Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во Прилеп, ја имаме старата Прилепска чаршија која како заштитено културно наследство е совршен егземплар преку кој можеме да ја промовираме староградската култура и традиција.

Пивото, културата и нашиот инает - колумна на Жарко Стеваноски - zarko stevanoski

Замислете ја украсена во четиридневен староградски стил, сокаци наредени и украсени со стари дрвени трпези, чат пат промотори, девојки и момчиња облечени во староградски носии, на секој сокак чалгии кои свират тивка староградска музика која го доловува духот на времето, кога низ неа вирееле старите занаети, трговци и чорбаџии, место од кое и посетителите би можеле да си заминат со по некој реквизит, како спомен од чаршијата под саат кулата.

Во Прилеп го имаме и меморијалниот комплекс Могила на непобедените, исто така заштитено културно наследство, опкружено со високи и раскошни дрвја, тревнато зеленило, споменици, спортски терени. Замислете ја во четиридневен наплив од луѓе, странична сцена за настап на некоја ЈУ-рок група од соседството во ритамот на 80-те.

Го имаме во Прилеп и Варош, манастирскиот комплекс, Слонот и амфитеатарот. Замислете ги во раскошот на ноќните светла и на секој чекор по некоја анимација за посетителите, добра претстава на отворено, концерт, пиво-почивалишта и мини-скари низ патот до Св.Архангел Михаил и можност да се понесе по некој реквизит за спомен од посетата на најстарата населба во Прилеп.

Го имаме во Прилеп и вештачкото езеро. Замислете го во летната жега четири денови запоседнато со шатори за кампување, скари и гласна музика од најразлични жанрови, водена анимација за посетителите преку ден, ноќни сценски настапи до утро, а наутро освестување со час по екологија и за домашните и за посетителите, промовираме чиста животна средина и се забавуваме во екот на младоста а до таму градот не носи и враќа кога ќе посакаме.

Кога веќе пивото е акцентот на идејата, и ако таа е најдобро да се искористат средствата предвидени со програмата за култура, јас би ги потрошил на покани, средечни, отворени и искрени покани на странските и домашни пиво-производители да дојдат во нашиот убав крај и да ни понудат дел од своите вкусови токму на наведените локации, во исто време низ целиот град располани. По нив ќе дојдат и локалните стопанственици и трговци со донации, со нив сценските настапувачи и естрадни уметници и пејачи.

Само така нема да мораме да се унаказуваме меѓу себе со префрлања дека сме само турбо-фолкери, народњаци, рокери, блузери и останати музички фанатици а пивото, скарата и слободата во изборот на локација ќе биде она што ќе не држи четиридневно подносливи.

Мое овогодишно мислење, е дека подобро ќе беше да паузираме со организација на уште еден гинис во мочање во центарот на градот и да отпочнеме со припреми за наредниот фестивал на пивото, кој на вистински начин ќе може да го промовира овој наш Прилепски фестивал.

Коментари

Коментари

Реклама