Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Заборавена песна

Ние сме деца на ветрот посеани по веков родени од слобода
Нашите глави се сончеви цветови
што се вртат накај другиот,
барајќи му сонце во очите
за да распупат
за да расцветаат
и сите заедно како еден лик 
да греат наспроти сонцето.

Ние сме деца на ветрот нашите глави се нерасцветани сончеви цветови
заборавени како слобода, 
уморени од барање
овенати од ненаоѓање 
сонце во очите на другиот

 

Во глуво добa

Во глуво добa твојот глас ме гали како земјотрес
и го пара мојот сон како ровка земја спремна да роди мугра.

Моите протегнати раце се мост, кој јачи под тежината на твојот сон,
пред ветровите на твоите воздишки се разголувам свечено како пред жртвеник,
твојот чекор прави виножито под кое сакам да заспијам, и да се разбудам со сјај на дете.

Во глуво доба твојот глас, ме покрива нежно како потоп.

Четри песни од Божидар Зимски - bbz

 

Песна 3

Ѝ ги шепотам моите тајни на зеницата в огледало.

Зад мене се тресе пареата
и раѓа планина врз моите плеќи
над која секое утро го чекам моето изгрејсонце.

Мојата мисла е пчела која собира мед од трн и ме храни
таман толку за со последни сили
да и ги прошепотам моите тајни
на зеницата в огледало.

 

Песна 4

Во мојот сон умира мојот сон

Не моли,
не се превиткува од бол,
Не подава рака во очај за спас.

Во мојот сон умира мојот сон

Одважен и насмеан
Ги одделува сите свои лица
Позади моите затворени очи
Во мојот сон умира мојот сон.

А јас се будам слеп
За маѓичноста на утрата,
За сите бои на небото,
За сјајот во сите други очи.

Позади моите затворени очи
Осудени на суша и талкање
Во тивок самотен сон Умира мојот сон.

Коментари

Коментари

Реклама