Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Круг

Oслободи го купот немоќни демони заробен во телово мое врело. Ослободи ги, се мачат. Види ги, мокри им се главите, стапалата и дланките им се студени и усните напукнати. Ослободи ги од ужасот во кој доброволно се населиле. Дошле несвесно одбирајќи да патат, да се уништат себе си.

О, Каде по ѓаволите тие дошле... дошле на местото каде што се посакувани. Каде што се добредојдени, каде ги чекаат ширум отворени порти. Дошле на место каде неможат да уништат пошто нема ништо повеќе од студени камења, опожарени рајски градини, грст пепел и мирис на смрт. Дошле на местото каде нивната бесмртност ќе биде сурово убиена. Исечена на милион делови ,кои парче по парче завитканаи во стари партали ќе бидат разнесени како од мина. Дошле на место каде што се неопходни, да не биде празно...

Дошле таму каде одамна ништо добро не влегло... дошле онаму од кај што не постои излез. Таму каде се предходно, непрекинато, одново и одново се се врти во круг. Таму каде сите пиштат, молат, колнат и преколнуваат. Таму каде психоделични извици свирепо гребат и го силуваат слухот .

Таму каде сите се композитори и изведувачи на една иста песна. Плач. Бесценето е задоволството. Меланхолични звуци се шират и удираат точно во центар. Ултразвук... прекрасно. Дошле таму каде сребрени песоци им ја галат грубата кожа, порти широко сами им се отвараат и тепих од свила и кашмир им се ткае пред нозете. На крајот стои мало златокосо парталаво девојче со четири крилца на мршојадци и со широко отворени раце.Очите и горат. Чека прегратки.

Потпевнува некоја мелодија со неразбирливи зборови меѓу кои и “Никогаш нема ”... Во позадина детска усна свирка некоја чудна мелодија. Како иритира... уметност. Нека останат. Среќна сум. А, еве стигнаа нови, кој ли ги излажал сега... Добредојдовте. Ова е рајот.

Крик

Духот ми се одлепува од телово полека низ магла, низ облак. Низ небесни ширини сини. Го нема, не го гледам. И ете го се враќа, и се повторува процесот упорно, одново и одново. Ти ме оддалечуваш од мене.

Ти ме припиваш во себе, јас сум ти. Јас сум квази верзија на ти. Името ми е тишина, презиме веќе и немам. Ќе ми го подариш, би било фер, да ми надокнадиш за се што досега си ми зел. Ти ме палиш жива и ме оставаш да согорам, не бидејќи ме мразиш, не бидејќи ме сакаш. Фетиш. Стоиш мирно. Уживаш, свршуваш,се галиш и се гребеш ментално гледајќи ми ги телово и душава изморени и безживотни.

Безнадежни. Сакаш да ја гледаш таа бесценета реакција. Очекувана. Сепак интересна. Сакаш да слушаш крици и извици како пискаво течат низ голотија, како врела вода моиве стапала ги растопуваат. Пошто го гледаш садо-мазо задоволството во моите широки црни дупки-зеници. Гледаш како оваа драма пропаѓа во две темни ненаситни празнини, барајќи уште, повеќе, појако. Удри ме уште еднаш, удри ме посилно.

Задоволи се со моето развратно, ненормално, болно задоволство. Еве, ти се колнам, убиј ме уште безброј пати , страстно и настрано како до сега, ако сум уживала во хаосов. Близу како јагода со шлаг и темна чоколада до твоите усни сум, изеди ме отсечно.

Elena DImoska  Елена Димоска

Коментари

Коментари

Реклама