Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 19.03 / Вто
11° 20.03 / Сре
21.03 / Чет
12° 22.03 / Пет
13° 23.03 / Саб
15° 24.03 / Нед
12° -2°25.03 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Можеби не толку моќен како “Зборувај со неа„ ниту пак екстравагантно емоционален како „Се за мајка ми“ но е обземачки, флуиден и сетилен, како што Алодовар може да биде.

Лошо Образование - bad-education

Дефинитивно уште една заводлива изведба од еден од европските најкарактеристични и популарни филмаџии, еден од многу малкуте кои бездруго можат да ги прескокнат сите најавувања и објаснувања на својот статус и заслуги, со едноставна најава : “Филм на Алмодовар„.

Со овој филм Алмодовар фрла поглед на својот адолесцентски период а во исто време и се конфронтира со горката тема на сексуалното злоставување во католичката црква.

Во оваа модерна драма, која требаше да го отвори филмскиот фестивал во Кан во 2004 година, Енрике Годед (Феле Мартинез) е шпански филмаџија, кој има проблем да го подмири својот нов проект, кога му пристапува Игнасио Родригез ( Гаел Гарсија Бернал), кој му е близок пријател од школските денови.

Годел кој за прв пат се заљубува во Родригез, едвај го препознава овој човек како своја љубов од детството, но се согласува да го прочита сценариото кое му го носи.

Приказната се превртува и станува полу автобиогравска, од времињата на католичката гимназија, каде еден стриптизер по име Захара се закачува со човек по име Енрике, кој е неговиот прв љубовник од школските денови.

Раскажувајќи си за своите школски денови Захара се присеќава на отец Маноло, еден од неговите учители со педофилски тенденции, и уште пред години, му се заканува на свештеникот дека ќе ги открие неговите намери со цел да му ја уништи врската со Енрике.

Годед одлучува да ја искористи таа приказна како основа за неговиот нов филм, а Родригез кој е актер без работа, жестоко ја бара улогата ан Захара.

Но годен не е убеден дека неговиот пријател е правиот актер за таа улога, дури ни далие  човекот за кој тврди дека е. Гневниот конфликт ја продолжува разврската ан серија настани од нивниот вистински живот .

Коментари

Коментари

Реклама