Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

13°

Временска прогноза

13° 12°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
20° 13°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Не плашeте се. Нема да има референдум за оваа дилема, заедно со локалните избори. Таравари не спомна ништо околу решението на оваа дилема, лукаво избегна, но ужаснат од помислата дека еден ден треба да одговори - избега за градоначалник. Кутриот, навреме не размисли дека проблемот не е медицински, иако е Македонија една од најнапредните земји за промена на полот.

„За“, или „против“, промена на полот - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

„Клиники“ за промена на полот на секој чекор: судови, Парламент, Влада, Институции, политички партии, менталитет – најсовремени и опремени со неверојатна „опрема“, од која и на Американците, Европјаните и, посебно, на Австралијанците, им се ежи кожата на главата.

Заев, кој е обвинет од вемерето, дека е против бизнисот, ќе ги претворал „клиниките“ во институции и ќе ги убедувал младите да не го менуваат полот, но тоа не е битно, затоа што е тоа „домашен бизнис“, па, никого не го боли. Нормално, како домашен бизнис, немало субвенции, затоа што цел буџет бил субвенција за вемерето, кој бил безумно „креативно користен“, а за „новиве“, тој е кутар остаток на обврски и долгови, заедно со „прилогот“ од 200.000 души на „државни и општински јасли“. Едни на државна плата, други со сменет пол, а.... невработеноста се намалила. Смешки.

Точно е, младите го менуваат полот со надзвучна брзина, а тие, кои не го смениле, сеуште, сонуваат да ја сменат, барем, хемисферата: Америка, му е мајката! Јужњаците од Австралија и Нов Зеланд, повеќе не даваат по 2 долари за напредокот на Македонија, оти не планираат ниту да се вратат на стариот пол. Оние, кои ја сменија само хемисферата, по лошо ги паметат „клиниките“ на Грујо, со општа констација дека „од ова дрво не се прави кавал“. Но, тоа нека му го мисли Заев, во 3 – 6 – 9 чекори, се разбира, ако партнерите не го уценат премногу, ако „уставен“ не му го укине планот, и ако „врховен“ не му измисли нешто ново, во својата бескрајна криминална занесеност.

Екваторот и Гринич се поминати и младите фатија „северна географска ширина“, додека во исто време, заробеното вемере во „источни географии“, ги вади последните атоми од себе, да не натера, повторно, да се чувствуваме како жртви на меѓународен заговор, додека, како портарки, оговараат и го реметат Талат, да им даде пауза, знаејќи дека овие „новиве“ не се такви дивјаци, како што беа тие, па да ги исфрлат на клоца од Парламентот, заедно, или без новинарите. Талат, иако „со мувата на капата“, веќе не молчи на говорница, а објаснувањата му се чиста поезија, но ја рецитира „на суво“, оти јајцата од препелица, веќе, не смеат да бидат плаќани со службена картичка.

Заради тоа, младите го менуваат полот и фаќаат јужен пол и „западни географски ширини“, а надеж не им даваат ниту анкетите. Тоа не се само анкети за партискиот рејтинг, туку „Референдум“ за преосмислување на „клиниките за промена на полот“ и меридијанот, популарно наречени „институции“. Тоа е референдум за помирување на левата и десната хемисфера на македонскиот мозок, каде Заев треба да ја направи најсилната промена, оти, еве, очигледно според анкетите, народот пролупал. СДСМ бил во предност, но, ако се земе предвид, што вемерето направи во овие 11 години, резултатот требаше да биде 99 спрема 1%. Кога тоа ќе го видат нашите „деца“ во странство, ќе знаат дека нешто со нас, дефинитивно, е погрешно.

Груевски знае нешто, што, ние нормалните, не знаеме. Можеби и заради тоа субвенционираше „летови за промена на полот“ и меридијанот, додека, во исто време, ги подмитуваше гласачите и ги правеше соучесници во пустењето на државата. Тоа не беа пари, туку „вакцина“ за општ клиентелистички хохштаплерлук, на кој, овој народ е неверојатно податлив. Тоа, најдобрите од нас не го издржаа и го сменија полот, и/или меридијанот, оти, мошне прецизно, сфатиле дека животот е еден и дека не можат да зависат од партиската книшка.

Заев, исто така, знае нешто, што ние не знаеме. Знае дека е така, па, не смее, покрај млаките реформи и аминувањето на војската вемереовци – поѓомити државни службеници и административци, да закаже и „општа операција на умот“ против промена на полот и меридијанот, која, чесните бизнисмени ја добија на отворениот пазар, во најтешки услови. Тие се излечените и потребно е да ни дадат, само малку, крвен „серум на вистината“ за и нас, да не излечат. Можеби тогаш ќе разбереме дека, „деловно чесните“ и успешните, треба да ни бидат пример, тие бизнисмени со храброст и визија, а не политички битанги, кои со своите референдуми, стиропорни и тврдокорни и со своите сељачки финти, зарежуваат уште една крвава бразда во живото ткиво на македонскиот збунет мозок. Го молам Бога, Заев да останал повеќе бизнисмен, отколку политичар и повеќе „хирург“, отколку бизнисмен.
Инаку, нема да видиме ниту „северен, ниту јужен повратник“ во државичкава.

За „серумот на вистината“? Лесно е да му земеш на човек - но како да му дадеш? На сила не можело, освен, со промена на полот... или со казнување на битангите на избори. Тоа би бил „референдум“, кој на Македонија, навистина и треба.

Коментари

Коментари

Реклама