Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
10° 18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Г-дине Груевски, иако она Г-дине ми пречиСакам како уличар да Ви се обратам.(да се разјасниме околу ова В и Г-дине).

Предизвикан од Вашиот патетичен говор или обраќање морам да Ви поставам неколку прашања. Се надевам дека нема да Ви пречи да му одговорите на еден уличар. Многу ми е жал дека заборавивте да ме наречете и хулиган бидејки во блиското минато и така не нарекувавте.

Отворено писмо до Никола Груевски од еден уличар  - Untitleaaaad 1 640x349

Г-дине Груевски нели Ви е срам така, флагрантно, да лажете дека Вие и блиската околина до Вас не сте ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ.

Г-дине Груевски, сите овие години (11) имавте време да ја поправите состојбата на државата на чие чело бевте. Сите овие години, со исклучок на првите две, вие (ми се смачи од големото В) ја испостувавте и некоординирано ја пљачкавте државата Македонија и ја претворивте во Недојдија

Сѐ сторивте да ги расипете односите со комшиите. За да ја *заштитите* Македонија од влез во ЕУ и НАТО почнавте со антиквизацијата бидејки бевте сигурни дека на тие ваши потези и гестови јужниот сосед ќе реагира жестоко.

Дали сте свесен дека со употребата на негрчките, ама и немакедонските имиња и симболи само гневот на Грците ќе го навлечете и дека тоа ќе предизвика ставање на вето за наш прием во тие асоцијации? Или можеби и тоа го посакувавте за да можете полесно да крадете и да ја доуништите Македонија.

Дали Г-дине Груевски сте главниот виновник за појавувањето на БЕЛАТА ЧУМА (иселувањето на младите) и вие го пуштивте овој вирус со вашите грешни, свесно грешни, политики во оваа напатена земја?

Дали сте свесни дека вие и вашата банда сте најголемите виновници за бедата и сиромаштијата која што ја снајде оваа Недојдија?

Велите дека сте делеле субвенции на земјоделците? Супер. НО, секоја субвенција претпосавува подобрување на земјоделието и сточарството! Како ќе го објасните, јас објаснување имам, се поголемиот увоз на земјоделски и сточарски производи?! Зарем не ви е срам кога одите да купите лук, наместо домашен, купувате кинески. Зарем не ви е срам да јадете српско свинско месо. Зарем не ви е срам да подома месите странско брашно? Зарем не ви е срам од сето ова оФчару еден.

Зарем не ви е срам да градите автопат на траса полна со артефакти? Не ви е промашена трасата туку вие свесно го уништувате културното и археолошкото богатство на Македонија.

Не ли ви е срам да го оставите Курбиново, лулката на Европската ренесанса, да пропаѓа. Не ли ви е срам кога група алтруисти побараа од вашата министерка за култура (НЕ) да биде дозволено да се реставрира малото црквиче со ренесансната птица, да ја одбиете и да дозволите само некои периферни конаци да се  реставрираат.

Имам многу , уште мнооогуууу работи да ве прашам. На пр. за партизираното Сваровски судство, за партизираната администрација која нема канцеларија туку по цел ден безделничат по кафеани но први се одчукуваат дека дошле на работа, а последни се одјавуваат одкако на државна сметка ќе се накркаат и напијат.

Дали не ви е срам дека цели 11 години владеевте и не тероризиравте со зборот од две букви ЌЕ и постојано продолжувате да не ЌЕосувате.

Е нема да може оФчару еден. Игравте на карта дека овој народ има кратко паметење, ама се навежбавме и како што гледате памтиме подолго.

Да не ви ја спомнувам 2008-ма, ветувањето дадено на Буш дека во Букурешт ќе биде затворена голготата наречена НАТО. Знаете вие многу добро што се слуши на 15 минути пред да почне Самитот.

Нема да ја заборавам вашата параполиција. Знаете зошто? Затоа што кркав пендреци од нив.

Вие ли ќе ми зборувате за демократија, вие создателите на 24.12.2012-та, на 27.04 оваа година. Вие ли бре оФчару кој со години не прислушкувавте и мастурбиравте на нашите разговори.

Гневен сум до немај каде и останатиот гнев ќе ви го доистурам вечерва или нокеска бидејки сега ме чека пат и треба да бидам спокоен и совесен возач.

Поздрав СТОКО БЕЛОСВЕТСКА од еден ХУЛИГАН и УЛИЧАР.

П.С. Ова последново сметајте го како да сум ви опсул мајка.

Коментари

Коментари

Реклама