Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Преку оваа кратка форма на јавна артикулација на моите ставови, заради потребата дел од јавноста да биде подетално запознаена со мотивите и причините за јавната промоција на иницијативата за демократски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, би бил среќен ако можам да се обратам не само до оние кои се симпатизери или членови на ВМРО- ДПМНЕ, туку би сакал, ставовите да бидат разгледани и од пошироката јавност, зашто внатре-партиските случувања во ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години (после 2009-та), имаа(т) широки и многу длабоки последици во општествениот живот во целата земја.

Реформи - колумна на Влатко Атанасоски - 0f07baf

Исто така сметам дека реформирањето на внатрепартиските политики е тема која треба да се отвори во сите политички партии во Македонија..

Иницијативата за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржувам од неколку причини:

Потребата од (по)широка внатре-партиска дебата и статутарни промени, низ која и преку кои ќе се утврдат правила и процедури за избор на кандидати што ќе бидат предлагани за извршување на државни функции (за кои е законски предвиден избор врз основа на политичката волја изразена на избори на локално и државно ниво или низ телата каде членовите се одбираат според партиска афилијација). Таа реформа треба да создаде и прецизно утврдени партиски процедури за демократски избор на партиски функционери во организациската структура на ВМРО-ДПМНЕ.

Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10-тина години, барем во однос на почитувањето на статутарните одредби беше најблаго речено сомнително. Прашањата кои се наметнаа, особено после 11-ти декември, кога ВМРО- ДПМНЕ освои најмногу пратеници на предвремените парламентарни избори, а сепак иако го доби мандатот, не успеа да формира Влада, имаат свој одговор длабоко под површината и на тие прашања треба да се даде одговор што поскоро. Тој одговор заради долгогодишното политичко владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија треба да биде чуен од целата јавност. Всушност, инсистирам на јавна дебата по прашањето на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што прашањата кои ќе се отворат, за жал се однесуваат на сите политчки партии и на целата држава и нејзиното уредување и поредок, а само мал дел од граѓаните имаат вистинска претстава што се одвива во партиските „одаи“ и што се стои зад некои политички (партиски) одлуки. Потребен е и јавен одговор зошто претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, без да објаснува многу во јавноста, а после непријатните настани во Собранието, се помири лично и не многу јасно да донесе одлука дека ВМРО-ДПМНЕ преминува во опозиција.

На првата срамна седница со која раководеше нелигитимно избраниот претседател на Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ седеше во опозиционерските пратенички групи и одржа засрамувачки говор во кој абдицираше, иако членовите на ВМРО-ДПМНЕ, извојуваа уште една победа во името на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е негова втора абдикација од власта и од изборната победа (остварена исклучиво од ангажманот и вербата на партиското членство во цела Македонија, а не заради авторитетот на раководството на партијата). Иако избран на избори и со целосно легитимен мандат за претседателство со Владата ,под притисок на меѓународната заедница, а заблуден од „блиските експерти“ за лесна изборна победа со 60-тинас пратеници, Груевски абдицираше за прв пат, потпишувајќи го срамниот Пржински договор.

Мене лично би ми било задоволство ако на вонреден Конгрес на партијата Груевски и „екипата“ околу него, кои имаа функции во последниот РИШ, да објаснат пред членството:

  1. На што се базирала пред-изборната и после- изборната стартегија за да биде донесена (ако воопшто е донесена) одлука за враќање на мандатот за формирање Влада после изборната победа во декември?
  2. Кои сеи причините и аргументите кои се имаа во предвид кога партиските органи ги донесоа манифестот со кој се инсистираше на прекин на преговорите со странските дипломати (наводно донесена од ИК на ВМРО-ДПМНЕ)?
  3. Како и од кого е донесена одлуката за кредитно задолжување на Партијата пред избори преку хипотекарен кредит кај Комерцијална Банка, во кој за обезбедување е впишан хипотекарен товар врз зградата на Седиштето на Партијата во Скопје (иако хипотекарно обезбедување можеле да бидат било кои други недвижни објекти во сопственост на партијата)?
  4. Како е избран и низ која партиска процедура г-нот Миле Јанакиески за претседател на некаква Кадровска Комисија која не е предвидена со Статутот ниту другите документи на ВМРО-ДПМНЕ и нека одговори официјално некое партиско тело или орган за што одлучува таа Комисија?
  5. Може ли партиската надзорна комисија за надзор врз финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ да го претстави деловникот за работа,за да можам внатре во партијата да поведам постапки за утврдување на партиска одговорност за злоупотреби на партиски позиции и примање на поткуп?

На вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, би биле отворени прашањата и процедурите за промена на актуелниот Статут на Партијата кој во моментов има толку недемократски карактер што станува реторичко прашањето дали е потребна негова промена. Ако веќе ВМРО има придавка која гласи: демократска партија за македонско национално единство, тогаш е потребен и соодветен статут на партијата во духот на тие вредности.

Прифаќањето да се седне во опозиционерските клупи во Парламентот, а да се дозволи Владата да биде формирана неуставно.

Во моментов Владата предводена од Зоран Заев е неуставна и чинот на доделување на мандатот на Зоран Заев за да формира Влада е исто така неуставен чин. Иницијативата за реформи бара одговор на прашањето: Зошто ВМРО- ДПМНЕ, после толку бурно изразен народен револт, кој за малку ќе завршеше со егзекуција на Заев (доколку нели напаѓачите сакаа негово убиство) , едноставно, мирно и без збор ја предаде власта иако имаше и сеуште има, најмногу пратеници во парламентот? Ако била таква стартегијата за политичко дејствување, зошто ВМРО-ДПМНЕ не излезе со повик да ги смири граѓаните и членовите на здруженијата и да им каже дека има план за доброто на државата, и дека планира тивко и без рекација да го проследи неуставниот чин на доделување на мандатот за формирање влада на СДСМ како гест на т.н. мирен трансфер на власта? Зошто раководството на ВМРО-ДПМНЕ не го запозна членството со планот дека за сопствената лична слобода дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше се согласило, само по неколку дена по настаните во Парламентот, мирно да се повлече во опозиција? Зошто никој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ не извести навреме дека е донесена одлука да честитаме и да бидеме конструктивна опозиција со што ќе го намалеше шокот кој го доживеавме во мигот кога Груевски држеше говор пред Собрание во кое право да зборува му даде Талат Џафери? Во најмала рака ќе беа поштедени од злоупотреба многу чесни патриоти, а и физичката болка на Заев, Села и останатите ќе беше одбегната. Исто така првенците од здруженијата не ќе мораше да признаваат пред суд дека се учесници во толпа.

  • Обидот на „мала врата“ зад наводни освежувања, првите виновници од раководството да бидат извинети од одговорноста за работењето на државните функции на кои беа поставени како партиски кандидати во согласност со политичката волја изразена на избори и за нивните грешки да бидат прогласени за предвници, оние што се осмелија да дигнат глас и да побараат промени и реформи во партијата.

Имено, многу бргу по „мирниот трансфер“ на власта и положувањето на „оружјето“ , во ВМРО-ДПМНЕ, малку во тајност и конспиративно, започнаа обидите на актуелното раководство за наводни промени во однос на кадровската политика и уште еднаш, внатре во ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да создадат атмосфера во која истите луѓе кои десетина години направија кардинални грешки во однос на селекцијата на луѓе за претставнички (политички) функции и донесоа безбројни погрешни одлуки, ќе се стават повторно во улогата на водачи на партијата, без да помислат дека прво треба да дадат отчет и да одговорат на прашањата кои ги поставуваме и тоа преку внатрепартиска постапка и во согласност со Статут-от на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Потребата од драстична промена на јавниот дискурс насекаде кога се во прашање различните мислења и ставови и севкупната демократска свест во општеството како основа за организација на систем кој сакаме да биде парламентарна демократија (за кој имаме и општествен договор, а не само желба). Оваа промена треба да почне во ВМРО-ДПМНЕ зашто партијата стана релевантен пример за злоупотреба на легитимитетот стекнат на парламентарни избори (иако и тој е доведен во прашање откако слушнавме дека изборните победи не биле многу чисти)

