Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -7°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Голгота! Тоа Македонија помина. Веќе заборавивме? Бесните пци на Кајафа тоа ни го сместија.
Дали навистина заборавивме дека шепотевме, гледајќи лево – десно, некој да не чуе и пренесе? Толку ли сме комотни да заборавиме, како го носевме крстот по тесните улички на изгнасеното судство, кое не пропушта прилика да го покаже своето акрепско, лепрозно лице. И сега дури! Еве го со Грујовски и Бошковски, пред него со Кочан, пред него со Војо „непристрасниот“, пред него со стотици други Ана и Кајафи, Јуди и Пилати.

kolumni na aleksandar cvetkoski
Зар сите ние да бидеме како нив рачунџии, лижигазовци и лиги?

Тие од корист, а ние? Заради што ние да заборавиме? Чуму тие смешни апели да не се партизирало, да немало притисоци врз судството, да немало казни, да се укинела радиодифузната такса и милион други нешта, кои вемерето ги воведе, со нивна помош го „одра“ народот и сите тие париња си ги потроши за партиски дувла, скулптури, мерцедеси, прејадувања и гаќи... Тоа им е опозициона борба? Така тоа се правело? Во која црна Тунгузија тоа така се прави? Знаеме – има избори, но дали има исав кај вемереовците? Тоа е прашањето.

Стопанството доста долго шпарташе по улиците со тоа крстот и сретна доста Пилати, со однапред напишани глоби. Дали ги заборавивте илјадниците евра казни, заради ќефот на партијата да се принаполнел буџетот? „Затворени на 30 дена“ – познато ви е?

Некои уште кредити отплаќаат или поминуваат да си ја видат куќата, која порано била нивна. Немаше кој да ве брани!!! Не се нагледавте адвокати, со подигнати рамена од немоќ? Ниту за пари не сакаа да ве бранат, „да не се замереле“.

Гледаме, во Парламентот, дека вемерето се заборави, освен дека Заев бил „амнестиран криминалец“, наместо да се запрашаат, дали тој самиот заборавил дека го носеше крстот, а и трнливиот венец, кој крвнички на глава му го наби тоа нивно вемереовско судство. Имаше некој што не знаеше дека процесот е намештаљка? Имаше некој, кој веруваше дека Љубе зема пари директно од Бундест Банката, па тие да бидат под сериски број – како од печатница, како што идат во Народна Банка? Малкумина тогаш проговорија.

На вемереовска и наша среќа, и како што можат сите да видат, Заев тоа го заборавил и води држава, не по „ваше“, не по „наше“, туку по закон. Не „согласно закон“, туку: ПО ЗАКОН. Не „нашата Македонија“, не „вашата Македонија“, туку, просто: Македонија. И пак, мора да го контролираме, да не стане и тој диктатор, ко Грујо што беше (внимавајте – во минато време е глаголот, а од нас зависи дали „ќе остане во минато време“).

Ама.... Мене, како човек, не ми иде в’глава, како е можна толкавата расипаност? Како не им иде на тие мифки вемереовски, ѓоа пратеници, барем малку да ја наведнат главата, пред сите тие докази и снимки, во кои се фатени како кленови? Еве, дури и да се извлечат без затвор, што глумеа портири во Парламентот, во што не би се опкладил, каде тие мислат да живеат и да ги трошат парите што ги искрале? Ќе нема кој со нив да седне, па дури и да го честат. Просто, ќе им биде срам на луѓето, да ги видат со нив. Некои нема да седнат со нив од хигиенско – санитарни причини - верувам.

Затоа, не сакам да заборавам. ВМРО, кое сега глуми лудило и грижа за граѓаните, Македонија ја пратија на голгота, на потсмев од светот, на немилост на мивките партиски, новинарски и стрвинарски. Тие, и само тие, колваа од телото на кутрата држава, мислејќи дека е скоро мртва, откако зедоа пасоши и тргнаа некоја милијарда денари на страна, од аврата на нашиот Тибериј, кој ниту гледа, ниту знае, оти „бил на патување“. Како си рекоа? Кому му е грижа за кутра Јудеја, пардон, Македонија? Тоа е вемерето: заборав, дерт и пакост. Без исав и срам.

Што глумите сега, вие бесни пцишта на Кајафа, понапикани во Парламентот, судството, институции, по директорлаци, амбасадорлаци, хонорарлаци? Пилата ќе го обвините? И вие бевте на патување? Тоагаш, ајде патувајте негде – имате пари.
Одете во од м.. Не, не така (кога се нервирам одма наместо „ќ“ пишувам „ч“). Че кажам пољубезно. Одете најдалеку што можете да најдете, да можеме да работиме и живееме без вашите пакости и опструкции... па и не морате да се вратите, а ако и „притребате“ на Македонија, ќе ве најде со потерница.

Не, не е тоа најлошото. Че си полежите и нема проблем. Проблемот е друг, а лежи во прашањето: Ако Апелационен суд ви даде време да избегате, а партијата „ви средила“ каде да одите, дали тоа ќе биде луксузно дувло за пците на Кајафа, или длабока дупка во земјата, што неупатените го викаат „гроб“?

Интересно прашање, не? 

Коментари

Коментари

Реклама