, уживање во алхохолот и проституцијата кои што се опишани од главниот јунак во романот.

 Познатиот (анти) јунак од Селинџеровото славно дело, критичарите го опишуваат како “најпознатиот литературен забушант” и “гневно момче”, момче кое е “постојано во борба со одрастувањетo” поради што и постанува  “икона на тинејџерскиот бунт”.

Холден Колфилд e 14-годишно момче, зграпчен од врелиот коктел на сопствената младост и под постојан притисок на возрасните да се подготви за работниот пазар надвор од училишните врати, за себе гледа само една единствена кариера, таа на ловец во житото. Тој си претставува како илјадници мали деца си играат на житно поле кое се наоѓа на крајот на една провалија а наоколу нема ниту еден голем човек освен него.

И секој пат кога некои деца ќе се одделат од другите и ќе се приближат до работ на провалијата, работата на Колфилд ќе биде да ги фаќа, пред да паднат. Секоја друга работа те претвора во лицемер, во ’’лажен’’ т.е. во возрасен.

Сите возрасни се такви дури и добрите по срце - сите што прифаќаат да прават нешта што мразат, што те учат на работи и правила во кои што и самите не веруваат и живеат живот изграден од бескрајна низа на самонаметнати разочарувања, кои постојано се преправаат дека се е како што треба. И со одбивна насмевка на лицето бараат од тебе да се присоединш кон нивната исполнета со болка парада, парада на лага и самораспаѓање. 

Селинџер имаше култен статус, посебно меѓу тинејџерите кои се идентификуваа со бунтовниот Колфилд од „Ловец во жито“ и неговата вечна борба против сите фолиранти на овој свет, кои го направиле толку „депресивен што излудел“. Со децении „Ловец во жито“ остана омилено четиво за сите кои не сакаа никогаш да пораснат.

Коментари

Коментари

Реклама