Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Последно време „многу сме изненадени“ од настаните. Суштински, сѐ е болно едноставно. Не е убаво, побргу – страшно, но дека е сложено, не е. Тргнуваме од светото тројство: патриоти - криминал - тајни служби и... Алелуја. Јасно како ден. Сите настани и личности, сѝ легнуваат на свое место. Не е едно, не сѐ две, секогаш сѐ „три во едно“. „Патриотите“ се „лепилото“ на сите три.

Дружби патриотски, со намери скотски - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Србите и Хрватите ги поврзуваше оружјето, дрогата, украдените автомобили, фалсификуваните пасоши.... Албанците, Македонците и Бугарите поработија заедно и на транспортот на дрога и на продажба на оружјето од арсеналите во Албанија и на кршење на ембаргото против Србија, башка „политичките теми“. Македонците и Чесите на криење украдени буџетски пари, а со Унгарија и ден – денес на медискиот сектор и на други „ситни папазјании“. Со украинската мафија поработивме на радиоактивното железо.... Така до сто и едно и назад.

Грчките и македонските патриоти ги поврзува една цела мафијашка класа. Тие беа „посредници“ во секоја матна зделка, а тендер без нив беше невозможен. Тие се задолжени на фирмите да им „шепнат“ кога иде инспекција, за да ги тргнат непријавените, да им набават концесии, државна „поддршка“ за бизнисите... Груевски против Грција, а грчкиот бизнис во Македонија цвета, заборавивме?

Нивна работа е да „разговараат“ со судија. Тие се скриено одделение за урбанизам и министерство за транспорт и врски – без адреса, која ја знаат само упатените. Тротоар, парк, пешачка зона, зона за зеленило, национални паркови? Ве молам не бидете наивни. Тоа „патриотите“ ќе ви го средат додека кажете 25%, а да не говориме за ситници како: земјоделското земјиште во сопственост на државата, кое „ќе ви го издадат“, заедно со земјоделски субвенции; градежно земјиште во процес на денационализација, но и тричарии како инвалидска пензија, закуп на билборди за избори, увоз на грчки тутун, српско жито, аргентинско месо, холандска риба, со „прикладни“ документи и мижење на цариниците. Ако нешто треба да сè блокира (некаква продажба или превземање бизнис) или нешто да сè „овозможи“ – барај патриоти. Тие средуваат од влез на „посакуван партнер“, „посакувани лекови“ и „посакуван судија“, до „посакувана тајна служба“. Тоа е секогаш многу лесно, во братската прегратка на политичарите – патриоти и криминалците – патриоти, со еден услов: политичарите – патриоти мора да бидат на власт. Ако не се на власт, сите здушно работат – да бидат, за „бизнисот“ да тече.

Подобро да тече, оти, ако не тече, мораат да измислат кризи и кризни штабови, „незадоволен народ“, војни, напнатост, закани, несигурност, зголемен криминал... па ... подобро нека има криминал, отколку немири. Така? Тие ќе ги гаѓаат странските амбасадори со предмети, маскирани во „народ“, одма откако Хорхе „ќе им намигне“, откако на Хорхе „ќе му намигнат“...

За тоа да биде обезбедено, мафијата ја брише границата помеѓу мафијашите, политичарите и институциите.

Мана е што криминалот поприма такви ненормални димензии, што политичарите мораат да ја задолжуваат земјата, за буџетот да ги задоволи нивните апетити, ама произведуваат и толку многу политички афери, пропаганда и криминални случаи, кои сите ги гледаат, освен владата, парламентот, обвинителството, судството, полицијата и тајните служби... па, и покрај тоталитариниот режим, им се случува да паднат.

Познато? Ете, тоа се нарекува „заробена држава“. Функционерот е мафијашки платеник, народот сѐ  навивачите, претседателот е странски агент, новинарот е со зададена задача и потпишува она што му пратиле од некаков си штаб, неформален лидер на „народот“ е малоумен платеник, кој нема што да изгуби, интелектуалната елита чека трошки и добива допис какво мислење да има, а ако има среќа ќе ги земат во партиската структура. Да не ви е и ова познато од некаде?

Зошто секој криминалец мора да е „патриот“?

