Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Долго се трудам да го задржам во себе бесот кој го имам за она шо ја труе Битола. Ќутам и чекам. Оти, нели, се чека само нешто да кажам за одма да ме нападнат и да речат: режимот поарен ти беше???

Кога нѐ лажевте – тогаш или сега? - колумна на Габриела Илиевска - gabriela bitola 750x354

А навистина сакав да им дадам барем 100 дена. На овие нашите, локалните. И можи не е толку проблем времето, колку што е начинот на кој се однесуваат кон нас. Кога велам “нас“, мислам на оние кои беа со “нив”. Во едни поинакви времиња. Опозициски.

Слушам и гледам, ќе сликале за да откријат што ја загадува Битола. Зошто ви е тоа? Не морате, нема потреба од сликање. Доволно ќе биди само да ги отворите фејсбук профилите на сите оние кои денес седат во фотелјите, а кои не така одамна со свирчиња бараа чист воздух.

Колку и да сме народ со кусо паметење, прекратко е времето и пресериозен е проблемот за да можи така лесно да заборавиме кој од нив, кога и што зборувал и пишувал. Укажуваа дека воздухот кој го дишиме нѐ засега сите нас, дека времето ги разголува лагите, дека вратата на болката во нечии домови се отворила, дека секоја недела во Битола има по два нови пациенти заболени од рак и дека тоа е бројка која сите треба да нѐ разбуди. Ама, падна снегот ги покри трагите…

Денес се потсмевате на сето она што до вчера, јас, вие, ние… заедно го баравме. Се срамам оти бев наивна и верував дека вие, “новите“, нема да сте такви како претходните. Дека ќе имате малку поќе љубов и одговорност кон сопствениот град. Дека до вас ќе допри маката на вашите сограѓани. Нашата битолска мака. Дека ќе го вклучите алармот, ќе повлечите црвена линија и ќе речите: доста Битола тивко умираше! Ама испадна дека наместо чист воздух, многумина барале вдомување и парче од колачот за себе. Ништо поќе од тоа.

Отворете ги профилите и на оние другите, кои денес се “поголеми католици од Папата“ кога е во прашање борбата за здрава животна средина, кои се “смртно“ загрижени за воздухот кој нѐ труел. Истите тие не така одамна, до пред само некој месец тврдеа оти нема загаденост, оти битолчани дишат “релативно чист воздух“? Небулозна изјава од која веројатно се срамеа и самите тие. Оти такво нешто не постои. Оти воздухот е или чист, или загаден, трето – нема!

Се мислам, ќе биде ли непристојно ако и едните и другите ги прашам: немате ли срам? Остана ли малку гордост во вас? Не ви е ли непријатно од самите себе и вашата дволичност? Кога сте лицемерни – тогаш кога сте во опозиција или кога сте на власт? Кога нѐ лажевте – тогаш или сега? Менувањето на вашите политички ставови на дневна основа во зависност од вашата популистичка агенда, можам да го сфатам. Ама кога тоа го правите на штета на здравјето и животите на битолчани, тоа ниту сакам, ниту можам да го разберам.

Човечкиот живот нема цена. Доволно е лошо тоа што Битола се празни, што младите секојдневно заминуваат по белиот свет. Затоа не смееме да дозволиме партиските интереси да надвладеат над основното човеково право, правото на живот и здрава животна средина. Одговорноста за тоа подеднакво ја имаме сите и никакви оправдувања не се дозволени.

ПС: Секоја сличност со актуелните настани и личности е намерна.

Коментари

Коментари

Реклама