  •  Навремена дистинкција и јавна дистинкција од опасниот став дека секој што е член на ВМРО-ДПМНЕ кој бил или не бил на функција во изминатиот период, е подеднакво виновен, само заради својата политичка афилијација. Тука не кријам воопшто дека лично се дистанцирам од многу одлуки и мислења како и активности поттикнати од таа злоупотреба (која поединци на раководни позиции во партијата ја доживуваа како дозвола за убивање безмалку буквално и таквиот свој став секогаш, а не само сега јавно, сум го кажувал и на дебатите кога бев член на ЦК-тет и на Конгресите на ВМРО-ДПМНЕ и тие се забележани во документацијата на Партијата). Злупотребата на партиските функции и неверојатната акумулација на моќ кај некои поединци (кои истовремено беа и министри ичленови на одбори и партиски секретари и локални партиски претседатели и членови на државни комисии во исто време) несвесно се прелеваше низ сите инстанци и столбови на власта, како што ВМРО-ДПМНЕ освојуваше дел по дел од законодавната, судската и извршната власт. Таа необјаснива понизност кон партиските декрети и слепо извршување се пренесе и во стопанскиот сектор каде под партиски влијанија и сугестии беа направени илјадници сомнителни трансакции со кои се финансираа кампањи се донираа пари и други ствари кои се сомневам дека завршуваа за партиски потреби што е вториот дел од прашањата за злоупотреби.

Иако ова кратка форма не допира ниту малку под површината на проблемите, редно е на крајот да напишам ред, два и за очекувањата од иницијативата. Имено вистина е дека иницијативата е можеби првиот формализиран обид да се каже јавно за проблемите за чие решение многумина се со заеднички став (реформи кон демократизација). Првичниот реакционерен обид од старна на ВМРО-ДПМНЕ да се игра на картата на лична дискредитација на иницијаторите за реформи е токму резултат на досегашното наметнување на ставови и немање на капацитет на критиките да не се гледа како на ривалитет. За да биде успешна оваа иницијатива очекувам широка дебата и суштинска поддршка на реформите која ќе заврши со Вонреден Конгрес, нов статут и кандидатски листи за советници во Општините и кандидати за градоначалници во општините предложени од ВМРО-ДПМНЕ, избрани во ВМРО-ДПМНЕ низ транспарентна, демократска процедура која на потенцијалните кандидати ќе им овозможи еднаквост при пристапот за образложение на ставовите и програмите, а на членството ќе овозможи слободно изразување на волјата, без страв од идни реперкусии кои досега често навлегуваа и во личното секојдневие на поединци со различно мислење од она на „шефовите од повисоко“.

За жал за многумина од членовите што молчат јасно ми е дека не можат и јавно да ја поддржат иницијативата. За помалку од нив ми е уште повеќе жал (а сепак имам разбирање), зашто се присилени и покрај согласувањето со мене, и покрај нивното долгогодишно пријателство и почит со кон мене, да мора да плукнат по нашето пријателство и верба и тоа јавно. За во лице да кажат тоа што плукаат на социјалните мрежи, барем пред мене тие немаат образ, оти ја знаат вистината која е секогаш само една, ни моја ни нивна. Преку разорниот ефект на таквото „политичко малтретирање“ со години наназад несвесно и од незнаење континуирано се уништува сврзното ткиво на македонското општество. Јас поддржувам ПРОМЕНИ, а не само ПОБЕДИ!

Промените во ВМРО-ДПМНЕ се неминовни промени во насока на демократизација и враќање на ВМРО- ДПМНЕ од рацете на ЕЛИТИТЕ во рацете на ЧЛЕНОВИТЕ.

Патот до тие промени го водиме мирно низ партијата. Јавно се обраќаме зашто во ВМРО-ДПМНЕ има сериозен внатре-партиски организациски и структурен проблем со протокот на информации и партиското функционирање и делување во целост, а не као обид за себе-промоција или задржување на наводни придобивки. Најпосле, смешно е да дебатирам за злоупотреба на функции и лукративни мотиви со Миле Јанакиески.

Јас лично би бил задоволен со одржување на вонреден Конгрес пред локалните избори на кои ќе започнат постапките за промена на Статутот и постапките за утврдување на внатре партиска одговорност за резултатите и состојбите на партијата и во партијата.

Влатко Атанасоски Член на Републичкиот Штаб за реформи и демократизација во ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Коментари

Реклама