Затоа што тоа е најисплатливо кај неук народ, кај неук политичар, кај неука администрација, кај учените – недоучени професори, кај забеганите типови со детско самољубие и аосцијални пореметувања, кои сè (за жал) наше секојдневие. Тоа е пазарот на голопртки за продажба и „инстант“ промоција

Е, тука чекаат криминалците, оние стратешки криминалци, со многу врски - на истите места каде чекаат и тајните странски служби. Тие, такви недугави и учени – недоучени бараат. Ќе ви пристапат, ќе ви „поддадат“, ќе ви овозможат што не ви следува (попатно и ќе ве снимат), ќе ви помогнат да напредувате во служба, во партија; ќе исплетат мрежа околу вас, околу вашите деца, а вие ќе бакнете рака, оти „нема светот да пропадне“, оти „и другите исто прават“, оти „што сум јас поинаков од другите“, оти „сите се исти“. Методите на криминалот и странските разузнавачки служби се исти секаде. Инвестираат во криминал, поддржуваат голопртки без идентитет, кои и дете би сѝ продале за малку власт и пари. Наместо на аргатница – на телевизија.

Криминал, а не синдром на самоуништување

Ова не е од вчера, ова е синдром, ама криминален. Не „синдром на самоуништување на Македонскиот народ“, како што приучените голопртки и водачи на кризни штабови говорат. Криминал и странски служби. Тоа е. За тоа сѐ стимулирани од криминални и разузнавачки структури, платени од пари украдени од буџетот (заради тоа сѐ тоа опасни пари, оти не се под контрола). Тоа „милосрдие“ на спасувачите од исток никој нема ниту да го ферма да не е вемереовската идеја со амнестијата на Груевски и врхушката. Гледате заради што на Америте им се дигна косата на главата, кога сфатија кој е Груевски? Партискиот криминал доби легална форма во нашиот референдум, претходно во прашањето за името, односите со Албанците, а може да поприми секаква форма, оти криминалците се браќа, каде и да сѐ, а патриотската облека им ја чува вемерето во своите црноберзијански магацини.

Дали платениците се делат на „руско – вемереовски“ и „есдеесовско – амерички“? Никако и никако! Едното е социјален капитал и определба на големо мнозинство граѓани, а другото класичен криминал, односно подземје и шпионажа, не знам по кој ред. Едното е определба на државата, за која сите партии имаат идентично мислење, барем јавно. Друго е што вемерето дига два прста за ЕУ и НАТО, а три за русите. Тие едно декларираат, а друго прават и тоа го поддржуваат со илегални структури, црни пари, навивачи, камелеони и интелектуалци без морал. Едното е јавно, другото е тајно. Зад едното стојат институции, зад другото бандата на Груевски, која ја видовме и чувме, а Богами и ја почувствувавме. Едното е стратегија и политика, другото издајство на државата и криминал. Едното е можна посветла иднина, другото чиста темнина и лага. Лагата е во декларираното „генетско издајство во македонското тело“, во синдромот на самоуништување. Лага и лага, а може да биде и лага. Зад едното стојат имиња и презимиња, мандати и отвореност, а зад другите стои Бачев, Филип, Иванов и други гревчиња, поставени и потурнати од курто, мурто, криминалци и обавештајци.

Ова не е генетски, што би рекле патриотите „генитално“, туку е криминал, кој е толку сеприсутен, раширен во сите структури на партиите, институциите и општеството – во целост, што влијае на умот, на социјалната ориентација, во поимањето на доброто и лошото, па дури и на сообрајќајната култура.

Формулата е тука и широко е прифатена во јавноста. Не е криминалец, туку „се снашол“. Не е битно оти краде, туку е битно дека „и другите правеле така“. „Песната била иста, само свирачите се мениле“.

Еве, сега тие истите се најмени да ги минираат двете најбитни работи за Македонија: НАТО и ЕУ, затоа што знаат дека нема кој да ги фати, оти „нивните“ сеуште седат на местата, каде што ги постави „босот“, оти знаат дека Заев одбрал морков, наместо стап, оти имаат прескапи инсталации во цела земја и институционални сеирџии, кои и снегот ги изненадува во јануари, а камоли „навивачите на Вардар, ама од Кавадарци“. Кутри „владетели“, не знаат да направат разлика меѓу демократија, криминал, организирано рушење на уставниот поредок на земјава и инсталирање на странска разузнавачка служба во судбината на земјава.

Криминал е тоа господа и постојат институции за таа работа, а во криминалот постојат и „инспиратори“ и „помагачи“ и „извршители“ и „поддржувачи“. Да ви цртам господа од есдеес?

Имаше една вемереовска лага, со која до 2015 – та ги лажеа простаците, дека Бранко е уште на власт. Спротивното не е лага. Груевски е сеуште на власт, слепи сте?

Ајде сега, ставете ги прославата на Илинден, протестите, кампањата во партиските портали, каменувањето на дипломатите, нашата аспирација кон НАТО и ЕУ, договорот со Грција... во математиката.

Не е тешко за сфаќање, нели?

Коментари

Коментари

Реклама