Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Мицковски „го зачлени“ сегашниот јавен обвинител во СДСМ, па бара нов по-вемереовски. Дека овој беше заменик шериф во време на вемерето – заборави. Сета среќа не побара и Катица Јанева да ја сменат и да го стават Михајло Маневски како шеф на СЈО.

Има ли СДСМ, заедно со обвинителствата, 2/3 мнозинство? - колумна на Александар Цветкоски - kolumni na aleksandar cvetkoski

Теориски ова не е можно, но во Македонија сѐ е можно, освен Рангелова да гласала за уставни измени, а и (веројатно) Фатиме да му вари кафе на Михајло. Ова стварно би било гол „со пета“.

 

Мицковски заборави и тоа дека шеф на ДИК е признат вемереовски кадар, па бара анкетна комисија за референдумот. Што уште ќе бара не знаеме, освен амнестија за Груевски (само тоа прецизно го знаеме за Мицковски). Но, не е прашањето што уште ќе бара Мицковски, туку што имаат обвинителствата во торбата за многуте вемереовски пратеници, колку да има 2/3 поддршка во парламентот?

 

Мицковски многу да бара не може, оти нема стојалиште. Тој е како кинеска еквилибристка: Со едната нога е во воздух и врти тањир од фалсификат скапоцен кинески порцелан (немањето став за референдумот), со другата стои на тапанот од „бојкотирам“ (нели, го фатија кај што го блокира референдумот), со едната рака го држи факелот на слободата (бил за НАТО, вели) и тестаментот од Александар Македонски, во кој пишува дека Европа води потекло од нас (тоа му е доказ дека сме за ЕУ); а со преостанатата една рака в’ти телефони од сопартијците и ги уценува со поранешните криминали и дека некој јавен обвинител може да добие фајл во ЈПГ, со заебани информации, кој ненадејно може да дојде и од исток и од запад и од центар (на Скопје).

 

Не дишете! Мицковски може да падне…. и од под сукњата да му блесне српот и чеканот и некоја сметка – од помалите, на Груевски, од некој рајски остров.

 

Да бидеме искрени, финансирањето на кампањата за референдумот беше смешно наивно и тука Мицковски е во право, колку што може да биде во право поддржувач на масивни изборни нерегуларности од 2009 до 2014 – та. Сега боли, нели?

 

Наивна беше и кампањата од тоа белосветската рекламна фирма, која го згреши континентот (направи кампања за Англосаксонски менталитет, без било какво локално таргетирање, која би била застарена и за Еритреја), но најнаивно беше што партијците беа пуштени на терен, како пашитни говеда, без никаква инструктажа, да лупаат глупости во слободни стрелци и да делат од тоа смешните „за“ лифлети. Така и Парламентот и Владата и Претседателот и странските посетители и партијците и Бачевци и Мицковци… сите беа против референдумот. Но, што знаат деца што е тоа „презаситување“, нешто од што на сите серизони рекламни куќи им се дига косата на главата. Не оти парињата не се слатки, туку дека ефектот на заситување води до огромна апстиненција на гласачите и до контраефекти.

 

Се разбира, работата е утната многу одамна и тоа во темпо на танцот „3 – 6 – 9“ и козметиката на правдањето на постигнувањата. Но, кој им е виновен, кога најпрво, не ги реформираа тајните служби, па ако требаше и на тајна седница, потоа не спроведоа референдум, па, да пристапат кон сѐ останато.

 

Такво самоначукување ретко се гледа, но барем Заев може да го плаши Мицковски со предвремени избори, оти и сите „за“ референдумци, овој ги „зачлени“ во есдеес, како што сите останати 1,2 милиони гласачи (толку биле на нонпејпр избирачкиот список), кои не излегоа да гласаат, Мицковски и Иванов ги нарекоа свои членови и симпатизери.

 

Така, сега, откако сите ние потврдивме дека ништо не потврдивме, оти не знаеме колку сме и колку е тоа 36,9 % од гласачкото тело, останува да го молиме Мицковски и да ги слушаме ликувањата од тоа кутриот закривен простор, кој се нарекува претседател. Само тоа…. плус едно: Колку и какви докази и спремни кривични пријави против пратениците поседува ЈО, СЈО и браќата од исток, запад, север и југ.

 

За тоа референдум не нѝ требаше.

 

Така е Македонче: копај, паси трева, а на крајот и ќе платиш.

Коментари

Коментари

Реклама