Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Токму така. Реалниот сектор бара реални фирми, а не перачи на вемерето и „странски ивестиции“ со наши пари. Тие вработиле 20.000 народ? Нека ми ги даде мене вемерето истите пари, како на странските инвеститори, јас ќе вработам 40.000 и никој од нив нема да мора да оди на работа, односно, нема да има ниту фирми. Владата ќе даде, ќе поделам плати за седење дома, а рестото ќе го ставам в’џеб – исто како и сега, со таа разлика што работниците одат на работа, а фабриките работат, но за чија корист, не се знае. Вистината е таква: има влез (увоз) има излез (извоз), БДП – то се „помпа“, а ништо во буџетот не останува (влегува без давачки, излегува без давачки).

Колку што вемерето разбра, толку Анѓушев греши - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Барем да плаќаа придонеси. Ни тоа го нема – владата и тоа им го плаќа. Единствена корист за вемерето е што задолжувањето на државата оди на процент од БДП – то, па можат повеќе да се задолжуваат за ист процент. Корист никаква, а штетата невидена: се што е нормално и „не пере“ за владата, односно не си брка бизнис како „странски инвеститор“, е на „презимување“, конкурентноста е веќе убиена, раст нема, осовременување исто така. Циркусот се пакува и на пољаната ќе остане само фекализираното нужниче. Веќе и играта не е иста.

До скоро играта се викаше „укради го буџетот“, а сега (барем е таква намерата), ќе се вика „сам паднал – сам се отепал“. Расти реално, ако можеш, ако имаш ум, вештини, знаење, а пари има секаде (на пример, во ИПА-та не чекаат стотици милиони евра, за кои немаме а’кл да ги земеме). Во ред е, сите знаеме дека цела Европа ја игра играта на контрактивна економија, но неа ја играат реални фирми, со многу моќ, а владите не се најголеми работодавачи.

Европа учи. Веќе има научено дека после големите собири на коморите и работодавачите со премиерите, само чистачите разбрале што е поентата: Тие валкаат – ние чистиме. Колку поголемо било шоуто, толку повеќе ѓубре, а гостите биле таму да се сликаат и да „бакнат рака“. Мислите нешто разбрале? Ниту некој кажал, ниту некој разбрал.

Тие, кои можеле да разберат, имале работа. Ах, кутро наше сечење ленти и бладање на Мизо и останати преправени комуњари - ѓоа демократи. Колку многу ќе не чини. Тоа говорам: важно е да се знае името на играта.

Тоа и Анѓушев говореше и ми се стори како да го читам Донини и ревидираниот марксизам (оној, кој ние не го учевме), во кој се вели дека е најважно да се знае што е доминантен економски однос во една земја, односно кој однос функционира како производен однос. Порано биле машините и технологијата, па менаџерскиот систем, па трговијата, па концептот на нет профит, а денес основен производен однос е политиката (барем во вакви банана држави како Македонија).

Какви фирми, какви брендови, каков туризам. Политиката е основната движечка сила, која „дава и зема“, основен деловен принцип и метод. Што има да инвестираш, да вработуваш, да ги остручуваш луѓето, да мотивираш менаџмент, да совладуваш нови технологии? Попаметно е да добиеш „благослов“ од вемерето и тендерот да го ќариш со 400 до 1500% заработка, па да земеш поддоговарач, кој ќе сработи за помалку. Рестото в’џебче и во џебчето на Грујо. Ова не е карикирање, ова беше практика, која не промаши ниту еднаш. Така успешните фирми пропаѓаа или беа поддоговарачи, а вемереовските бизнисмени правеа растур. Така најефикасно се уништува државата. Попатно, вемереовските фирми не страдаа ниту од инспекции, ниту од цариници, ниту од синдикати, ниту за земјишта за изградба, ниту за ДУП – ови, ниту за нивни измени, а „маркиците“ се добиваа како во пошта.

Сета вемереовска камарила од институциите знаеше: „нашите градат – не гибај“. Ете тоа не им е јасно на вемеровчињата, кои глумеа економија, а сега се загрижиле дека Кочо грешел, ќе ги избркал странските инвестиции, оти „само тие ја раздвижиле нашата економија и ја намалиле невработеноста“. Суштински, нив им е гајле само за тоа дека и оваа вемереовска приказна за намалувањето на невработеноста заради странските инвестиции, ќе пукне како балон и ќе се види дека исселувањето, триковите со активните и пасивни баратели на работа, десетиците илјади „дисперзирани“ студенти и вработувањето на „државни јасли“ ја намалиле невработеноста.

Само.... „Фабриката“ ВМРО – ДПМНЕ пропаѓа и нема повеќе „згоени“ тендери за овие владини тендерџии. На отворен пазар не знаат да работат и ќе пропаднат, а оние, кои ги исмеваа дека градат здрави компании, наместо да се богатат од криминални дилови, ќе ги изедат за доручек.

Парите не значат ништо без знаење, идеи и посветеност. Вистинските бизнисмени, кои не се на владини стероиди, се „копилињата на демократијата“, кои еден ден ќе ја преземат и власта, за да можат да го контролираат пазарот за да остане отворен и фер. Како семки се: Им треба малку здрава почва и ќе раснат в’небо, а тие со „државни протези“ можат да ги трошат украдените пари на публика, која ќе ги слуша, какви фаци „еднаш“ биле, во тоа сељачките дружби, во некакви молови.

Слушам, не правите долго време преживарски сеанси на вемереовци и бизнисмени. Оти така нагло?

Коментари

Коментари

Реклама