Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Како човечки битија секојдневно талкаме по нешто неодредено. Нешто кое подоцна би го именувале како среќа, задоволство, нешто на кое би го сосредоточиле нашето внимание и би се чуствувале исполнето толку колку што и е потребно на нашата душа. Меѓутоа, сите ние сме само шаховски фигури немарно фрлени на своето бело или црно поле. Нашите содружници се оние кои први го слушнале нашиот плач, кои први се восхитувале на нашето ползење, а кои секогаш ќе го бодрат нашиот успех.Тоа секако е нашето семејство.

Недоразбирање - Албер Ками - CamusNobel

Но, што се случува кога најверниот преминува во најневерниот? Онаа која до вчера си ја сметал за мајка, веќе денес нема ниту една буква од толку слаткоречивиот збор.

Дали мислите дека светот не е роден од капка иронија? Да, светот е роден од капка иронија, во кое човештвото е само еден од неговите подбиви.

Дека сакам да ве излажам, не, не сакам, ниту пак имам таква намера. Само ви ја нудам вистината за едно семејство. Под покривот на една крчма се крие многу повеќе, отколку веќе застарените соби за спиење, долго непроменетото мени, и ликот на две жени. Книгата е толку мала, што би можеле дури да ја прочитате и со вашето утринско кафе. Но, пазете да не ви биде кафето погорко од било кое претходно утро.

И да сакам да ви кажам нешто повеќе, спречена сум. Не би сакала да ви го откријам недоразбирањето. Само ќе ви го откријам идентитетот на оние на кои им е доделена улогата. Мајка, премногу газена од чевелот на животот за да би биле запрепастени од нејзините одлуки. Ќерка, онаа која својот живот го стуткала под крилото на крчмата, крило гавраново. Син, личност сокриена под маската на богат човек, до последниот збор. Дали сето ова е праведно? Пресудете сами.

Во некои моменти само солзите остануваат единствено средство за покајување... но, за жал тие не се доволни. Само половина сме будни во споредба со она колку треба да бидеме. Приказната за „Заспаната убавица“ веќе одамна е завршена... Но, секојпат се наоѓа по некој кој ќе започне повторно со нејзино препишување...

Sakamknigi.mk

Коментари

Коментари

Реклама