Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

13°

Временска прогноза

13° 12°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
20° 13°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Премиерот, Зоран Заев, го осуди вчерашниот инцидент на Водно кога градежни работници им се заканиле на активистите дека ќе бидат прегазени додека протестираа формрајќи жив ѕид во заштита на парк шумата.

Заев го осуди инцидентот на Водно и додаде: Секоја цевка заштедува илјадници дрвја - zaev

Сакам да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите, на претставници на изведувачите. Апсолутно ваков настан е за осуда, преку закани дека некој ќе нападне човечки живот. Ветивме дијалог за ова, се одржаа десетици состаноци, се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено за проект од ограмна еколошка и економска вредност. Секоја цевка заштедува илјадници дрва. Се надевам сите заедно будно ќе продолжиме да го следиме проектот гасификација, затоа што било која друга алтернатива може да направи поголеми штети. Доколку гасоводот поминува реку Скопска Црна Гора,  проектот ќе направи дупло поголема штета во исечените дрвја – рече Заев.

 

Тој додаде дека проектот ќе продолжи но во комуникација и консултација со невладиниот сектор.

-Немаме намера ништо да исназилиме. Изградбата ќе застане таму каде што имаат замерка, таму каде што нема ќе продолжи. Не случајно граѓаните реагираат, има причина за тоа, а институциите се должни да слушаат внимателно и да изнајдат решение – додаде тој.

Коментари

Коментари

Реклама