Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Мафијата настанала во единаесетти век. Тоа го проучувам. Затоа, ова е совет до оние, кои нашата трагедија ја разбираат како меѓупартиска борба. Кој ја нема мувата на капата – нека не чита, кој ја има, а има и памет - нека помисли, кој што нема избор, нека прави што мора. 

Колумна на Александар Цветкоски: Без сведоци - kolumni na aleksandar cvetkoski

Да немате илузии. Меѓупартиска борба нема!!! Слабата СДСМ е партија, а ВМРО-ДПМНЕ не е партија и тоа одамна. „Партијата“ позната како ВМРО-ДПМНЕ, чие име е смешно да се користи без наводници, е испостава на „фамилијата“. Поради тоа и не може да има меѓупартиска борба. 

Борба на мафија и партија? Пак неточно. Имаме борба на целото општество со мафијата. Сите тоа го знаеме. Одвратното, лажливо и перфидно лице на мафијата е насекаде. Извршителите веќе и не се важни засега, но можат да станат понатаму, во судските процеси, се разбира, ако опстоиме, што „фамилијата“ не го сака. 

Видовме едно од лицата на мафијата во „парламентот“. Заврши и таа бајка на „фамилијата“, заедно со приказната за „мирните демонстранти што не газеле цвеќиња“ загрижени за Македонија. Тоа, не само што помина, туку продолжувањето е како шминкање труп. 

Тоа и не е толку важно, зашто на сила влегуваат тешките играчи, а што со нив заедно доаѓа, страв ми е да помислам. Големите не се големи залудно, не? 

Најважно за тие со мувата на капата (или фантомката) е што бргу ќе започне „контролата на штета“. Неа нема да ја води ниту Талат, ниту Заев. Попросто, од „фамилијата“ ќе се спремаат за суд, а тоа значи дека ќе ги ништат сведоците. Така направила секоја респектибилна мафија во светот. Тоа ќе го направи и оваа. Зарем некој мисли дека „фамилијата“ ќе остави сведоци? Смешна надеж: Изгубете ја. 

Најпрво следи „процесот на губење на занесот“ на вемерето, кое е последното лице на злото на фамилијата. Да не се лажете: ВМРО не постои, тоа е уништено уште пред години. Во оваа „постава“ има само неколку идеалисти. Ова веќе започна. Разни „сители“, „канали“, нови и полунови, „курири“ и аналитичари ќе талаликаат уште малку, за да си ја заслужат платата. Но, кула од песок не се брани: Работата е пролупана машала и „поправка“ с’кн.

Потоа ќе следи „правна битка“ во Парламентот да не се предава власта, за која „фамилијата“ мисли дека може да ја развлекува со години. Се лажат. Однапред е загубена битката. Сите ќе бидат изненадени од брзината на распадот на хунтата на фамилијата. Ќе има и многу други трагични и смешни обиди, па дали Хорхе ќе пробува државен удар со војската, дали ќе има атентати, дали „усрамен суд“ ќе изведува бесни финти, не е важно. Војната им е изгубена.

И најважното за овие од „платената виша постава“, кои се сликаа насред „собрание“: кога „шефот“ ќе увиди дека колку и да добива „битки“, ја губи војната (што е евидентно), ќе започне контролата на штета. Секој, кој директно добил наредба од „големците“ од „фамилијата“ е мета. Секој, кој може да го доведе СЈО (читај Јавната обвинителка Катица Јанева) поблиску до „шефот“, секој, во кој „шефот“ се сомнева, а човек со параноја мора да се сомнева, секој кој прислушувал, тепал, перел париња, штимал тендери.... е мета. 

Типчињата од „нижата постава“, тепачи, несовесни и продадени полицајци, инспектори, судии (овие кутриве мислат дека се „виша постава“), перачи... најжестоко ќе настрадаат. Тие се ем потенцијални сведоци, ем направиле зулуми и загрозиле судбини. Страшна работа. 

Вистина е. Дури и да е Села сиот направен од добрина, во што јас не верувам, истовремено посакувајќи му брзо оздравување (барем на телото), не мислам дека ќе ви прости. Молете се да му заздрави и душата и нему и на сите оние на кои 11 години го „убивате Господ во нив“. 

Сепак, најмногу плашете се од „фамилијата“, која (засега) ја нарекувате „своја“. 

Коментари

Коментари

Реклама