Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
10° 18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Бев дете, мало дете кога почнав да излегувам во маало. А во нашето маало, Чавкаровци во Прилеп, многу блиску до самиот пазар и центарот, џган деца игри слобода, и каде нормално кај бараките.

Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија) - dimitar joveski kolumna

Поздравот беше, излегувам кај бараките.

Тука игравме план, фудбалче, тенис со голема топка, правевме коледе, седенки, па дури и првите љубови и сѐ што е убаво на овој свет.

Повозрасните секогаш ни раскажуваа, дека тоа место е како предодредено за убави нешта. На времето кога државата решила тука да смести бараки за судија за прекршоци и инспекторат за образование, толку се лутеле што со недели им ги кршеле прозорите, но сепак бараки со висина од неполни 3 метри мала површина и ВРЕМЕНИ никнаа со надеж дека ќе ги снема. Е тоа времени траеше до пред два три месеци.

Ние во маалото се зголемувавме по бројност. Времињата бурни модерно сите набавивме автомобили и маалото ни стана тесно мало, улицата на која порано имаше место и за рамките со тутун и за понекој автомобил стана претесна. Преку река хаос, се се затвори со згради, почнавме да се гушиме. 

И наместо издишка ни дојде на глава ЗГРАДА.

Некој кажа, комшии овде ќе никне зграда, на јавен простор кој одсекогаш беше паркче со дрвjа, убави големи дрвја и трева.

Нема место, едноставно тука нема простор, нема место, нема ама баш никакви услови за зграда. Но кој нас нѐ прашува дали има или не, во трката ЗА ПАРИ, не е тоа профот туку за ВАЛКАНИ ПАРИ, некој едноставно без никого да праша, без никој да знае, без никакви услови, НАВОДНО МЕСТОТО ГО КУПИЛ, НАВОДНО се изменил ДУПот, НАВОДНО се издале сите услови за градба по најстрогите „законски прописи“, а без никој од нас да разбере, иако тука баш тука имаме и медиум имаме и проектанти, имаме и инженери, и правници адвокати , никој ништо не разбрал но се "ПО ЗАКОН".

Срамота брука резил невиден, нечовечност и уште што да се каже. Направивме сѐ како сложни маалци, и засега ништо, работите сега по промената на власта се толку интензивни што да се чуди човек, небаре тука ќе доаѓа да игра Реал со Манчестер. И се фушерија, попари - окуби. Нема табла за градба, ние не гледаме надзор, едноставно обични калџии и работници кои некој ги тера да брзаат.

Зошто е брзањето се прашуваме сите маалци.

И дознаваме дека зградата треба да биде на цели 7ката, барем така слушаме. 7 ката, еј на овој простор. Да се смее човек или да плаче. 

Ние како сложни комшии поднесовме писмени претставки до сите релевантни структури, но кој ти знаел, во Прилеп немало градежен инспектор? Едноставно немало кој да постапи, останатите државни институции како државниот градежен инспекторат, ни врати одговор, пред да ни стигне повратницата од нашиот допис дека не е надлежен.

Сите глуви ненадлежни, единствено зградата напредува. 

Во меѓувреме, уништена канализација на целото маало, и страв од секој дожд дека ќе бидеме поплавени, уништена пристапна улица до нашите куќи, и закрпена без ништо, со страв дека на првата кола или КАМИОН ќе му се случи истото што му се случи  ФАПот на Плоштадот во Скопје. И уште многу зулуми на наша глава.

На крајот прашање е што понатаму.

Овде зграда НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА ИМА. Ќе се бориме до крај, кој ќе биде посилен ќе покаже крајот. Или ЗАКОНОТ, по кој не смее да има зграда и тука мора да биде парк, или НЕПРАВДАТА и тука ќе имаме сите трајни проблеми.

Битката продолжува.

Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)Колумна на Димитар Јовески: Зграда! (Галерија)

Коментари

Коментари

Реклама