Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Македонците не се инфериорни како единки. Тие, едноставно, не функционираат во група, па, било каква и да е, освен во пљачкашки банди (научно докажано стопанисување на целиот Балкан, во минатото).

Парно грас (бел коњ) - колумна на Александар Цветкоски  - kolumni na aleksandar cvetkoski

Македонците се компетициски супериорни и извонредно способни за борба и самодокажување, но, постојат колективни проблеми со водството и рамката на компетицијата, кои се потполно традициски и историски сетирани. Со тоа, психолошкото ниво можеме да го заборавиме. Во ваква дискусија за „духот“ на овој народ, психологијата не игра улога. Едноставно е: она што сме го добиле од нашата социјална култура како конкурентска предност, сме го изгубиле на ниво на социјална регулација и ориентација.

 

Дури и еден летимичен преглед на социјалните фактори на нашата беда, бара (најмалку) десет томови. Се разбира, тие томови нема кој да ги напише, оти тоа бара ученост. Етнопсихологијата на овој народ ја имам изучувано и учено на факултет, па знам дека, јас – лично, не можам ниту да се приближам до темата. Не сум доволно учен за тоа, но едно сигурно знам: колку не знам. Да завлезеш во оваа тема значи дека (овде нема „ама“) ќе се декласираш, експресно и неизоставно. Кој пробал – знае. Еве ме и мене на тоа поле.

 

Да појаснам со еден „лесен“ пример. Ромите, во цел свет покажуваат ниско ниво на материјална благосостојба, слабо прифаќање на општите токови, трендови, негрижа за опкружувањето, оправдување на традицискиот криминал поврзан со трговијата со деца, просјачење и многу други девијантни и криминални постапки (нема да објаснувам, оти е премногу стручно, но ако ја преведете песната „Сајбија“, ќе стане појасно) едукацијата, акумулација на богатство… Да земеме дека разбираме за што говориме, иако не разбираме, но, да направиме ментална „вежба“, со стандардното сфаќање за тоа: какви се Ромите. Верувајте ми уште едно: Ова е ниво на предрасуди, па, прочитајте и заборавете. Вредноста е само методолошка, за написов.

 

Ќе се запрашаме: заради што е тоа така? Потоа ќе следат милијарда податоци и „истражувања“, кои ги има на тони (барем за Ромите е многу пишувано, како „лесни“ вежби за професорите, во кои жестоко се заебале).  Сфативте, на крајот од истражувањето добиле нови стереотипи, кои немаат никаква научна вредност.

 

Ако ги запрашаме Ромите, ќе добиеме изненадувачки ставови: Тие се среќни со она што го имаат, колку малку и да имаат. Ние пробавме да завлеземе во нивниот идиом и основи на поимање на светот, но не успеавме, како што сите останати не успеале. Нашите „рамки“ за нив не функционираат. Секоја култура е sui generis и не може да се објасни со наши вредности  и рамки. Ако некој сака да ги сфати, ќе мора да ја чуе песната „Парно грас“. Во неа има повеќе, отколку во истражувањата. За еден Ром, локалната ромска заедница е рамка. Тој не сака да се такмичи со нас останатите, ниту овде, ниту во светот. За него нашите вредности се смешни, нашите вештини недоследни, нашата желба за долг живот и старачко здравје – неразбирливи. Тој сака да успее во ромската заедница, а не во градот и државата. Ние (сите, кои не се Роми) останатите сме „чауши“, што значи: надвор, небитни, луѓе кои не знаат да живеат, кои се плашат од животот, кои немаат никаква природна мудрост и способности, кои се плашат од сопствениот импулс, кои се заробени во материјалното и не би го разбрале општиот духовен свет, кој постои секаде околу нас, а ние не го гледаме. Како што ние имаме стереотипи за нив, тие имаат за нас.

 

Во тој свет, нивното такмичење е индивидуално, но, мора да биде валоризирано од заедницата. Тие знаат дека зависта мораш да ја заслужиш – индивидуално. Нивното печалење не е од ист вид со нашето и тоа мора да покаже личен печат и да го истакне човекот, кој успеал. Кога тој ќе се докаже во заедницата, со она што го смета за успех, тој може одма да умре, затоа што Ром без соништа е мртов човек. Тогаш, таквиот се качува на бел коњ (може да биде и бел мерцедес), прошетува во заедницата, за да соопшти дека тој успеал и не му е жал и одма да умре. Тој се помирил со Боговите (не, таква „верска заедница“ не постои).

 

И ние имаме свој бел коњ, но, кој е тоа и каков е? Каде е нашиот фитил на честа и моралноста? Едноставно, не можеме да кажеме дека Македонците се неморални суштества. Такви на светот не постојат, на ниво на народ, поголема група, па дури и групата фудбалски навивачи или мафијата, имаат етика и морал.

 

И ние имаме многу елементи од „изборот на бојното поле“, во кој ќе го живееме животот. Ние (барем порано) моравме да се истакнеме во маалото, па потоа „да го освојуваме“ светот. Веројатно е тоа социјално кодираната ориентација во просторот и социумот, останато од приматите, но и од видовите племенска организација на словенските склавинии (сеуште „племенското“ во нашето однесување го препознаваме).

 

Една таква „наша карактеристика“ искористила Ромејската држава (ние ја викаме Византија) затоа што склавиниите не можела да ги уништи со војска, па прибегнала кон една врвна лукавштина: започнала на племенските старешини да им дава титули и функции. На тој начин, склавиниите имплодирале сами – во себе. Самоиловата авантура и пораз е само резултат на таквата политика.

 

Веројатно, тоа останало и до ден – денес како беспоштедна борба и конкуренција за „титули“. Немањето срам не е некоја од најдлабоките карактеристики на Македонците. Мора да има и нешто друго. Ако заеднички акцептираме дека, за еден просечен Македонец, попривлечно е едно директорско или инспекторско место, универзитетска титула, слава, па дури и да е стекната со херостратски постапки…. отколку правењето милиони евра, како бизнисмен, потребата од истражување од нашиот „бел коњ“, станува легитимна.

Коментари

Коментари

Реклама