Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Имаше тројца говорници на „дуелот“: Груевски, Заев и Мицковски, во улога на спикер. Груевски се јави и на Фејсбук. Жалосно.

И „дуелот“ беше таков – цунами со јачина на прдеж.

Но, поважна работа се закажаните протести, кои (ако судиме за денот по утрото) ќе биде исто такво „цунами“ врз здравиот разум.

Една година владеење на СДСМ и бладање на ВМРО - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Повикот за демонстрации („утрото“) е катастрофа.

„Една година на големи разочарувања во Република Македонија и логично е да ВМРО -ДПМНЕ како одговорна, државотворна, сериозна партија, отвори внатре партиска дебата…. “.

Чекај малку. „ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија“? Како може да биде одговорна партија, онаа која го отфрли националниот идентитет, само за да му угоди на своите партнери – грчки националисти, за заедно со нив, да ги блокираат државите во својот развој и просперитет? Која потроши над 700 милиони евра во глупав кич? Одговорна во што? Во крадењето, лажењето, манипулирањето, убиствата, затворањата граѓани, партизирањето? Тука беше одговорна.

А сега? Сега не ги признаваме судовите. Да воведеме повторно „суд на партијата“?

ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија?

Онаа истата, која ја разнебити државата? Да не има и друга ВМРО-ДПМНЕ? Да ги прашаме стотиците илјади исселени младинци, околу државотворноста на вемерето? Ако е муабет за оваа лепрознава партија, која зарази со неизлечиви болести сѐ што додирна, некој мора да се шегува. Која државотворност? Онаа на Љубчо за поделба на Македонија? Оваа, која ја ставија на сите столбови на срамот? Онаа, во која започнаа војна, а сите единици им се викаа „есдеесовски“, без ниту еден вемереовец, а на сите списоци за исплата на плати, користење возила и камиони за војната, фигурираа вмровци? За таа држава ли? За таа држава, која цел свет ја нарече заробена? Која не можеше ниту да се преброи? За таа со „Сваровски судии“ и црни тефтерчиња?

Таа држава, да простите, повеќе ја нема. Таа замина во судниците, како што кажа Груевски. Неа ја има само во умот на Хорхе Паљурски.

ВМРО-ДПМНЕ како „сериозна партија“?

Звучи како Мистер Бин да треба да глуми во „Диво семе“. Како кадровската политика преку лотарија. Како стиропорното ре-измислено минато.

Што има сериозно во вемерето освен сериозниот грабеж, сериозните фаци на крвниците на демократијата, човечноста и моралноста и на сериозниот дефицит на основно човечко чувство кај нив? Сериозната партизација на секоја институција, сериозни пречекорувања и злоупотреби на службените должности, заради незаконска корист… така ли гласеше пресудата?

Дали затоа на Мицковски уста не му се насмевнува? Оти е од сериозна партија? Смртно сериозна, како што сериозно осмислија поштар во Турција да биде амбасадор? Како прорускиот пропагатор во седиштето на НАТО? Како „амин“ антикорупционерот, со сериозни ланци и бразлетни? Како Хорхе сериозниот, „па – ти – стани“ лингвистот?

Јадниот Мицковски на ТВ дуел, со сета своја мистербиновска сериозност, наоружан со сето „знаење“ на својот работодавец Груевски, се доискарал со фактите? Можеби Бранче му кажал како се бркаат октоподи во када или Бајрам му дал тајни информации од владата и морковот… Не дека Заев процвета во вистини, но покрај Мицковски, лидерот на „сериозната партија“, не му беше тешко.

ВМРО – ДПМНЕ отворила внатре партиска дебата?

Ова не може ниту свиња да го изеде, па ако сакаме и со сало да го намачкаме. Дали е можно најцентрализираната структура, на која и Северна Кореја ѝ симнува капа, да отворила „внатре партиска дебата“. Орбан ли им кажа како? Со алатка за конзерви ли ја отвориле? Како се случило? Рекле „отворај полиција“? Вемерето само вратите од Парламентот може да ги отвори за убијците. Ништо друго. Сето останато може само да го затвори, како што е и самиот Мицковски затворен во братската прегратка од Грујо и Мијалкови, како што е секоја идеја за просперитетна Македонија затворен од недугавите и приучени партиски комесари, со едната нога во Русија, со другата во Белизе, а мандалото им се мафта точно над Македонија. Само тоа тие го имаат за Македонија, се разбира, освен кога е Силвето расчекорената, па испаѓаат сметки за гориво, патарина и тапии од станови.

Дебата во вемерето е како дебата на логораши во Аушвиц со водоинсталатерот, за да ги поправи тушевите, оти слабо течат. Дебата немаше цели 11 години, освен од вмровско – удбашките „палома аналитичари“. Сега се надебатираа, ама до такво. На јадниот дуел, амнезијата се претвори во гнасно подметнување, како да ќе имаме избори утре, а ова е последната емисија во предизборен молк.

