Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 32°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Многу е среќна нашата генерација зашто нејзе и се падна да ја издвојува револуцијата - рече Кузман Јосифоски – Питу во една прилика. Нашата генерација денес е среќна што го чествува 11-Октомври.

Победничниот есеј на Мартина Темелкоска и Теодора Петровска по повод 11-ти Октомври - esej na martina i teodora

Оваа година се оддбележуваат 73години од почетокот на народно ослободителната борба во Македонија.Чест е да бидеме дел од празнувањето на овој настан и со голема почит да застанеме пред оние што ја бранеле, ја бранат и ќе ја бранат нашата татковина- Македонија. Ние како ваши потомци и жители на овој град херој и како ученички горди сме што учиме во средното училиште кое што го носи името на еден од најголемите и непокорените,Непобедливиот- Кузман Јосифоски-Питу.

Наше е да сите млади, како светлина на денешна слободна Македонија го чуваме она што сте ни го оставиле и го пренесеме на нашите деца, внуци и правнуци. Народноослободителната борба на македонскиот народ ја започна Прилепскиот партизански одред на 11 октомври 1941 година со нападот на участакот во херојски Прилеп. Таа октомвриска вечер беше вечер без струја, телефонска мрежа и ноќ без сигурност, во чија темнина се слушаа само пукањата на пушките. Ноќ во која се продолжи илинденска епопеја,започна новиот Илинден. Борбата продолжи со формирањето на повеќе партизански одреди ширум целата територија на Македонија. Кулминацијата ја достигна 43-та кога се формираше Комунистичката партија на Македонија предводена од Лазар Колишевски, Кузман Јосифоски, Цветко Узуновски итн.

Преспанското советување на ЦК на КПМ на кое Кузман во една прилика ќе истакне: На 2- ри август 1903 год. на Илинден македонскиот народ и објави војна на силната турска царевина и во куса но јуначка оружена борба покажа колку голема решителност има кај него заради добивање национална слобода. Но македонскиот народ не приклони глава. Под други услови и по други начини ја продолжи борбата и за овие изминати 40 години тој не престана да мисли и работи за остварувањето на својот вековен идеал – слободна Македонија. И тука не застана македонскиот народ, следуваше формирањето на првите баталјони, бригади се до Првото заседание на АСНОМ.

Церемонично тоа започнало со песната „Изгреј зора на слободата“ , песна чиј наслов кажува се што дотогаш било желба на македонецот. Заседанието било отворено во 17.15 минути од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров од Велес. На ова заседание учествувале делегати од сите краишта на Македонија, Сад и Велика Британија.. „..Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.“ Ова се првите зборови на Панко Брашнаров со кој го започнува заседанието.

Со Првото заседание на АСНОМ се оствари вековниот сон на македонецот се оствари сонот за македонска држава. Македонска држава на чело со уште еден прилепчанец Методија Андонов – Ченто. И како што ќе каже и самиот Кузман: многу од своите најдобри синови загуби Македонија. Но тие жртви не станаа гробови. Нивните херојски подвизи засветија над Македонија, станаа ѕвезда водечка на измачениот македонски народ.

Тие го осветлуваа патот и во срцата на сите чесни Македонци и македонски херои како незгаслив спомен останаа за навек. Денес после толку години, излишни се зборови и неможеме ништо да направиме за да ги вратиме загубените животи. Ние ќе му се оддолжиме со тоа што ќе се грижиме и чуваме Македонија. Денес наша најголема желба е да ги направие горди оние кои што ја оставиле оваа ослободена земја како аманет,аманет кој треба да го пазиме и чуваме како зеницата во окото.

Коментари

Коментари

Реклама