Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 20°19.08 / Нед
28° 19°20.08 / Пон
25° 18°21.08 / Вто
26° 20°22.08 / Сре
27° 16°23.08 / Чет
28° 16°24.08 / Пет
26° 16°25.08 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Веќе започна. После локалните избори, бранот ќе се засилел. Малчески, додуша презадоцнето со години, открил дека вемерето ќе паѓа, па отиде бегалка. Можеби ќе открие и дека Џон Ленон го убиле.

Нов бран бегалци во Октомври - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Бог да ги прости. Новиот бран бегалци, кој се очекува од Октомври, па натаму, во стампедо, без чамци и италијанска полиција, за да ги спаси, ќе емигрирале и од вемерето - во „другото“ вемере и од вемерето и „другото вемере“ - во СДСМ. Природно е, уште од Ева, која го нахушкала Адама да го касне јаболкото на сознанието и љубопитноста, за да види како е во другите партии.

За овие бегалциве, потполно е неприфатливо да останат без парија, зад себе. Едно е јасно: проевропската и несигурна прегратка на СДСМ, во која, „секој може да ти го свирне“, по зборовите на Геро, е сепак, посигурна од стамената вемереовска „грижа“ за кадарот, со државни кредитни картички, заради фактот што „кадарот“ долго време ќе биде на самофинансирање, во недостаток на власт.

Вемерето е машина на внатрешно согорување, па многу троши – сите тоа го знаеме. Грујо им порача дека се враќа на власт, но овие „бегалциве“ не се толку наивни и знаат задоцнета физика (нели, професоре?), каде убрзување, помножено со маса – на квадрат, дава формула за енергија, а не за статус – кво, и тоа со години.

Значи, ако егзактно ја поставиме формулата на Анштајн, применета на македонски терен, добиваме дека „убрзувањето“ на законските постапки во судовите, „масата“ граѓани, кои не разбираат што вемерето сега талалика за некакви бегалци, закони за јазици и договори со Бугарија; и објавувањето на малверзациите и пустењето наши пари „на квадрат“, резултатот ќе биде фијаско за вемерето.

Тука не помага ниту „хемијата“, со која вемерето ги лажеше „големите“ Македонци. Грујо не знае ни математика, ни физика, па, додека е зајакот уште в’шума, тој припрема коалициски потенцијал за „нова љубов“, на Алсат ТВ, додека во исто време одржува партиски хард – кор национализам со Чилиманов и другите санкилоти.

Дека Грујо не знае физика, потврдува и фактот дека, тој не знае дека не може да биде на две места – истовремено: и националист и коалиционен партнер на Албанците.

Порано, по „Житието на Али“ тоа беше возможно, но ги фатија дека „учебникот“ бил фалсификуван. Сега, Али гувее, во прегратките на Заев, знаејќи дека само македонска партија може да го одржува во живот, па не смее да ги слуша ниту серенадите, од под пенџере, на напалениот и пропаднат Ромео Груевски, затоа што чувствува дека новите албански љубовници го пудрат носот, за да му се препорачаат на шармантниот Заев. Да имаше останато нешто памет во вемерето, немаше да проповедаат за бегалци, туку ќе се справеа со вистинската причина за партиската беда – лидерот и за сопствената - криминалот.

Сега, што од недостаток на личен интегритет, патриотизам и грижа за партијата, која од тотални пропалитети и губитници, ги направи некој и нешто, што од небазирана надеж и базиран страв, јавно рецитираат партиски соопштенија, а тајно се спремаат за бегалци.

И сега ги има, но во Октомври ќе ги има во бранови, па, си велам, овие првиве, некако, можат „да бидат згрижени“, а оние, после изборите – тешко, освен од СЈО, како обвинети или сведоци. И судиите, после изборите, можат да се најдат од улога на „забегани“, во улога на пребегани, па сега види. Ете, вемерето било во право. Заев навистина правел станови за „задоцнети бегалци“, но не и за бегалци, со законот за амнестија. Чиста физика.

Коментари

Коментари

Реклама