Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Бело Порше, со вратоломна брзина вози низ Белград во ноќните часови, пркосејќи и на полицијата. Секоја ноќ прво сообраќањата, а потоа цела полиција сака да го уапси, прави блокади, потери, истрага, но без успех.

Колумна на Александар Цветкоски: Фантомот во бело порше - kolumni na aleksandar cvetkoski
Александар Цветкоски

И во „уплашените години“ на социјализмот имеме јасен пример на јавно антиинституционално постапувае на граѓаните: Белград 1982 година

Бело Порше, со вратоломна брзина вози низ Белград во ноќните часови, пркосејќи и на полицијата. Секоја ноќ прво сообраќањата, а потоа цела полиција сака да го уапси, прави блокади, потери, истрага, но без успех. Поршето се извлекува од замките, кои ги прави полицијата, заедно со институциите (Градско сообраќајно претпријатие, кое со автобуси ги блокира улиците и плоштадите, Комуналното претпријатие, кое става препреки, буриња со вода, рампи, Паркови и зеленило на Белград, кое блокира со „вонредни“ жардињери...) и уште повеќе ги нервира властите.  Соработка од граѓаните нема никаква, никој не пријавува, никој не им се „додворува“ преку кодошење... Молк. Каде се тие „чесни“ кодоши?

Полицијата, а веројатно и политичарите, бргу сфатиле дека ова не е само забава на дечкото со Порше, туку двонеделен отворен пркос кон институциите, редот, поредокот, но и против скаменетото мислење дека се институциите како камен и семоќни. Тоа непријатно чувство на (тогаш) семоќната власт било зајакнато и со факти од теренот дека граѓаните секоја вечер седат на балконите, понекогаш со термоси со кафе и чекаат да помине „нивниот херој“. 

граѓаните  на Белград, секоја вечер седат на балконите, понекогаш со термоси со кафе и чекаат да помине „нивниот херој“

Кога накрај им успева на сите институции да направат замка, во која поршето се удира во автобус на ГСП, граѓаните поитуваат кон поршето, прават метеж и го извлекуваат од колата возачот, кој успева да им избега на полицијата и другите прогонители. Граѓаните дури и земаат делови од искршеното Порше и ги чуваат како сувенири... ги разменуваат...

Телевизии, весници, загрижени социолози, политичари, „младоста на Југославија“, односно младите трабанти на СКЈ... сите заедно и секој посебно се залагаа да го објаснат овој индивидуалистички, ретрограден, капиталистичко – себичен, асоцијален, социопатолошки чин. Се разбира, реакцијата на граѓаните ретко кој ја спомна, затоа што не можеше (или не сакаа) да се објасни. Зар истите вредни градители на социјализмот да поддржат бунтовник, кој ги исмева институциите?

После овој прв бран на „дежурни новинарски голопртки“ дојдоа вистинските социолози, кои без никаков пардон за тоа време на едноумие и монизам, дадоа вистински анализи за сите овие постапки како „Антиинституционални симболички дејствија“, кои беа сигнали до јавноста и предизвик за недопирливите институции, кои се елитизираа, кретенизираа и престанаа да бидат сервис на граѓаните.

Тоа доведе и до одредени реформи во самите институции, кои барем малку ги приближи до граѓаните, што во тогашно време на монизам и партиска диктатура беше во доменот на неверојатното.

Денес белото Порше ниту во Белград, ниту во Македонија не би имало смисол.... Постојат голем број бели и црни џипови, мерцедеси, Ауди и Поршиња ... Денес тоа значи нешто друго. Тие не пркосат, туку се во мисија на самославење (да не го земаме чичко Фројд сега, во оваа прилика, за некои толкувања). 

Денес немаме потреба од софистицирана симболика за да покажеме нешто, да изразиме незадоволство, да пробаме да отераме некого во од мајкаму.... Денес имаме дидактичка симболика „на прва топка“ или симболика за припрости.

Денес имаме голем број симболички покази на револт (на пример, со поршето некој на црвено да помине со 100 км на час), па до наплив на „случување народ“ и обиди да се каже: „Смачено ми е… Добро кажав шефе„? Денес немаме потреба од софистицирана симболика за да покажеме нешто, да изразиме незадоволство, да пробаме да отераме некого во од мајкаму.... Денес имаме дидактичка симболика „на прва топка“ или симболика за припрости.

Времињата и луѓето се сменети, но властодршците не се. Истите се тие, потполно, оти тоа е духот и не е сменет ни за трошка. Тогаш беа кодоши, кои праќаа на Голи Оток, сега се нивни наследници, нивни деца, нивни внуци и повторно кодошат, напикани се во партии, нормално - ако се владеачки. Генот на рашомонијадата е доминантен, а сенсот рецесивен.

Разликата е во терминологијата. Тогаш возачот на поршето беша „рушител на социјалистичкиот идиом“, а денес на сувереноста и унитарниот карактер на Македонија. Замислете: тие „заостанати комуњари“ имаа толку такт да не помешаат симболички чин со држава, уредување, унитарност. Ако не друго, тие имаа чувство дека Југославија е барем толку стамена и стабилна да не може да ја сруши еден симболички чин, кој сепак беше многу посилен од целокупната странска пропаганда против Југославија, против која работеа институции (каде може странска пропаганда со домашни служби – на наш терен, ако службите постојат и не се амо фасада)?   

