Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Убаво прашање. Сето останато произлегува од одговорот, кој нема да нѝ се бендиса, како и да одговориме. Одговорот е поента и на нашата „жртва“ на името, поголемите јазични права на „заедниците“ и на… види мајката, друго и не можам да набројам. Сите „жртви“, кои Македонија треба да ги направи, се сведоа на тоа, освен ако и реформите ги сметаме за наша „жртва“.  

Заради што, воопшто, да одиме во ЕУ? - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Цело време, наместо одговор, нѝ  беше сервирана дилемата: заради што „Македонија“ да прави реформи и да гради правна држава, кога не можеме во ЕУ заради Грците? Цело време се говори дека се тоа „европски реформи“, реформи со „европско знаменце“ и дека …. на тоа сме биле натерани. И бевме терани, не ги спроведовме – освен на полошо, а за чие добро, се знае. За „народно“ и европско, сигурно не. Во текстов, наводниците на „Македонија“ се ставени заради тоа што, сеуште, не знеме која тоа „Македонија“ – во кое време, преговараше и какви интереси ги водеа низ тие „разговори“, „НАШИТЕ“ преговарачи, како за името, така и за реформите.

Напоменувам, наводниците не се ставени за џабе.

Причините на нашите политичари и на Ило Бибијо

Реформите не се „жртва“. Тие нам нѝ требаат заради нас самите, не заради НАТО, ЕУ или заради Ило Бибијо, кој пред седумдесетина години решил да бега (илегално) преку граница, иако можел и со пасош – сосема легално, да излезе преку. Пасош имал, роднини во странство, исто така. Никој не го гонел, никој не го фермал. Како со неговата глупост, така и со нашите „причини“, одговорот заради што правиме нешто – што не треба да правиме, ќе остане тајна и шпекулација. Така, и нам никој ништо не нѝ бара, што и нам не нѝ треба, никој не нѐ приморува – што и самите не сакаме (ние и вака и онака мигрираме кај богатите, со векови), никој со нас не преговара од нивни ќеф, туку по наша желба, оти имаме проблем да одиме во НАТО и ЕУ, кои имаат јасни правила и нема да одат против Грците. Сакате – повелете, а ова ви се условите.

Ех, да беше така просто. Ех, навистина политичките врхушки да сакаа во ЕУ и НАТО… За секунда ќе бевме таму… Геостратегијата е заебана игра, скоро колку и ние.

Другите „големи жртви“ лежат во одговорот на поставеното прашање, односно: тие се одговорот. Приказната оди вака: Македонија, покрај името, треба „да се подсреди самата“, за да започне преговарачки процес. За името се противиме, а за „останатите работи“ – колај работа. Нив (рефромите) нема да ги „средиме“ и ќе ве заебеме, како што досега правевме, попатно трошејќи ваши пари за проектите, кои никому – ништо не значат. Нека трпи извештајот дека имаме „напредок во…дрн, дрн“.  Други претенденти на власт и нови идеи не пуштаме со тоа изборниот модел. Што нѝ можете?

Европјаните одлично ја играат играта со „акцесијата на Македонија“: Така сакате? ОК! Ние нема да се секираме оти вие не сакате реформи и сакате да нѝ дојдете „дома“ како криминалци. Фала, имаме свои. Дури да се мачиме со вас и вашиот легендарен капацитет, односно со недостаток на политичка волја државичката да ја ослободите од вас самите, тука ни е Грција со ветото. Вие сте многу умни, а ние поумни. Сетете сѐ на Ило Бибијо.

Но, кој е заебаниот? Ние? ЕУ? Бибијо е одамна мртов, а досега и излезен од чистилиштето. Ние остануваме во него. Повеќе ќе е полско ВЦ, отколку чистилиште, оставени со „НАС“ самите. Лошо друштво, нели?

Кој тоа „НИЕ“?

Ете го одговорот: Кога ќе одговориме кој стои зад тоа „НИЕ“, ќе знаеме сѐ, па и одговорот од насловот, како и за многуте „жртви“, со реформите.

