Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

 Колку сакаат нека се фалат Америкаците, НАТО, ЦИА и останати „задолжени за светот“ дека тие ја уништиле Југославија. Немаат шанси со нас. Ние си ја уништивме. Еве, до сега успешно ни одеше и со уништувањето на Македонија, но овој Заев сака да ја зафркне работата. Кутрите тие обавештајци, со сите пари на светот, едвај не зачуваа во живот и да не се испоколеме меѓу себе. Нам не ни се потребни ниту Албанците. Имаме ние братоубиствено - криминални причини и без нив. Не се тоа некакви идеолошки причини, туку простотилакот.

Ние сме тие, на кои родителите не предупредуваа - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Како може „странска служба“ да уништи држава, ако е држава. Пари? Државата има секогаш повеќе, отколку „странците“. Обавештајци? Не може да има ниту 1 промил, спрема нашите тајни служби, полиција, војска, институции, судови, обвинители. Платеници? Што со нив? Не може да има толку платеници, колку што може да ги плати нашата влада. И ги плаќа, било во хонорари, било во криминали, било во прејадување.

Затоа, „балонот“: странски служби, соросоиди, платеници, едноставно не држи вода. Дали странците „помогнале“ во „самоуништувањето“ на Југославија? Само Бог знае! И да помогнале, прашањето е што правеле нашите служби? Но, добро е да се знае: Најдобро е да имаш кого да обвиниш за своите промашувања. Така, ЦИА е најдобриот лек за оправдување на сите светски диктатори, скриени во ликот на демократи и домољуби.

Она што ги уништува државите, достоинствениот живот на граѓаните, нивниот стандард, приходите, слободата е секогаш „домашна работа“ и тука „странците“ не можат ниту да примирисаат, односно, не можат ништо да расипат. Ние сме тие кои расипуваме. Ние сме тие, на кои родителите не предупредија.

Негативната селекција е првата пукнатина во бедемот. Во Македонија нема промашување: Колку полош – толку подобар. Видете го судството и не треба објаснување.

Образованието е „чуварот“, а лошото образование „гробарот“ на една држава и нејзината благосостојба. Познато ви е? Секое село има универзитет, а професорите и директорите во средното образование носеа беретки и хушкаа деца да бранат криминал.
Некомпетентноста е рецепт за неуспех. Видовте негде систем на кариера, освен во „алосаните“ говори на „експертот“ Марта Томовска? Видете ги законите од компетентните „легислатори“: сите се во колизија еден со друг. Оценете го здравството, после апашите од минатата власт: полни болници со вработени, но доктор ниту за лек. Видете ја кутрата ИПА, со сите тие „единици за спроведување“. Сега, треба да не чуди малата искористеност на помошта и огромното задолжување?

Номиналноста е мајка на правните лавиринти на неказнивоста. Замислете, Зврлевски не реагирал на „бомбите“, на илјадниците обвинувања за криминал во медиумите, оти немал званичен допис. Така и антикорупциска, така агенцијата „за перење пари“, и сите други. Трајко не станувал од „престолот“, оти тоа не било деловнички. Што знае тој, што се 62 пратеници.

Криминалот, кај нас, е основниот принцип и моторно гориво на проектите. Да очекуваме успех од проект – правен само заради криминал? Ах, кутра наивност.

Претераната правна регулираност е следниот уништувач. Видете го пазарот. Секој инспектор може да урниса фирма за најбанална глупост. Стопанството е во канџите на милијардата закони и илјадниците „спроведувачи“, на кои тоа им е крава молзница, што за државна, што за приватна корист. Очекувате да се развива во тие услови? Смешно.

Партизираноста на институциите е болка, за која јас (и многу други – за жал) верувам дека нема да ја преживееме. Причините за „планираниот неуспех“ веќе сега ги „етаблираме“, за душманите и домашните издајници да бидат виновни (како во песните).
„Акцијата за вработување“ од 1982 година, не ја преживеа ниту Југославија. За оваа вемереовскава, која е уште пострашна од тогашната – не сум оптимист. Постарите се сеќаваат, кога веќе зацврснатите институции, кои можеа да им речат „не“ и на комунистите и на „Социјалистичкиот сојуз“ и на семоќните „СИЗ – ови“, веќе градеа вистински плурализам, култура на законие и своевидна демократија, беа буквално загушени, а потоа и „убиени“ од нововработените – без никаков критериум. Тоа ја „уби“ Југославија, заедно со евтиниот национализам, со кој се одеше пред „најпростата раја“.  Така – со ред, до илјада и еден.

Постои ли таква странска служба, па нека ја состават за нас - специјално, од ЦИА, КГБ, МОСАД, Сигурими и .... која може да не спаси од нас самите? Постои ли поголем душман од нас самите, што од немислење, што од непочитување, што од простотилак?

Сите знаеме кога се работи за другиот, но никогаш, кога се работи за нас самите. Ете тоа е причината. Ние не можеме да воспоставиме систем, базиран на минимум домољубие, но, не од „евтиното“, туку од граѓанското, во кој постои само еден патриотизам: Да си ја работиш работата најдобро што можеш. Друг патриотизам не е потребен.

За „другите видови патриотизам“, родителите не имаат предупредено: „Немој сине како него. Прави пари, но и беда за државата“.
Странци? Дај Боже од секаде, макар нека се и најзлонамерни – сигурно ќе бидат подобри од нас.

Нека ни простат родителите, кои ги слушнавме, но не ги разбравме, и нашите деца, кои ги спремаме за странство, што ние сме станале тие ѓубриња, на кои родителите не предупредија навреме.

Коментари

Коментари

Реклама