Или... Мислите дека толку ги болеше за Југославија, а не за нивните фотељи? Исто е. Југославија ним им служеше како арена за богатење („црвена буржуазија“), но беа многу почувствителни на јавна критика, заради тоа што тогаш фотељите се губеа и за шум, а не како сега за бомба („бомби“). Но, рекле дека социјализмот има тврдо срце, а демократијата тврд слух и дека ние сме Македонци, па ако треба нека бидеме и лепени и монтирани, а некои и сечени.

Мислите дека Југословените не ја сакаа Југославија. Тие, кои не беа на власт - тие ја сакаа, а сепак ја поддржаа јавната критика, која возачот на белото Порше им ја испорача: софистицирано, симболички, но и силно и директно. 

Но и тоа не е проблем. Проблемот е во пораките и во нивната естетика, етичност, барем рамковна вистинитост и во дискурсот. Тогаш граѓаните го чекаа вратоломниот возач, кој им се спротивставил на институциите, го спасиа и зедоа дел од колата како симбол. Мислите дека Југословените не ја сакаа Југославија. Тие, кои не беа на власт - тие ја сакаа, а сепак ја поддржаа јавната критика, која возачот на белото Порше им ја испорача: софистицирано, симболички, но и силно и директно.

Барем естетски, етички и симболички има дозирана сличност на тој чин со шарањето на институциите со боја, настрана реакциите на „загрижените граѓани“, на кои не им сметаа запустените човечки  судбини, монтирани судски процеси, грабежот на државата, епското посељачување на нашиот главен град, стопроцентното убиство на институциите со партизација, профанизација и дебилизација, тривијалните нешта како сечата на зеленилото низ Скопје и барем уште илјадниците мајмунарии и свињарии на властите, но беа загрижени дека некој морало да ги чисти зградите и дека тоа чинело пари, дека тоа било вандализам и други блујаници, кои нормален човек би ги сфатил само со цела доза хероин инјектиран директно во мозокот, ако е партиец или партиски послушник (што кај нас се синоними), ако е тотален сељак или најлошата варијанта: ако е поѓомити уплашен калкулант – најраширената болест во Македонија, од која е можно и државичката да ни умре и тоа во тешки болки. 

Спрема нив, ние денес сме варвари во јавниот збор, естетското чувство, етиката и моралот, но најмногу во причинско последичните врски: го краделе буџетот, затворале и малверзирале, но тоа не се гледало, а овие бојат – па се гледа. Па бојат за да се гледа и што тука не е јасно? Мислам... освен 3 – те пратеници, кои сега ќе бидат власт.

Споредете ја реакцијата на граѓаните во 1982 година и лани. Споредете ја реакцијата на властите, социолозите, комуниколозите, новинарите и употребениот такт во самите реакции. Спрема нив, ние денес сме варвари во јавниот збор, естетското чувство, етиката и моралот, но најмногу во причинско последичните врски: го краделе буџетот, затворале и малверзирале, но тоа не се гледало, а овие бојат – па се гледа. Па бојат за да се гледа и што тука не е јасно? Мислам... освен 3 – те пратеници, кои сега ќе бидат власт. Ниту на „шарените“ не им сметаше да станат пратеници, под изговор дека така „најмногу ќе влијаеле на власта“. Аман бре „дечиња“. Па вие ќе бидете власт. Како од таа ваша грижа за невладиниот живот тој ќе преживее? Како ќе им објаснат невладините на граѓаните дека тоа и тоа го работат од грижа, љубов кон ова и кон она, од милосрдие или барем заради проектите, кои сами сме ги напишале, поднеле и добиле (за благородни идеи говориме, но и за пари  – ако некому не му е јасно) и „странскиот елемент“ нема никаков кабает за тоа, освен што извршил избор од поднесените проекти? Што ќе речат овие организации, кога ќе ги прашаат: Што ќе бидеш ти кога ВАШИТЕ ќе дојдат на власт?

Сега, кај последната држава, која во своето име го содржи она „Југословенска“, пораките се толку ефтини, вистинити како солза од курва, логични како риба со мотикултиватор, јасни како ножот на Ќосето во грбот на несреќник и без никаков сенс: простачки до бесвест, манипулативно блуткави, наменски до болка, вкусни како да цицаш р’ѓосана шајка, но пред се ефтини и дволични.

Ако сака НЕКОЈ и не двајца или тројца, туку само НЕКОЈ, фотељите ќе станат унитарност, криминалот – целовитост, апашот што руши устав – херој, вемерето – граѓанско движење, платениците – ГДОМ, тепачите – домољуби, глумците – хушкачи, СЈО – соросоидни заевисти, парламентарното мнозинство – завера за убиство на Македонија: Духот на удбашите е сеуште жив.

Дали и Ју удбашите пласираа приказна дека: се она што е против фотељите е против Југославија, и дека (сигурно) чичко сорос стои зад нив со своето Бело Порше?

Коментари

Коментари

Реклама