Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

„69 страници за младината“ е насловот на првенчето на младиот и надежен автор, Гоце Ангелески, од Прилеп.

„69 страници за младината“ дебитантска книга на младиот прилепчанец Гоце Ангелески - Goce Angeleski

Промоцијата на оваа книга се одржа во кафе барот „Арт Кафе Апореа“ на 11ти овој месец. Книгата која содржи 35 различни наслови кои говорат за денешната младина и начинот на кои тие го живеат нивниот живот, конечно го виде светлото на денот.

„35 различни наслови на ниско интелектуални и слабо вокабуларни „бајки и басни“ кои можат да бидат сфатени од страна на главата со било каков процент на интелектуален капацитет. Меѓу другото, по некоја сувопарна реченица, а за мезе, младина со широка зеница.“ - вели авторот Гоце Ангелески за неговата прва книга, и додава: „ Книгата е благокомична проткаена со сарказам и иронија“.

Читателите кои имаат поразличен вкус на книги, и кои сакаат да побегнат од романите со љубов, драма и замки можат да се ослонат на оваа мала но многу реална книга од 69 страници која можат да ја порачаат онлајн преку веб порталот Kupikniga.mk и да уживаат во она што Гоце Ангелески го пренесол на хартија.

Еве и некој извадок од книгата:

Би било препорачливо да го прочитате ова дело, бидејќи е напишано од високо образована личност. Станува збор за дипломиран трачар, кој пред извесно време магистрираше на отсек сеир. Ова дело всушност е неговата докторска дисертација со која тој и официјално стана доктор на трачарски науки, специјалист по сеирџиска медицина.

Инспирацијата? Уште веднаш се забележува или барем јас сам си се забележувам дека есенцијата на претходно споменатата инспирација, генерално се заснова врз мојата неколку годишна трачарска (портарска) дејност (како класичен Македонец), која перманетно се одвиваше во текот на многуте мои ноќи по кошула и пијачка во рака, многуте испиени кафиња во познато и непознато опкружување, бесцелните, празни, трач муабети во движење или со седење, во спокојство или во нервоза, со бубалици и растурикуќи, со девици и ороспии, со скромни и фалбаџии, со светици и спонзоруши, со пијаници и спортисти, со тревкари и зависници, со лажговци и наивни, со депресивни и расположени и со ред други нус или просечно младешки појави. Покрај оваа, предходно спомената инспирација која ја црпам од овој свет, инспирација црпам и од оној другиот свет, од паралелниот свет... виртуелен живот, Фејсбукот. Многуте не-преспиени ноќи шетајќи горе-долу... по почетната Фејсбук страна и целодневните подочници од мониторот (кои често си ги комбинирам со патиките) извршиле силно влијание врз мојот ментален расклоп, исто како што извршија и на многу други млади човечки суштества.

Импресиите и фрустрациите од младоста ќе поминат и ќе се забора-ват. Накрај, сите ќе си тргнеме по свој пат, кој по калдрма, кој по авто-пат.

Книгата може да се купи во книжарница Викели, книжарница Михаела и оналајн на KupiKniga.mk .

Коментари

Коментари

Реклама