Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Што е љубовта бе?

Девојче со кукла?
Девојче со кукла со очила?
Девојче со кукла со очила стакло сини?
Не, љубовта сигурно не е девојче.
Љубовта е сирак.
Сирак без очила, без една нога, без земја, куќа и во неа топлина.
И без кукла, со мече.
Невин, солза син сирак со камен гревови на грбот закачени,
од неговите никогаш невидени крводарители.
Љубвта е сирак, надвор на студот исфрлен.
Ене ја зад суровоста скриена, пита за леб.

Каде ли само ја баравме?

263782 1814634801318 4690701 n 

Нови штикли

Кога купуваш нови штикли, всушност купуваш нови петици, нови стиснати прстиња, нови плускавци, нови модрици,
за нови преминати улици, за погодени дупки низ калдрми, за пречекорени прагови, за в трева во кал закачени подпетици,
се со цел од повисоко да ја погледнеш нерамнината, демек две скали погоре си па можеш да предвидиш два чекори понапред..
се со цел погласно да го слушнеш твоето его како се одѕвива, како штрапа, чкрипи, вика, дупки остава како ехо во ходникот мажи,
се со цел поисправено да ја држиш главата, погоре, повисоко од птичја перспектива да ги гледаш и дрвјата и небото и чавките.
Знаеш, тоа е како храна за егото,како мирис на црвен лак за нокти пресно налакиран, а па тоа егото, врапче кое несомнено е ненаситно, гладно за трошки внимание,
врапче кое сака да носи нови штикли, нова јадица за погледи, мамец за трошки, питач за корка леб.

 

Коментари

Коментари

Реклама