Трета вемереовска генерација или дегенерација?

Замислете, повикот за демонстрации е од „трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ“. Сепак, не се работи за генерации, туку за политички дегенерации. Што се тие „третите“ различни од двете поранешни дегенерирани постави? И тие кумуваа и учествуваа во илјадници мајмунлаци, толку припрости, штетни и дебилни, што им се се чудат и најбудалите. Сите се тие „гоени со глад“ во паркчето „Жена борец“. Сите тие се Груевски и од нив кавал не бидува. Мислат дека ако подзеле некоја дипломичка или докторат, донесени од курир, нешто знаат. Тие се дегенерација на вемерето, на универзитетскиот систем, на врховниот и сите други судови, на сето современо лудило во државичкава. Нивната дегенерација е предмет на лекување на институциите. „Лекови“ веќе примаат и се тетурават така дрогирани.

Не сѐ глуми дијагноза, туку лудило, алоооо!!! Дијагнозата е поставена. Вемереовците се пациенти, не лекари. Дијагнозата е напредна дегенеративно – криминогена социопатолошка клептоманска опседнатост!!! Ниту еден збор покајание, ниту една самокритика.

Додуша, ниту од Заев немаше.

Обесправени и разочарани?

Последното би требало да го патентираат како средство за клистирање. Замислете: „да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани…“.  Да ги извадиме таквите од по затвори, каде што ги затворија? Да ги собереме од по кантите за ѓубре, каде вемерето ги натера? Да ги земеме од списокот избришани фирми, затворени од фамилијата? Или од библиотеките, каде ги тепаа, или од списоците, со кои порачувааказни за демонстранти?

Или… мислат дека ефектот „сончоглед“ работи и кога се во опозиција? Земјоделците ли да ги земеме? Само да им кажеме, најпрво, дали ќе глумат администрација, студенти, невладини или патриоти. Ако за обесправени ги сметаат „патриотите“, навреме нека побараат отсуство од затвор за викенд и на Ленина нека му турат гориво, оти нешто слабо вози минатава година, а и јакната од кожа му пропаднала, оти се грижи за сопствената кожа.

Народен собир или априли – ли – ли!

Сепак, ако повикот им беше шега, добра е. Да биде шегата комплетна, нека ги повика граѓаните Ставревски, откако вемерето него ќе го повика. Можно е да не им одговори, оти одговорил на „други прашања“ од органите, признал дека „се шегувал“ и кажал „кој ги јадел чоколадата“.

Да не има некое важно рочиште на втори, па да го презакажат?

Не ги земјате на душа пратениците од домашен притвор, да ги влечкате по протести, па да ги вратат на недомашен, ниту Стевчета, оти спрема одбрана, ниту силните глумчишта и уметници, оти припремаат скровишта во странство, пред истрагата да дојде до нив. Ама… ќе морате… Покрај парите, Груевски ја има целата колекција прислушувани разговори, а не само по некоја „бомба“, како Заев… сори. Така, на протестите, покрај неколкуте стотини традиционално и националистички дезориентирани во времето и просторот, ќе одат оние кои мораат, па да видиме колку има обесправени, разочарани, а пред сѐ, уценети од фамилијата, популарно наречена ВМРО – ДПМНЕ.

Нека види таму тој Шилегов со места за паркинг на автобуси, оти ќе ги има многу од по селата, првиот полицаец нека има илјада души со „опрема“ – по еден на еден демонстрант, Рада да не поминува во близина, да не ѝ ја искорнат косата, а ти Зијадине….

Јаден дуел, но сепак ќе е подобар од протестите

Настрана шегата, дај дојдете сѝ на себе дами и господа вемереовци, зашлакајте се со ладна вода, очистете се од многубројната багра и бидете опозиција како што доликува. Кутри ќе ви бидат протестите, оти немаше никакво покајание од ваша страна. Мицковски тоа јасно го докажува со секој изговорен збор. Нему не му е лесно, оти има огромен баласт (вработен кај фамилијата) малку поголем од оној што го има Заев, кој исто така, нешто „мора да правда – што не се правда“.

Оставете го Груевски да ги сондира судовите и реформите во судството. Тој само пробува од сопствениот лек, кој се пие ДОЖИВОТНО. Немојте да ви дојде приказната од 1000 годишно владеење да имате 1000 годишна апстиненција. Засега сте потребни на сцената, оти кој ќе ги запира есдеесовците да ја фатат вемереовската. Барем додека го сменат моделот… оти умот слабо ви се менува.

Партиски реформи и покајание, а не протести… а „дуели“? Ништо многу важно, освен на симболичко ниво. Кога ниту бројките не се свети и заеднички и кога постои индустрија за фингирање на вистините, ебати дуелот, кој не е дебата. Корисен е колку галиите.

Коментари

Коментари

Реклама