Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Огледалоперачка

Ќе талкам по патот кој води

ќе перам со сапун матни води

дур не избистрам дур не годи

сон нежен самварен.

 strezoska

Сито

Се сеам

се расејувам
до кај што одам
трошки по мене оставам

како книга на парчиња искината
чие секое книжулче носи гребени од залезот погледнати.

во сите ќошиња, безброј сокачиња, заборавени џебови, варосани штекери, луѓе одминати, луѓе одпоздравени, луѓе посакани, луѓе љубени
се сеам по градови, по калдрми, по кејови, по погледи, без оглед и по кафиња, и филџани, и нарачки згрешени и вистини дома однесени
се сеам по погледи без мигнувања, мигови без здивнувања, одговори без прашувања, лаги без извинувања, и дури по одбиени понуди за спријателувања
се сеам, воздух мој оставам, се расејувам, се раздавам.. ко блага пченица, за себенахранување, за самоостварување.

како книга на парчиња искината
чија содржина ветрот и ја одвејува

така воздух мој ќе оставам
до кај што ќе стасам
ќе се расејувам
ќе се сеам

за да се
ситам.

Куфер сомнежи

Ти реков чекај ме

ветрот кај што запира

ќе дојдам куфер болки

куфер  сомнежи

куфер  гревови

таму кај сонце заоѓа

топка врела умира

потпрен на уличната ти светилка

со букет љубов

букет обврзан

букет од кај комшиите

набран пред зори

влечиш насмевки

копаш морници

чекаш светлина

дури јас тргам куфер

судбински товар

наликува

ко подалеку да си

воз минал

светилка ли си

воз заминал

или ти си?

воз прелетал

букет паднат

воз одлетал

на друг перон

од ветрот се затскриваш.

Коментари

Коментари

Реклама