Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Културната некрофилија успешно продолжува, а многубројните „институции“ од областа на културата и надобудните и лукави „културни менаџери“, повторно си го најдоа патот до парите, па ќе реализираат изложби од областа во (привлечниот) „примитивизам и ренесанса“ стил, толку примерен на нашиот културен естаблишмент. Штом е мртво – добро е.

Дали Прличко само ја грабна или и ја силуваше Мис Стон? - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

За жал, Теодосиевски е во право, но, кој тоа ќе го сфати? Ниту министерот нема да биде сфатен, со својата Стратегија за културен развој, во која, „отворањето нови културни простори“ ќе биде акцептирана, веројатно, истата година кога ќе го колонизираме Марс. Засега, „отворањето простори“ е можно само со хебла. Ние за тоа немаме капацитет. За нас е идеал да земеме мртва ствар (експонат или артефакт), да направиме витрина за нејзино сместување, а потоа да лиеме воздишки на таквата мртва ствар, сосема сами во суб-стандардните сали, оти посетители нема, а ќе ги има сѐ помалку. Тоа, во психологијата, се нарекува „некрофилија“. Ако не е мртво, не нѐ пали. Некои мораат и да го убијат „предметот на желба“, за да им биде привлечен.

Совршен пример за тоа е Музејот на македонската борба…, која, во тој „музеј“, е претворена во „музеј на јадната борба“. Нема тука дебата, разработување на мозокот, инспирација за понатаму. Тоа е забрането таму. Единствено што може да ти дојде, ако имаш барем трошка креативност, е да ја замислуваш Мис Стон гола и да се мислиш дали таа станала македонски лобист, оти е квалитетно силувана од комитите. Мис Стон ја нема, примитивизмот остана. Силувачите исто така.

Мастурбаторите на мртви ствари не можат да се приспособат на поимот „живот“. Еве ги и по улици, како што се присутни во проектите од културата, популарно наречен „социјална помош за залутани институции, културњаци и уметници“. Животот е феномен. Не оној на Заев, за кој ниту знам што значи, туку животот како најдлабок израз на почитта кон сопственото и општото живеење, кое културата и уметноста треба да го направат поподнослив и посодржаен, но и да го топираат како култура на живеење, култура на стандарди, како чудото на Бога или прородата, како – кој сака. Култура која нема да те остави нем, која ќе те натера да се помислиш, која ќе те налути, насмее, ќе кореспондира со некој скриен слој на животот во тебе, како нешто, што нема да те остави рамнодушен и ќе го донесеш дома, за ручекот со семејството, да ти го направи поинтересен и попродуховен; која ќе те натера во работничката соблекувална да го закачиш своето домашно платно, кое си го направил како реакција на некоја телевизиска емисија. Живата култура и (сѐ уште) живите артисти треба да покажат малку милост кон оваа државичка, да пробаат, барем да пробаат, да ја замислат жива, а не мртва, за тие да можат да сѐ возбудат и никој да не дознае колку се просечни и под тоа.

Македонија е најпривлечна мртва, тоа го знаеме, а ние преживеаните имаме доказ за сопствената виталност. Како екстремофили. Ете ги купишта целовечерни емисии со историја на мртвата држава, ете ги изложбите со приказ на умирањето на цивизацијата, оти повеќе не постоело средсело и селани, кои би ги облекле шарените калчуни; ете ти ги „националните“ изложби, како доказ за неукоста и неснајдувањето. Некрофилите, Македонија веќе ја обработуваат како мртво тело, кое е окаменето во историјата, квазиидентитетот, во квазикарактеристиките „факти“, кои, како да ги донел ветерот и ги залепил на насапунетиот ѕид на срамот. Чекаат тие расипани „снајдувачи“кутрата државичка званично да умре, да ја стават во витрини, како историска карта, како неписмено писание на некој „македонски деец“, поѓомити, нешто напишал за неа, како носија, како занаетчиски алат, како атавистичка театарска претстава од социјализмот, како перверзија на „едкаквите“, не пред Бога,туку пред алосаниот закон. Таква култура, и уметност е привлечна за нас Македонците, оти единствено можеме да ја препознаеме во својата неукост, а кај Албанците сето тоа е на квадрат. Тие за уметноста, уште полошо отколку кај македонскиот турнус, говорат како за „албанска уметност“, „албанска култура“… Идејата – во глобалниот свет, да ја крстиш „албанска“. Страшно. Како да говориш за невина курва.

Овие културни перверзњаци се како плевел. Пиреј на квазиживеењето, каде единствениот важен факт е дека парите се веќе земени. Пари дадени без било каков репер. Дотираната уметност и култура не бара отчети, критика и стандарди, оти нема кој да ги прочита. Единствениот стандард во нашиот случај, би бил, дали Прличко, дали комитите ја „обработиле“ Мис Стон и дали тоа може да се претстави во 3Д. Тука, барем има приказна. Замислете наслов: „Вагинални мемоари на Мис Стон“. Бедно? Сепак, не е победно од таа „македонска борба“ од фалсификати и империјален декор.

Барем да направеа чипкаст долен веш со бренд „Мис Соне“, од кој се палат „комитите“ на протестите. Дотогаш, Ивона, со нејзините гаќи од 500 евра, може да помогне, а Министерството за култура тука може да помогне со грант за изложба на македонскиот долен веш во културата, во витрини, кои дихтуваат (за наше добро).

Коментари

Коментари

Реклама