Значи, „другите жртви“ се прости реформи. Попрости не можат да бидат, освен ако некој сака да ги претстави како „болни“, „тешки“, „скапи“, па никако да почнат. Ами, не ги прави реформите невладина организација или ловното друштво „Селечка“, туку прекубројна влада. Што скапи, што тешки, што болни? Што немате за таквата задача? Ете пари, ете задолжувања, ете грантови, ете ИПА, ете невладини организации. Што уште? Да ве масираме, за да излезете од анксиозност?

Но, има „што“ – и тоа како има!!!

Ама… повторно…. нема да нѝ се бендиса одговорот, па барем на трите главни владеачки партии, кои одредуваат што му било важно на Македонците и на Албанците. Народ не оди на дипломатски преговори, туку гласа кој ќе оди. Ние гласаме – како што гласаме, редовно ја утнуваме работата и власта останува на тие – на кои останува. Жими Донт, ако ве лажам. Така, партиските врхушки се во центарот на одговорот на прашањето заради што да (НЕ) одиме во ЕУ? Сите ние „останатите“, да не речам „заостанатите“, со менталитет на мува, која, пред избор од шеќер, полен и гомно, го преферира последното, гледаме дека сите нѐ избегнуваат токму заради фекализираноста, но се буниме оти странците бараат да сѐ исчистиме пред средбата со нив, во нивниот дом. Не што се пречувствителни на фекалии, туку што такви муви како нас се нагледале, а имаат и домашни. Нашите партиски избраници велат дека ќе работат на „дефекализација“, а потоа, серат. Сега тие разговараат за подзасушените политички гомна, но сакаат ситуација, во која допрва ќе го контролираат нужникот, за само тие да можат да серкаат, кога не уринираат. И кај левите (веќе) го гледаме тоа, а кај „десните“ се сите „леви“ во тој поглед. Ете, услугата на Грците им направија со Скопје 2014 – та и сега очекуваат „возвратна“ и „одвратна“ услуга од своите десни колеги, за да ги опструираат реформите, на двете страни. Не дај Боже да успеат рефромите… никој од нив нема повеќе да биде на власт.

Изгледа дека „НИЕ“ сака да си има кочина од држава, во која „ТИЕ“ ќе прават што сакаат, па ги саботираат реформите – со името, договорот со Бугарија, „албанското прашање“, светската завера против Македонија, како што цела Југославија „била заверена“ против Ило Бибијо, кој повеќе сакал лошо пресметана глупост, отколку да си замине на граничен премин. Некои злобници велат дека имал манија на гонење, а други дека шверцувал луѓе преку граница, но не можеме да веруваме на такви муабети, како што не можеме да веруваме дека нашите политички врхушки, со години го саботираат нашето одење во ЕУ, токму заради стравот дека тие ќе станат никој и ништо, ако започнат процеси на законие, отчетност и транспарентност. Како што и Бибијо би бил еден од многуте економски мигранти, кому му следува р’мбање од јутра до сутра, освен ако таму не стаса како познат криминалец, со едната нога во гроб, а со другата тепа полицајци. Ниту на други не можеме да им веруваме, кои поставуваат прашање: За кој к.. да одиме во Европа(?), ако мора сите ние „останатите“ да бидеме водени од сегашните политички хохштаплери? И европјаните тоа сѐ прашуваат, па работава излегува дека ние граѓаните, заедно со Европејците, се бориме против домашните политички врхушки. Наивно, но логички така излегува(?). Не апелираа странците за џабе и НВО – ите да седнат на масата, ама и тие се зебаа со прашањето: кои НВО – и? Од вемерето, од есдеес или имаат некои „нивни  – наши организации“? Се надеваме дека цврсто ги држат „нивните – наши“, оти многу лесно проработуваат за некоја партија. Не заради парите, туку оти се прашуваме (сите ние нормалните и не толку слабо информирани граѓани), дали донаторите им го шепнале „тоа што го прават“ на „нивните – наши“ , или овие им се одметнале, за партиска корист. Паметиме нели? Една „нивна – наша организација“, која со години работеше за вемерето, повторно е „нивна“. А „наша“? Чија „наша“? Повторно имаме една „нивна – наша“ со вемерето и една „нивна – наша“ со есдеес? Е, до такво со „НИЕ“!!!

