Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Поетесата Марија Ѓеоргиеска родена во градот на мудроста градот на Итар Пејо, родена во градот на храброста, град на Крале Марко, родена во најубавиот Прилеп каде што нејзиното детство го изминува возвишена од убавините кои и ги нуди младоста, како што пролетта ни ги подарува најубавите цветови испреплетени во совршени мириси.

„И звездите се благодарни што постоиш“ - Марија Ѓеоргиеска - marija poetesa

Учи во основното училиште “Кочо Рацин” во Прилеп каде од најрана возраст ја открива својата творечка дарба со која и денес и се восхитуваат многу пријатели, роднини, соработници и нејзините најблиски кои се горди на својата ќерка. Мудроста со која твори и желбата кон мајчииот јазик ја водат до Скопје каде што студира на катедрата за Македонски јазик и јужнословенски јазици каде што се повеќе ја открива својата цел кон она што го посакува така бистро и гордо се стреми да успее во сите достигнувања и како студент а Филолошкиот факултет таа се повеќе навлегува кон тоа што го сака, запознава голем број на пријатели од нејзиниот круг.

Секогаш таа знае да оддели дел од своето драгоцено време за да посети некоја од литературните и поетски средби каде ќе може да си ја исполни душата и да исцрпи позитивна енергија. Марија инспирирана од природата, зеленилото на пролетта, прекрасните црвени ружи, бистрината на изворските води, ѕвездите на ноќното платно, разиграните облаци на небесната обвивка, пламенот на љубвта, миризливите свеќи, романтичните моменти и сета прородна убавина која може да ја поседува една личност со добро срце и имаат помогнато да го постигне тоа што е денес, вредна поетеса, а нејзините бисери ќе блеснат во оваа збирка како ѕвезди кои и се благодарни на поетесата Марија. Исполнета со љубов кон творечката дејност таа се гордее со нејзините омилени Блаже Конески и Гане Тодоровски.

Животот, љубвта и среќата се најбитните двигатели за Марија која смета дека за да имаш љубов треба да бидеш исполнет со љубов, треба да бидеш исполнет со љубов која ти е верна, а ти пак живееш за неа и тогаш во тој момент доаѓа среќата која те возвишува и исполнува, бидејќи го имаш тоа што го сакаш. Без љубов нема среќа, таа ти е најпотребна до крајот на својот живот, до крајот на своето постоење, без љубов нема творење, таа ти е најпотребна за да создадеш еден дијамант со најубави мисли, без љубов нема ѕвезди, нема сонце, нема насмевка. Затоа љубете се, сакајте се, а пред се научете да живеете како што вие сакате.

Марија Ѓеоргиеска се појави на македонската литературан сцена со својата дебитантска книга „И звездите се благодарни што постоиш“ ја објави во мај минатата година, која наиде на одличен прием кај публиката, а за сите кои не успеале да ја прочитаат книгата, сега е достапна за сите љубители на пишаниот збор за слободно симнување и во PDF формат на линкот подолу.

Книгата можете да ја симнете овде

Коментари

Коментари

Реклама