Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

11°

Временска прогноза

11° 23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
18° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
18° 10°28.10 / Нед
17° 12°29.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Да драги граѓани. Досадата се враќа во нашите животи. Нема повеќе „ало началниче“, гаќи од 500 евра, дебилните изјави на Тодоров, правдањата на Грујо како дете што турнало саксија, мрсулавењето на нашето знаме од Вангели ...

Заев ќе не умре од досада - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Брзината на продукција на мајмунарии запре и си отиде во белата кичерајска зграда на вемерето, каде умира на очи на дро/гро гираниот Груевски. Општеството се разбудува и се прашува како можевме да дозволиме да ни се случи вемере? Дали тоа беше заради забава? Но, политиката во добрите држави е досадна.

Сите, освен телевизиите, кои се видно фрапирани како Заев за цели 20 дена не го реши проблемот со името, не ни даде по 500 евра плата, не ги затвори сите криминалци и не го прошири Суецкиот канал. Дека новата власт уште не знае ни каде дошле, ниту ја знаат фактичката ситуација со вработени, буџети, имот на министерствата – нема врска.

Ова не е вемерето, со своите „први“ 1000 дена за владата. На успорување на идиотарии треба да се навикнеш. Треба да ја сопреме инерцијата настаната со кризата, односно со дебилизмот на „фамилијата“ (освен тоа, немаше друга криза). Кутри ние, со надоаѓачкото време на досада. ТВ емисии има. Има, ама никој не ги гледа. Се потрошија како буџет. И на вемереовските „аналитичари“ вокабуларот им е сменет и почнуваат досадно да предат како мачиња. Можеби до локалните, до кога ќе ги лаже умот дека можат да добијат повеќе од сто илјади гласа, ај и некако, но ...

После тоа заборав и нов занает, а за нас обичните: Досада. Заборавете на утринска доза исмевање на изјавите на Амди и рамните на него од вемерето, на агресивните битанги, кои си подмавнуваа на Сашко Политико, на благотелешките мисли на Латас и неговите фантастични ментални гимнастики, на убавината на Васко Ефтов – во недостиг на докази, на анализите како од задникот вадени - на Мирка, и невини заклучоци на бурекџијата дека веројатно сите кои се против вемерето се ненормални. Нееема! За глупости треба глуперди, а тие се во барокната кич кочина, во опозиција и во даун. Каков удар за медиумите. Ќе имало дебата за концептот на даноците.

Ами што да има? Закон за персонален данок по итна постапка како кај вемереовските силеџии? Залуд дебатни емисии... гледаноста е ќофте. Залуд квазикомични емисии, кои емоции би ти предизвикале само ако си го потфатиш јајцето на столица? Да не се ретките дебилни изјави на Груевски и откривањето на криминалите и кичот од порано, нема ниту вести да има, а и тие никого не изненадуваат. Толку прецизно знаеме дека не постои криминал кој овие не го направиле, што вемерето веќе не е вест. Тоа е вест, колку што е вест дека после дожд ќе има кал.

Нормалноста се враќа, а таа е досадна. СДСМ – овците се досадни. Нема таква будала таму за да смисли панорамско тркало или галија во Вардар? Нормално е дека се потребни специјални судски одделенија, кога скопските судови се полни со „чмаровски судии“, а не со судии. Тоа е нормално и досадно.

Нормално е дека министерот за здравство ќе ги укине хокус – покус реформите воведени со „проекти“. Па лекар е човекот, а не кловн како Тодоров. Овие министри не прават забавни нешта. Ќе не умрат од досада. Што има интересно во тоа да го исчистиш судството од говедата што им го рушат кредибилитетот на колегите? Како да направиш мајтап од укинувањето на етничката сегрегација во средните училишта, која Сафет и неговите вемереовски газди ја воведоа? Што има интересно во тоа да ги избркаш од работа сите тие од просветниот инспекторат? Што да им правиш друго? Да ги ставиш на фотка заедно со директорите на средни училишта и професорите со беретки?

Затоа, ја молам строгата Катица, ја преколкувам личната Фетаи, пред остроумното Ленче коленичам, да ни обезбедат барем уште едно две – три години забава со тоа разговорите, со афери и аферчиња, некое апсење од потежок калибар и неколку „невини“ приведувања, барем десетина афери да објават, барем стотина вемереовчиња да притворат, минимум илјада да натераат да „пеат песнички“ и да ја веселат јавноста, па барем утринското кафе да го испиеме како македончиња.

Замислете министер од ДУИ да го повикаат на разговор во СЈО. Цел ден шпекулации и забава. Убавина... Затоа, ние за локалните ќе си гласаме за вемерето, кое спрема сет „дестилирани будали“ за градоначалници – есенција од најзабеганите умови, она што од талогот останало после просејувањето, за тие да не веселат со нови забегани проекти и смешни објаснувања – кога ќе ги фатат на крадење.

Веројатно прв проект ќе им биде: Заобиколен пат: Зграда на вемерето – Бардовци, преку Сетинци, Попадинци и Свирипичино.... Ако не – досада!

Коментари

Коментари

Реклама