Што прават Заев и Ципрас со нашите кочини и тоа Европата?

Ајде да почнеме вака. Дали е барањето за ослободување на заробеното судство „жртва“? За средување и намалување на нашата „кинеска“ администрација? За подобрување на ситуацијата во здравството? За сите останати „подобрувања“ на институциите, за кои и самите велиме дека се колабирани. Тоа е жртва? Затоа ли програмите на нашите партии се саможртвување? „НИВНАТА“ порака е јасна: Невидена партиска жртва! Буџетот ќе го потрошиме на „ВАС“, наместо да го украдеме. Проектите тоа го гарантираат. Нема ниту помен како ќе ги обезбедат основните принципи за функционирање на државата (отчетност, транспарентност, слобода на медиуми и универзитети, дерегулација на бизнисот…), а проекти и „ние ВАМ ви даваме пари, кои можеме и да ги украдеме“ – колку сакаш. Реформи на кило, ама без помен како ќе обезбедат, барем овој пат, тие да бидат успешни, како што многу пати не биле. Деперсонализирани реформи, кои ги водат истите тие, кои многу пати ги заебале и тоа и од незнаење и од намера. Нема големи имиња во нив, освен партиските петпарешковци, во чие ЦВ највисокото постигнување е именувањето, башка од оние универзитетскине професори, кои тоа станале со партиско поттурнување. Тоа е матрицата на владеење и во Грција и во Македонија, покрај национализмот и небулозните глупости за загрозеност.

Можеби овие двајцава се прашале: До кога вака?

Така и Грците. Нивното главно постигнување се патиштата кои никаде не водат, или ги има по 3 паралелни и еден покрај друг, непотребни патни табли на секој чекор, нелогични патни инсталации, умрени пензионери, кои 20 години земаат пензија, високо и тесно „бруделово даночно ѕвоно“, а веќе има и неисчистени улици, зараснати патишта, фекализациони зачини на морските мириси, голема дијаспора (ако е тоа комплимент за некого)… Катастрофа за 1000 милијарди задолжување. Ако тргнеш по многубројните табли „Скотина“, ќе помислиш дека водат до милионски град, а не до петпаречко и малечко место за кампови. Сега продавале и глисери и џипови, да платат данок. Се развиле до такво. Европата веќе подискутира и на темата Грција и еврозоната. Може и пак.

Развој без унапреден процес на доживотно учење, бизнис, свест, наука и ум е еднакво на нула. Да имаш такво море и острови, а да не можеш да си го сервисираш долгот, не е за машала. Грците тоа го имаат, а последиците ќе ги чувствуваат долго. Нека поизмислат уште некоја приказна за Партеносот, за да имаат со што да ги мафтосуваат граѓаните, оти реставрацијата им оди скапо, споро и збунето. Но, тука им е Груевски за народот да не прашува за нивните реформи, туку да се срдат на употребата на грчките симболи, добиени не од минатото, туку од истата таа Европа, која мораше да избира помеѓу римскиот и грчкиот идентитет на цивилизацијата наречена „Европа“, па ги зајакнаа „грчките“, наместо „римските“ приказни (нема „грчка“ група јазици, но „романска“ има, нели?). Така се прави кочина, тоа е докажана формула.

Тука има голема приказна. Мислам дека и Ципрас и Заев знаат дека мораат да ги ослободат своите народи од гнасните концепти на владеење, за да тргнат кон одржлив развој, а не кон болно статус – кво, во кое нема позитивна селекција, либерализам и напредок. Знаат тие, како млади луѓе и како визионери (така барем се надевам – за нивно и наше добро, а и нивните ЦВ – а такво нешто велат) дека националистичките хохштаплери на двете страни соработуваат и „си нафрлаат топки“, за да ги заебаваат двата народи, а тие да ги задоволуваат клептоманските страсти. Башка предизвиците, кои следат од претстоечките бури на глобализацијата и геостратегијата, чии плодови веќе вкусивме на тривијален, но мошне освестувачки начин.

