Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Тантуровски го покажа оделото. Тоа изгледаше скапо, а тој евтин. Како ли го купил после донациите кон партијата, која го постави за тој да алармира на лоповлукот од партијата? 

Ние обичните граѓани не се збунуваме толку лесно на такви „појави“. Не сме ние од вчера. Нас обичните не може да не збуни ниту глупавиот наслов на „Државна комисијата за спречување корупција“. Ем „државна“, ем се бори против корупцијата на властите. Нас може да не збуни како тој и неговото скапо одело си поминаа толку лесно на дебатата?

kolumni na aleksandar cvetkoski

Тоа е „вториот трик“ на вемереовските ешалони, кои се спремаат за презимување. Трикот е инспириран и од демонстрациите на „патриотите – надничари“, за кои, доказ за нивната добронамерност е што не газеле цвеќиња. Сега, доказ дека се најчесни на светот „спрема законот“, е што не го газат законот. Не чесни, не совесни, не со интегритет, не партиски мифки на привремена работа во институциите, туку „невини спрема законот“.

Што би рекол народот, иако родила, жена може да биде невина, затоа што не е мажена. 

Видете со Тантуровски – жестокиот антикорупционер со скапо одело, невин до болка, кој ни ги разјасни сите недоумици и сомнежи. Одма стана јасно дека тој ништо не можел, оти „антикорупциска“ работи според доставени документи од институциите, а тие не ги доставувале до него. Дека нема иницијативи за казнено гонење против луѓе од власта, иако цела држава виде какви катастрофални криминали прават, тој објасни дека не добил никакво известување од институциите и нема основ за сомнеж дека корупција се случила. Одма сето тоа го илустрира со пример. Во 2013 година, одма пред избори, тој добил документ од „институција“ против Жерновски и итно реагирал, па дури и прес направил. Исто така, добил пријава за незаконско финансирање на СДСМ и одма реагирал. Да поднесела некоја институција пријава против некој министер или против Груевски, тој одма ќе реагирал. На пример, ВМРО - МВРО, кое не реагираше на обидите за убиство во Парламентот, да доставело пријава против Груевски дека крадел, тој ќе реагирал. Значи, спрема закон, вемереовците се чисти и невини, оти самите не се пријавувале кај него во антикорупциска. Амин, по втор пат.

Со законот нема играчка, тоа го знае секој вемереовец. Видете колку перфектно Тантуровски објасни заради што за ДКСК не е битно што Груевски заработил 116 илјади евра за една година (званично), без да се знае од каде. „Спрема закон“, тој е претседател само една година и нема врска со тоа што се случувало претходно, а и „случајниот избор“ на анкетни листови не го трефнал Груевски. Амин по трет пат! Законот е крив и другарчињата во „антикорупциска“ со години работеле на измена на законот, оти законот не бил добар, ама не се стасува од работа: Над пола милион евра да потрошиш, да ја намалиш работата за 400%, да не поднесеш ниту една пријава, освен против СДСМ, не е лесна работа. 

На крајот, со бравурозен завршеток, Тантуровски ги замоли идните сменети функционери, да ги достават навремено анкетните листови, за да имаат време во ДЗСК да ги загубат, оти и тоа е по закон, а законот е слеп, што и нам ни го посакува.
Се надеваме дека во планираните измени на законот за ДЗСК нема да најдеме „нова“ одредба, со која пријавите од државен орган нема да бидат основ за поведување постапка, ако обвинетиот функционер даде писмена изјава или настапи во дебатна емисија, во која ќе изјави дека работел по закон. Тоа би било како да се докажува невиност со тоа што некоја не е мажена, а тоа што родила не е доволен доказ „по закон“. Вемереовските донатори и антикорупционери можат да одат и понатаму и да докажат невиност на мајка, која е, или била мажена, која родила, но ниту едно од децата не може да посведочи – во својство на сведок, дека мама била со некого во моментот на негово зачнување.

Безгрешно зачнување или вемереовска перверзија, прашање е сега.

Коментари

Коментари

Реклама