Знае и Ципрас дека „Македонија“ и Кипар (барем) се методологијата на ретроградните политичари во Грција и во дијаспората, како што Заев знае дека виктимизацијата, вемерињата и нашата лажна историја се главна методологија на најниската багра во општеството, која не може да прифати друг идентитет освен „мудријашење“ и „итарпејување“, па дури и да манипулира со карактерот на етносот наречен Македонци.

 Дали демонстрантите ќе газат цвеќиња, а не глави?

Тоа ќе е последната разлика. Тоа и прави разлика. Тоа е една од причините за ставовите на Заев, кој сфати дека „случувањето на народ“ не е баш некоја силна методологија, освен ако не постои диктатура и „случување на општа партизација на институциите“. Затоа и не ги чепка вемереовците, на наша жалост и заради сознанието дека, со такви потези, ќе има само замена на едни – со други морони.

Заев е бизнисмен и знае дека, ако економијата не стапне на чело на државата, гнасните неодговорни политичари ќе сеат националистички ветриња, а ќе жнеат бури и мито, без надеж дека ќе ожнеат и десетина години во бајбок.

Таквите се за никаде, а камоли за во Европа. Еве, ќе демонстрираат наместо да работат на најважните прашања. Дали Жането ќе им прави штитчиња и знаменца – не знаеме, но знаеме дека нема да бидат многубројни, па ако сакаат и цвеќиња нека газат, но, на главта на Зијадин Сеља сигурно нема, оти ќе има милиционери без фантомки и партиски книшки. Ние нормалните, засега, тоа го бараме, но после преговорите, па какви и да се, па што и да произведат, па биле и неуспешни, ќе бараме и друго: Вистински реформи, без „невини детски болести“ во нив. Нека бидат и болни. На политикантите реформите не им се „болни“ кога вработуваат партиски морончишта, но им се тешки кога треба некого да отпушат? Лела мајко, илјада гласа помалку, пута 3 члена од фамилија, пута 3 заради опозициска пропаганда… Кочи со тоа реформите. Така? Пак?

Затоа и ги толерира и вемереовските саботери и невладините сончогледи и гнасите во сопствената партија, за, да го реши генераторот на национализмот, а тоа е грчкото непризнавање на државата и сето она што оди како „егејски прилог“, односно наша помош на грчките националистички браќа да ја одржат неодржливата теза. Со тоа ќе го ослаби синдромот на самоуништување, низ национално себевеличање и кражба на историјата, па дали е грчка, бугарска или српска – кому му е гајле. Нив – кадри од сопствената партија, ги толерира, затоа што кај нив не може да ја пласира и сподели новата и напредна визија за Македонија, која нема да биде кочина на СДСМ, ВМРО и ДУИ. Истото (веројано) го прави Ципрас со Грција. Да не го прават толку стратешки, долгорочно и национално исплатливо за двете држави, би биле глупави.

Накрадените националистички партии имаат доволно складирани пари и слободно време да организираат националистички пирови кога сакаат. Слободно време имаат оти немаат друг занает и експертиза, освен сеењето смут, криминалот не бара многу време и експертиза, а во содејство со десничарските квазинаучници, конзервативни академици (има и поинакви?), генерали, клерот и шљамот, секогаш можеш да се надеваш на државен удар или нарушена стабилност, кога некој сака да ја наруши статус – кво ситуацијата и удобноста на „октроираните“.

Затоа, содржината на прашањето за името е небитно, туку реформите. Знаат и едниот и другиот дека неодржливите решенија за името, кои го рушат националниот дигнитет се контрапродуктивни, оти националистите истото ќе го употребат против нив, а, рековме, реформите и уривањето на статус – квото се целта, за државните потенцијали и приликите да бидат искористени, а опасностите избегнати.

За такво нешто треба да ти е грижа.

Коментари

Коментари

Реклама